Двајца припадници на американските вооружани сили се убиени во Авганистан, само еден ден по посетата на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во Кабул, соопшти војската на САД.

Во соопштението не се изнесени детали за околностите под кои настрадале војниците, а не е објавен ниту нивниот идентитет.

Новинските агенции потсетуваат дека над 2.400 американски војници го загубиле животот во Авганистан од 2001 година.