На јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писателите на Македонија во текот на март се пријавија 47 кандидати. Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое мнозинство гласови добија: Петар Андоновски, Елизабета Бандиловска, Марија Гиревска, Мерсиха Исмајловска, Александра Јуруковска, Славчо Ковиловски, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Бранко Прља, Сузана В. Спасовска, Ана Стојановска, Снежана Стојчевска и Билјана С. Црвенковска. Тоа се новите членови на ДПМ што ќе бидат свечено претставени преку краток разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на ДПМ на 15 април, со почеток во 19 часот.