Вторниот македонски претставник во квалификациите на Лига Европа (ЛЕ), Македонија Ѓорче Петров (ЃП) беше поразена со 3-1 од Алашкерт во Ерменија.

Водството за домаќините го донесе Танков во шеснаесетата минута од натпреварот, резултат кој стоеше на семафорот сè до 52-рата минута, кога Македонија ЃП успеа да го израмни резултатот преку Јашаровски.

Фудбалерите на Алашкерт брзо реагираа на израмнувањето на резултатот и по само 14 минути игра повторно го преземаа водството преку Секулиќ, а Бразилецот Бианор со автогол го постави конечниот резултат во Ерменија.

За пласман во следната фаза, играчите на Македонија ЃП ќе мораат да „бркаат“ победа со два гола разлика на реванш-натпреварот закажан за 18 јули.