Дизајнерката Ирина Тошева ја претстави летната колекција „Иуноја“, преку артистички едиторијал со моќна порака „Обој го умот“. Колекцијата е инспирирана од важноста на менталното здравје, есенцијалната улога на уметноста во емоционална благосостојба на секоја индивидуа.

Новата модна приказна на дизајнерката е обоена во пастелни нијанси, лесни и плисирани материјали и лелеави кроеви, оживеана во сликарско ателје од моделката Фјола Брестовци, пред објективот на Александра Костадиновска.

– Креативниот процес на создавање уметнички дела ја подобрува физичката, ментална и емоционалната благосостојба, независно од возраста. Со создавање уметност врз основа на сопствените чувства, мисли, идеи и фантазии, наместо фокусирање на уметничките вештини, може да се прејде преку најразлични емоции, како трауми, страв, анксиозност, стрес, бес. Затоа, земи ја четката и обој го „умот“ – изјави Тошева.
Колекцијата е достапна во ателјето на дизајнерката.