Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во САД. Покренати се обвиненија против двајца морнари, кои признале дека помогнале во товарење на кокаинот на бродот додека бил на море. Станува збор за Иван Ѓурашевиќ и Фонофаве Тиасаге.

Според истрагата, тие го истовариле кокаинот од 14 чамци. Претпоставките се дека кокаинот бил префрлен на товарниот брод „МСЦ Гајан“ на Бахамите или откако го напуштил пристаништето на тие острови. Дрогата била сокриена во седум контејнери за пренос на стока, а била спакувана на 15 мај од Колумбија. Пратката била на пат кон Европа. Се проценува дека нејзината вредност надминува една милијарда долари.

Бродот кој пловел со знаме на Либерија, стоел и во Перу, Панама и на Бахамите.Вредноста на запленетата дрога се проценува на повеќе од една милијарда долари, објави канцеларијата на државниот обвинител за Источниот округ на Пенсилванија.

-Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Источниот округ на Пенсилванија. Членови на екипажот на бродот се уапсени и се соочуваат со федерално обвинение, а истрагата е во тек- соопштија официјални лица.

-Оваа количина на кокаин може да убие милиони луѓе- напишаа од обвинителството на Твитер порачувајќи дека остануваат посветени на одржувањето на безбедноста на границите безбедни и на улиците од овие смртоносни наркотици.

&