Американскиот актер, Арнолд Шварценегер, беше нападнат за време на јавен настан во Јоханесбург.

На видеото објавено од медиумската платформа еNCA, се гледа како 71-годишниот Шварценегер стои и се снима на спортски настан во Јоханесбург, кога одеднаш еден човек го удира одзади со нога во грб. Актерот падна, а обезбедувањето веднаш го фати напаѓачот.

Набргу потоа, актерот насмевнат повторно се ракуваше со посетителите, а локацијата ја напушти во придружба на обезбедувањето.

– Ви благодарам што се грижите, но нема причина за тоа. Мислев дека толпата ме повлече, што често се случува. Сфатив дека бев удрен дури кога ја видов снимката. Мило ми е што тој идиот не го прекина мојот снепчет – напиша Шварценегер на Твитер во врска со инцидентот.