Фото: Архива

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја започна предизборната кампања за престојните парламентарни избоир, барајќи од гласачите да и овозможат на неговата левичарска влада шанса да делуваат без „врзани раце“ во вториот мандат, пренесува „Гардијан“.

Откривајќи ја програмата на неговата коалиција СИРИЗА пред формалното расформирање на парламентот, Ципрас ја призна „лутината и заморот“ на народот, поради кој неговата левичарска партија доживеа огромен пораз на Европските избори и на вети отворање на нови работни места и намалување на законите доколку го добие нов мандат.

– Грците имаат право на надеж – рече тој пред кадарот на неговата партија, потсетувајќи на годините на строгиот надзор од кредиторите врз земјата која долго време се соочуваше со голема финансиска криза. Тој дополни дека тие морале да ги „стиснат забите“ и носеле тешки одлуки на пат кој воопштно не бил лесен.

Ципрас беше принуден да повика на предвремени парламентарни избори четири месеци пред закажаното, откако СИРИЗА загуби од главната опозициска Нова демократија на Кирјакос Мицотакис на Европските избори, но уште поголем пораз доживеа и на локалните избори кои се одржуваа во исто време.