Промоција на книгата „24 часа во Еднорозија“ од авторката и новинарка Јасмина Кантарџиева Димков ќе се одржи вечерва, со почеток во 19.30 часот, во книжарницата „Литература.мк“. Книгата е во издание на „Либи“, дел од „Арс ламина публикации“.

Во книгата, малата извидничка Дева е изгубена во густата шума на планината Би. Во потрага по неа тргнуваат нејзината сестра близначка Дина, момченцето Јан и кученцето Путерче.

Промоторка на книгата ќе биде уредничката Бисера Бендевска.