Протестите во Хонг Конг денес екалираа, кога демонстрантите се обидоа да влезат во зградата на парламентот, а полицијата со интервенции работи за да го спречи упадот во зградата, јавува „Б92“.

Демонстрантите ги блокираа улиците околку зградата на парламентот и фрлаа предмети кон полицијата, поради што има и повеќе повредени лица. Итните медицински служби исто така се на терен, а локалните медиуми јавуваат дека демонстрантите сепак успеале да влезат во еден дел од парламентот.

Во Хонг Конг веќе неколку дена има масовни протести поради воведувањето на новиот закон за екстрадиција. Измените на законот треба да ја поедностават процедурата за одобрување на екстрадиција на осомничени во други земји, вклучувајќи ја и Кина, Макао и Тајван. Освен со овие три земји, Хонг Конг има договор за екстрадиција и со други 20 земји. Гласањето за законот е закажано за 20 јуни.

Оние кои се противат на усвојувањето на законот сметаат дека обвинетите во кинескиот правосуден систем нема да ги имаат истите права како во Хонг Конг. Земјата е поранешна британска колонија, која е вратена на Кина во 1997 година, го гаранција за автономија и слобода, вклучувајќи и посебен правен систем.