Маркетинг

Почитувани,

Ви се обраќаме со понуда за соработка.

Ви нудиме деловна соработка и објавување на вашите соопштенија и рекламни огласи во нашиот дневен весник "Нова Македонија" како и годишна претплата на весникот со достава во вашите простории.

Нова Македонија, подготвувана од тим на искусни новинари повторно си го наоѓа своето заслужено место во хиерархијата на македонскиот дневен печат.

Со нов изглед, со нов дизајн и со колорни страници, притоа задржувајќи си го традиционалното сериозно, професионално, аналитично и објективно информирање по кое беше препознатлива во времето на својот најголем успех кога претставуваше репер за новинарството и тоа не само во Македонија туку и пошироко.

Наша цел е да го вратиме угледот на весникот и тој повторно да биде највлијателен весник во Република Македонија.

Наши претплатници и читатели се не само највлијателните луѓе во бизнисот и политиката во Република Македонија туку и сите оние на кои точна, вистинита и објективна информација им е неопходна.

Константното зголемување на тиражот, како и рапидниот скок на посетеноста на нашиот портал на Интернет сведочат за довербата на читателите.

Веруваме дека она што можете секојденвно да го видите во нашето печатено издание, односно да го следите на Интернет, претставува доволен предизвик да ја разгледате нашава понуда.

Маркетинг:
е-пошта: marketing@novamakedonija.com.mk


Сашка Стојановска
тел: + 389(0) 2 5511722


Марија Георгиевска
тел:  + 389(0) 2 5511723