НЛБ Банка е прва и единствена банка на пазарот која ги интегрира двата картични
бренда „Visa“ и „MasterCard“ во мобилниот паричник „NLB Pay“. Оваа нова и единствена функционалност овозможува да ги дигитализирате сите „Visa“ и „MasterCard“ платежни картички издадени од НЛБ Банка во мобилниот паричник „NLB Pay“ и да плаќате бесконтактно, само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал во земјата и во странство.

– Фокусот на НЛБ Банка е секогаш да биде прва банка на пазарот која на иновативен начин ќе одговори на потребите и барањата на своите клиенти. Пред една година го воведовме мобилниот паричник „NLB Pay“ со дигитализација на „MasterCard“ картичките, а денес сме горди што можеме да одговориме позитивно на барањата на нашите клиенти со воведување и на „Visa“ картичките. Отсега ќе може да ги дигитализирате сите картички издадени од НЛБ Банка во „NLB Pay“ мобилниот паричник. Плаќањето е лесно, бесконтактно и безбедно и се реализира само со доближување на мобилниот телефон до ПОС терминал – изјави Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

„NLB Pay“ мобилниот паричник е мобилна апликација наменета за корисниците на платежни картички издадени од НЛБ Банка, кои поседуваат мобилен уред со андроид оперативен систем кој поддржува НФЦ технологија. „NLB Pay“ мобилниот паричник овозможува бесконтактни плаќања на ПОС терминали во земјата и во странство. Инсталирањето на „NLB Pay“ мобилниот паричник, дигитализацијата на картичките и користењето на услугата се бесплатни.

Апликацијата е достапна за преземање на „Google Play store“ на следниот линк.

Со воведувањето на оваа услуга, НЛБ Банка продолжува да ги следи светските трендови на поедноставување и приближување на банкарските услуги. Мобилните
банкарски услуги со својата достапност, едноставност, брзина и безбедност при користењето, на клиентите им овозможуваат заштеда на време и средства, им даваат можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Повеќе информации можете да добиете на следниот линк.