Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е подготвен да биде медијатор во спорот меѓу САД и Иран, за да се намалат тензиите околу нуклеарната програма на земјата на Блискиот исток, пренесеува „Асошиејтед прес“.

Според пишувањата на медиумите, Ердоган кажа дека дискутирал за можноста да биде медијатор меѓу двете страни со јапонскиот премиер Шинѕо Абе на маргините на Г20 самитот во Осака.

Претседателот на Турција вели дека бил запрашан од Абе за тоа дали Турција и Јапонија би можеле да делуваат заеднички, на што Ердоган одговорил дека би бил подготвен да се сретне со лидерите на Иран.

Иран предупреди дека ќе продолжи да го збогатува ураниумот, во момент кога тензиите меѓу двете земји се значително зголемени. Прехтодно, американскиот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор потпишан во 2015 година.