Пратеникот Павле Богоевски во својство на претседател на Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања за в четврток закажа седницата на ова тело на која единствена точка на дневен ред е предлогот од претседателот на Собранието, Талат Џафери, за одземање на мандатот на Никола Груевски.

Седницата е закажана за в четврток (23 мај) во 11 часот. На неа ќе се расправа за известувањето кое собранискиот спикер минатата недела го достави до комисијата.

Со седницата се очекува да претседава токму Богоевски, но не се исклучува можноста истата да ја води и неговата заменичка, Снежана Калевска-Ванчева, по скандалот со објавената снимка на социјалните мрежи која Богоевски го поврзува со нарачување дрога.