Во патнички авион на компанијата „Американ ерлајнс“, кој со 165 луѓе полетал од Чикаго, била прогласена тревога додека возухопловот се приближувал кон Бостон.

Авионот, сепак, успеал безбедно да слета, објави агенцијата АП.

Додека се приближувал кон крајната дестинација, Бостон, во пилотската кабина се вклучила сијаличка која укажува на можен механички проблем, поради што пилотот објавил тревога.

Во авионот имало 159 патници и шест членови на екипажот.