Ученичка од Иран на тест на интелигенција на Менса дојде до бројката 162 (IQ), најголем коефициент досега. Поточно, Тара Шарифи (11) постигна резултат што е за 2 единици поголем од проценетиот коефициент на интелигенција на реномираните физичари Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Тара вели дека не очекувала ваков резултат.
– Се шокирав кога го прочитав резултатот. Никогаш не очекував дека ќе имам таков коефициент – вели натпросечно интелигентното девојче.
Тара го полагала тестот на универзитетот Оксфорд, каде што морала да одговори на сите поставени прашања. Во прашање бил невербален тест, кој се фокусирал на нејзината способност да го разбере значењето на зборовите.
– Одлуката ја донесов заедно со родителите. Тоа беше одлична можност за запознавање со други луѓе од системот Менса – додала таа.

Девојчето сега се квалификува за членство во Менса, која е позната како друштво на луѓе со висок коефициент на интелигенција и вели дека им се радува на средбите со другите членови, на некои од собирите на организацијата.
– Моите другари на училиште се импресионирани од резултатите. Би сакала еден ден да работам нешто што е поврзано со математиката – истакнала Тара.

Одличниот резултат ги изненадил и нејзините родители.
– Горд сум, но и изненаден од резултатот. Но се случуваше додека гледаме телевизија, Тара да одговори на математичките прашања пред натпреварувачите. Мислев дека овој предмет добро ѝ оди – вели таткото на малата генијалка.