Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала вечерва во 21.17 часот бил почувствуван во Струмица, Валандово и околината, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица.