Според заложбите на Светската ракометна федерација (ИХФ) за поголема промоција на ракометот, годинашното неофицијално светско клупско првенство Суперглоуб ќе се игра во проширен формат, со 10 екипи (досега играа по осум). Така, на првенството од 26 август до 1 септември ќе игра и американскиот тим Њујорк сити, победник на шампионатот на Северна Америка.

Европа ќе ја претставуваат првакот Вардар, потоа Барселона (Шпанија, минатогодишен шампион) и Кил (Германија, вајлд-карта), а ќе играат и Ал Вехда (С. Арабија, домаќин), Ал Духаил (Катар, шампион на Азија), Замалек (Египет, првак на Африка), Туабате (Бразил, шампион на Јужна и на Централна Америка) и Ал Мудхар (С. Арабија, вајлд-карта). Наградниот фонд на годинашниот Суперглоуб е 775.000 долари од кои 400.000 добива првопласираната екипа, 250.000 се за второто и 125.000 за трето место.