Доналд Трамп го спречи сведочењето на неговиот поранешен советник Дон Мекган (десно)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го спречи поранешниот советник на Белата куќа Дон Мекган да сведочи пред Конгресот во врска со извештајот на специјалниот совет за наводното руско мешање во американските претседателски избори, што предизвика остри критики во јавноста, како и закани за негов импичмент, пренесува „Гардијан“.

Министерството за правда на САД даде правно мислење во кое се наведува дека законодавците на Капитол Хил не можат да го принудат Мекган да сведочи, откако беше повикан од страна на комитетот за правосудство, да одговори на нивните прашања под заклетва.

– Министерството за правда обезбеди правно мислење во кое соопшти дека врз основа на долгогодишниот, двопартиски и уставен преседан, поранешниот советник на претседателот не може да биде присилен да даде таква изјава и Мекган беше насочен да постапи соодветно на тоа – изјавила Сара Сандерс, портпаролка на Белата куќа.

Мекган е централна фигура во извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер, кој често се противи на обидите на Трамп за попречување правдата. Според истражителите, Мекган се заканил дека ќе поднесе оставка кога претседателот му наредил да го отпушти Мулер.

Мекган исто така бил испратен од Трамп да го убеди поранешниот јавен обвинител Џеф Сешнс да не се повлече од надгледувањето на руската истрага.

– Дон Мекган лично сведочел за најосетливите постапки. Претседателот Трамп го знае тоа и јасно е дека не сака жителите на САД да слушнат од прва рака за неговото наводно несоодветно однесување, и затоа тој се обидува да го спречи Мекган јавно да зборува – изјавил претседателот на комитетот за правосудство, Џери Надлер.