На самиот почеток на кампањата за претседателски избори во САД, рејтинзите на претседателот Доналд Трамп се слични како оние на поранешните претседатели Барак Обама и Роналд Реган, нешто што беше предуслов и им помогна да го обезбедат вториот мандат, пренесува „Њузвик“.

Трамп ужива поддршка од 43 отсто, слично како и рејтинзите на претседателот Реган во 1983 година, годината пред тој да биде повторно изгласан за претседател на САД. Најниските бројки за неговата поддршка изнесуваа 35 отсто, за потоа да се искачат на 54 отсто кога победи на крајот на изборите. Слично како и кај Обама, чии рејтинзи паднаа на 43 отсто, за потоа, на крај да освои 52 отсто поддршка од гласачите во 2012 година кога го освои вториот мандат.

Според истражувањето направено од „Риал клир политикс“, генерално, поддршката на населението кога станува збор за насоката во која САД се движат како земја и одлуките кои ги носи, е опадната за 15 отсто.

Во полза на рејтингот на Трамп можеби оди наследувањето на историски поволната, силна економија. САД периодов се соочува со една од најповолните економски проширувања кои се случиле по рецесијата. Стапката на невработеност е сведена на минимум, а минималните плати се зголемуваат.

Како што наближуваат изборите во 2020 година, Демократите сепак се оптимистични во врска со шансите за победа против претседателот. Во анкета објавена минатата недела, кога на гласачите било понудено хипотетички да одберат помеѓу Трамп и некој Демократски кандидат, поддршка на гласачите за потпретседателот Џо Бајден била 13 отсто, сенаторот Берни Сандерс има поддршка од девет отсто, а сенаторката Елизабет Ворен ужива поддршка од седум отсто.