Дејвид Камерон изјави дека сака тенис, Тереза Меј готвење, а Борис Џонсон, фаворитот во трката за британски премиер, рече дека се опушта правејќи макети на автобуси од стари дрвени гајби, кои потоа ги пребојува.

Новинар на британско радио го прашал Џонсон дали има хоби на што тој одговорил дека прави макети на автобуси од стари дрвени гајби.

– Јас правам макети на автобуси. Пронаоѓам стари дрвени гајби кои ги пребојувам. Ги претворам во автобус и ги сликам патниците кои се забавуваат во прекрасен автобус што малку загадува, каков што може да се види на улиците на Лондон – изјавил тој.