Белгиската полиција уапси маж за кој се сомнева дека планирал да изврши терористички напад врз амбасадата на САД во Брисел, соопштија денеска обвинителите.

Мажот кој е идентификуван како М.Г. бил уапсен во саботата и е обвинет за тероризам, јави „Ројтерс“.

Тој ги негира обвинувањата.