Во организација на Музеј на град Неготино синоќа со пригодна свеченост започна првата ликовна колонија – „Неготино“ 2019. На колонијата уметници од Неготино, Скопје, Кумново, Битола, Белград и Крагуевац до 28 јуни ќе сликаат во конаците на манастирот Св. Ѓорѓи.

Учесници на колонијата се ликовните уметници Владимир Темков, Андријана Мациев, Валентина Илијевска, Горан Боев, Ѓурѓица Станоева, Драган Најденовски, Игор Јосифов, Игор Мишев, Маја Мрдаковиќ, методи Ангелов, Наташа Радосављевиќ, Цветанка Јованова-Кермес и Сашко Јанев.

– Ликовната колонија – „Неготино“ 2019 е проект одобрен од Министерството за култура согласно програмата за проекти од национален интерес за 2019 година за развојот на модерната модерната ликовна уметност во општина Неготино – изјави директорната на Музеј на град Неготино, Драгица Чекорова, воедно посакувајќи им добредојде и успешна плодна работа на ликовните уметници во прекрасниот амбиент на манастирот Св.Ѓорѓи во непосредна близина на градот Неготино.

М.М.