Кон крајот на август, за време на овогодинешниот министерски состанок (Гимних) во Финска, Македонија и Кипар ќе воспостават дипломатски односи, информираат од министерството за надворешни работи.

Ова во Атина, на маргините на конференцијата на „Економист“, го договориле министерот Никола Димитров и неговиот кипарски колега Никос Христодулидис.