Албанија е едниствената земја за која обложувачниците не погодија дека ќе биде финалист

Светските обложувачници и букмејкерите повторно успешно ја предвидоа втората полуфинална вечер на овогодинешното издание на „Евровизија 2019“ во Тел Авив, Израел. Тие пред синоќешните настапи, повторно успеаја да погодат девет од десет финалисти, што е за едно предвидување подобар учинок во однос на првото полуфинале.

Обложувачниците ги изненади само Албанија, која влезе во финалето, додека тие сметаа дека финалист ќе биде Ерменија.

Пред првото полуфинале, тие успеаја да погодат осум од десет финалисти, додека наместо нивното предвидување дека Унгарија и Белгија ќе настапат во саботното финале, тоа во вторникот го сторија Белорусија и Сан Марино.