Француски моден бренд „Жакемус“ го доведе минимализмот до самиот негов максимум со креирањето на нивната микро-чанта со димензии од рекордни пет сантиметри. Чантата е дизајнирана за нивната есенско-зимска колекција за време на Модната недела во Париз.

Модниот бренд, познат по неговите сензуални дизајни, се пласираше во етерот на минијатурни чанти со чантата „Чикито“, која имаше големина од десет сантиметри,  а најчесто беше фаворизиран од Ким Кардашиан Вест и Ријана.

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

« LA COLLECTIONNEUSE » JACQUEMUS WINTER 2019/20 SHOW INVITATION SEE YOU TOMOROW ( WITH MORE MINI CHIQUITO…) LOVE

A post shared by JACQUEMUS (@jacquemus) on

Неговата „помала сестра“, наречена „микро-Чикито“, чии димензии се релативно малечки за чанта, во себе не може да ги собере ниту клучеви, кредитна картичка или мобилен телефон. И покрај нивната мала димензија, нивната цена достигнува висина повеќе од 500 долари.