Грција ќе го следи примерот на Европската унија и ќе го признае лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гваидо, објави денеска грчкото Министерство за надворешни работи, откако новата конзервативна влада ја презеде власта.

– Владата на Република Грција срдечно ги поддржува напорите на ЕУ насочени кон постигнување мирно, демократско решение за кризата во полза на венецуелскиот народ – соопштија од министерството.

Претходната левичарска влада на Грција се воздржа од признавањето на Гваидо, кој во јануари самиот се прогласи за преседател на Венецуела до одржувањето на нови избори.

Повеќето светски сили веруваа дека реизборот на претседателот Николас Мадуро минатата година беше наместен.