Силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, погоди делови на Босна и Херцеговина. Како што пренесува „Дневни Аваз“, невремето најмногу ги погоди деловите на Јабланица и Грабовица кај Мостар.

На сообраќајниците се наоѓа голема количина вода, но и град, кој е со големина на јајца. За време на невремето оштетени се неколку автомобили од силината на ударот на градот.