Втората фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе започне утре, додека терестичната ќе се реализира задутре. Прскањето против комарци ќе започне во раните утрински часови.
Таканаречената терестична дезинсекција ќе почне на 12 јуни и ќе заврши најдоцна на 15 јуни, односно ќе трае од среда до сабота. Ќе се прска во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.

Градските власти напоменуваат дека доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција. Ги предупредуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.