Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека поради планирани технички зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа во град Скопје, без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 8.30 до 14.30 часот корисниците од селата: Раовиќ, Паничари, Семениште, Арнакија, Буковиќ, Ласкарци, Чајлане, како и објектите „Млин Самас“, „Ас оил“, објектите на езерото Треска, наплатната рампа „Арнакија“, „Виа комерц“, „Мобимак Раовиќ“ (општина Сарај);

– во периодот од 11.30 до 14.30 часот корисниците од улиците: 24, 29, 31, 33 и 35 (општина Сопиште);

– во периодот од 9 до 15 часот корисниците на дел од улиците Будимпештанска, Урош Џудовиќ, Хелсинки, дел од улицата Бањалучка, улицата Љубица Георгиева, улицата Московска, дел од улицата Хашка, улицата Јоаким Осоговски, улицата Осло, улицата Женевска (општина Карпош);

– во периодот од 9 до 12 часот корисниците од булеварот 3. Македонска бригада, подулица бр. 1 (општина Аеродром);

– во периодот од 12 до 14.30 часот корисниците од улицата Питу Гули бр. 36, 38, 40 и 42 (општина Центар);

– во периодот од 12 до 15 часот корисниците на дел од улицата 3 во с. Визбегово (општина Бутел);

– во периодот од 9 до 11.30 часот корисниците на дел од улицата Христо Татарчев бр. 5, 91б, 99 и 101 (општина Кисела Вода).