Фото: Илустрација

Одлуката на официјален Вашингтон да ја исфрли Турција од програмата на авионите „Ф-35“ е против духот на НАТО, оцени денеска турското министерство за надворешни работи, повикувајќи ја Алијансата да ја поништи својата одлука.

Овој едностран чекор се коси со духот на Алијансата и не се темели на никакво легитимно оправдување. Не само што не е фер Турција да биде исфрлена од програмата во којашто е партнер, туку и тврдењето дека ‘С-400’ ќе го ослабне ‘Ф-35’ е неточно се наведува во соопштението на министерството, а пренесе „АП“.

Турција минатата недела почна да добива делови од рускиот ракетен систем за одбрана „С-400“, што доведе до одлуката на официјален Вашингтон, Турција да биде суспендирана од програмата на ловечките авиони „Ф-35“.

Турција не се откажа од „С-400“, а турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека системот ќе биде целосно воведен во април следната година.