Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди САД да не употрбуваат сила против Иран, бидејќи, како што рекол, тоа би имало катастрофални последици.

– Американски воени акции против Иран би биле катастрофа во најмала рака за регионот – рекол Путин и додал дека тоа би предизвикало ексалација на непријателства со непредвидливи резултати.

Путин истакнал дека Иран ги почитува условите на нукеларниот договор наспроти повлекувањето на САД, додавајаќи дека смета оти американските санкции против Иран се неосновани.

Рускиот претседател ова го рекол на традиционалната годишна емисија во живо „Директна линија“, која траела 4.17 минути, а во која тој одговара на прашања од граѓани од Русија и светот за актуелни прашања од земјата и светот.

Сигналот на емисијата неколкупати беше прекинат поради кибер-напади.