Ексминистерот Миле Јанакиески вечерва е однесен на преглед во болницата „Oсми Септември“ и вратен повторно во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, потврди неговиот адвокат, Александар Новаковски.

Јанакиески се пожалил на гадење и болки во бубрезите. Екипи од дежурниот медицински тим во болницата го прегледале, му дале терапија и повторно го вратиле во затворот.

Поранешниот министер со денови не јаде затворска храна. Денеска тој беше спроведен на судењето за случајот „Талир“ во кривичниот суд. Тој е во притвор на барање на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, поради спорна продажба на државно земјиште.

Премиерот Зоран Заев рече дека жали што Јанакиески е во притвор, но дека не може да се меша во судски одлуки.