Акустична е само „Св. Софија“, сé друго е приклучено на струја?!

Паско Кузман цврсто стои на ставот дека бучавата не им може ништо на отворените концертни сцени, како што е Античкиот театар во Охрид. Во Управата за заштита немаат ниту апарат за мерење на гласноста на озвучените концерти. И од дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“ велат дека не прават мерења на децибели на концертите што се одржуваат во Антички, каде што минатиот викенд настапи раперот Тони Зен...

   
 
Зоран Попоски на групна изложба во Берлин
Македонскиот визуелен уметник Зоран Попоски ќе учествува на групна меѓународна изложба во галеријата „Концентарт“ во Берлин, која ќе биде отворена в недела. Попоски ќе изложи видео и фотодокументација од проектот „Портрет на ...
Изложба на хрватскиот уметник Аго Јосип Скендеровиќ
Изложба на слики на Аго Јосип Скендеровиќ од Хрватска ќе биде отворена вечерва, во 20.30 часот, во Културно-информативен центар ...
„Децата на сонцето“ на Петар Темелковски на „Охридско лето“
„Децата на сонцето“, авторски проект на Петар Темелковски, ќе биде изведен вечерва во 21 часот, на сцената на центарот за култура „Григор Прличев“, на „Охридско лето“. Претставата е во продукција на „Улица АРТ 26 - Скопје“ ...
Објавена „Завештанија“ од Раде Силјан
Во издание на „Матица македонска“ деновиве излезе од печат поетската книга „Завештанија“ од современиот македонски поет и литературен критичар Раде Силјан. Книгата содржи деведесет песни поделени во седум циклуси, во кои е остварена ...
Објавена аудиоархива на писателот Вилијам Фокнер
Универзитетот на американската држава Вирџинија ја објави онлајн-аудиоархивата на писателот Вилијам Фокнер снимена во текот на две години, кои кон крајот на 50-тите години на минатиот век ги поминал како гостувачки писател на ...
Роман за тинејџери од Томе Богдановски
Издавачката куќа „Македонска реч“ деновиве го објави романот за тинејџери „Зелениот хороскоп“ од Томе Богдановски. Во својот прв роман за деца и млади Богдановски обработува современа тема за проблемите со кои се соочуваат младите. ...
Се најавува најголема изложба на Леонардо во историјата
Лондонската национална галерија ја најави досега најголемата изложба на дела на Леонардо да Винчи. Оваа сеопфатна поставка со многу позајмени дела, ќе биде фокусирана на целите и техниките на сестраниот Да Винчи како сликар ...
 
КОНКУРС
ЗА КРАТОК РАСКАЗ НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“

Весникот „Нова Македонија“ распишува конкурс за краток расказ.

Пропозиции:
• расказите да не бидат подолги од 100 реда
       (три страници со новинарски проред)
• да бидат напишани на македонски јазик
• да не биле досега објавувани
• да имаат наративна форма

Темата е слободна.

Право на учество имаат сите автори.

Ракописите треба да се испратат во три примероци на адресата на редакцијата - улица Атинска број 12 (со назнака: За конкурсот за краток расказ), 1000 Скопје, најдоцна до 30 септември.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 29 октомври, денот на излегувањето на првиот број на весникот „Нова Македонија“.

Тричленото жири  ќе додели три парични награди, а предвидени се и пет откупни награди.

Редакцијата го задржува правото за објавување на наградените и откупените раскази во весникот.

Конкурсот за краток расказ „Нова Македонија“ првпат го објави во 1960 година.

Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широкоприфатена од читателската публика и која има длабоки корени во македонската раскажувачка традиција.
 
  Powered by Dejan Jovanovski