Американската компанија „Боинг“ испорача 56 отсто помалку авиони во месец мај, во споредба со истиот период минатата година, во моментот кога нивниот најпродаван модел „737 Макс“ останува суспендиран и нема дозвола за летање поради несреќата во Етиопија, пренесува „Јуроњуз“.

Вкупните испораки паднаа на 30 авиони, во споредба со 68 во 2018 година. Нето нарачките за првите пет месеци останаа во негатива, со вкупно откажани 125 нарачки за овој модел.

Компанијата „Боинг“ се соочува со нивната најголема криза по падот на авионот на „Етиопијан ерлајнс“, несреќа во која загинаа сите 157 лица во авионот, втор инцидент во пет месеци со моделот „737 Макс“ на американската компанија.

Од компанијата повторија дека работат со глобалните регулатори за го сертифицираат ажурирањето на софтверот за авионот, чија неисправност се смета за причина за несреќите, како и потенцираа дека работат на тренинг и едукација за враќање на моделот на аеродромите во светот.

Повеќе светски глобални авиокомпании кои побрзаа да го купат моделот со помала потрошувачка на гориво оттогаш ги откажаа нарачките и се соочуваат со сериозни проблеми за да ги покријат авионските рути на кои претходно леташе „737 Макс“.

Европскиот ривал „Ербас СЕ“ испорача 81 авион во мај, што е зголемување за 56 отсто од минатата година и 313 во периодот од јануари до мај, пораст од 40 отсто.

„Боинг“ исто така се соочија и со пад на вредноста на нивните акции.