Општина Карпош соопшти денеска дека е пополнета квотата за доделување на субвенции за купување на велосипеди.

– Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа, заклучно од денеска нема да ги зема в предвид сите новопристигнати апликации – велат од Општината.

Локалните власти додаваат дека доколку бидат обезбедени нови средства за субвенционирање на купувањето велосипеди, јавноста ќе биде на време информирана.