Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша указ со кој, како што рече, се воведуваат тешки санкции за иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Трамп рече дека санкциите следат по низата агресивни постапки на иранскиот режим во последните седмици, меѓу кои и соборувањето на американското беспилотно летало.

– Продолжуваме со притисок врз Техеран – изјави американскиот претседател и додаде дека тие санкции би можеле да останат на сила со години.

Санкциите наведени во указот, како што рече Трамп, ќе ги спречат иранскиот врховен водич, неговиот тим и другите со кои е поврзан, да имаат пристап кон основните финансиски средства и поддршка.