Велика Британија, поради тензиите со Иран, до крајот на годинава ќе испрати брод на Кралската морнарица ХМС Кент во Персискиот Залив за да ги заштити своите интереси и да обезбеди слободна пловидба, соопшти денеска Министерството за одбрана.

Министерството претходно наведе дека мисијата е рутинска, и распоредувањето на фрегатата било планирано одамна, но денеска објасни дека податоците биле помешани со оние кои се однесуваат на бродот за поддршка Вејв најт.

-Жал ни е што информацијата во врска со одамна планираното распоредување на бродот Вејв најт е помешана со испраќањето на бродот ХМС Кент во Персискиот Залив. Остануваме фокусирани на намалување на тензиите во регионот и ќе реагираме соодветно за да ги зачуваме британските интереси и да обезбедиме слободна пловидба- се наведува во соопштението и се истакнува дека тоа го потврдува и испраќањето на ХМС Кент во заливот.

Техеран претходно најави дека ќе одговори на чекорот на Британија, која заплени ирански танкер во Гибралтар.