Преку Црна Гора почнува патот кон СП 2014


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Искра Опетческа
Прости им боже, не знаат што прават
Граѓаните и новинарите од премиерот бараат тој и неговата влада да создадат правна рамка во која правото и правдата ќе функционираат беспрекорно, а граѓаните ќе веруваат и ќе го чувствуваат тоа. Да, меѓу нив се и новинарите кон ...
 
Марjан Николов
А зошто да планираме во јавните финансии?
Нови деца доаѓаат со дипломи по економија од странство, но сѐ уште не се во доволен број и општеството не ги поставува на соодветни места за да може да креираат критична маса за промени во квалитетот на употреба на алатки ...
 
Милан Банов
Пријателот Ахмети кај нашите грчки пријатели
Јас во оваа „приватна посета“ на лидерот на ДУИ (во „приватна“ придружба на вицепремиерот Муса Џафери) гледам не само скандал туку и исклучително штетен (да не употребам потежок збор) потег, кој е во директна спротивност ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Средбата со должникот од минатото ЕП се игра од 17.45 часот, во Јесенице, со што Македонија ќе го почне своето четврто учество на континенталните собири, на кое ќе го брани 4. место од минатото ЕП и на кое ќе игра за нов висок пласман, за в година да се најде и на СП во Шпанија

 
 
  
Македонија во Литванија не се искачи на победничкиот подиум, но Мекејлеб беше избран во првата петрока на ЕП 2011

КОШАРКА - ДЕНЕСКА ПОЧНУВА ЕП 2013 ВО СЛОВЕНИЈА


Македонската кошаркарска репрезентација денеска, со мечот од 17.45 часот (пренос на Сител), со Црна Гора во Јесенице (Словенија), ќе го почне своето четврто европско првенство (ЕП), на кое првпат замина со високи амбиции, откако две години порано го освои 4. место на ЕП во Литванија. Црна Гора е стар должник, оти на минатото ЕП, исто така, во 1. коло, Македонија загуби со 65-70 по едно продолжение (во тест-мечеви во минатото Македонија има една победа, со 82-58 и два пораза, 81-84, 54-83).

Избраниците на селекторот Алеш Пипан се во тешка група, во која уште се и БиХ, Литванија, Србија и Летонија. Литванија секогаш има одличен состав и високи амбиции, Србија, која дури како најдобра третопласирана од квалификациите се најде на ЕП, сака да се врати на старите патеки, а БиХ е предводена од амбициозен селектор Александар Петровиќ. Летонија е селекција со која Македонија има скор 1-1 од квалификациите за ЕП пред четири години (пораз со 82-83, победа со 80-78) и репрезентација што во подготвителниот период ги победи Турција и Русија и ремизира со Хрватска.

Црна Гора, предводена од селекторот Лука Павичевиќ, беше најуспешната репрезентација во квалификациите, забележувајќи ги сите 10 победи (група со Израел, Србија, Естонија, Исланд и со Словачка). Во тие мечеви Црногорците играа без центарот Никола Пековиќ од Минесота, кој играше за Црна Гора на минатото ЕП, но нема да настапи ниту во Словенија.

Македонија замина комплетна и е една од ретките репрезентации што немаат никакви измени во главнината од тимот во споредба со претходното ЕП. Пипан, како и Марин Докузовски пред две години, ќе смета на Лестер Бо Мекејлеб, Владо Илиевски, Војдан Стојановски, Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Предраг Самарџиски, Дамјан Стојановски и на Дарко Соколов. Дебитанти на ЕП се Александар Костоски, Владимир Брчков и Стојан Ѓуровски. Во однос на минатото ЕП во составот не се Димитар Мираковски, Марко Симоновски и Ивица Димчевски.

Црвено-жолтите двапати го подобруваа пласманот од претходното ЕП. Во првото учество, во 1999 година, Македонија беше 13-та, 10 години подоцна се пласира на 9. место, а на ЕП 2011 го освои 4. место, со што се пласира директно на ова ЕП и играше во квалификациите за ЛОИ 2012. Нов висок пласман (до 7. место, ако меѓу првите шест биде Шпанија) ќе значи директен пласман на СП 2014 во Шпанија.
Најдобрите три репрезентации од секоја од четирите групи ќе се пласираат во втората фаза, одново во групи (две). Групата А ќе вкрсти со групата Б, а групата Ц со групата Д. Бодовите од првата фаза ќе се пренесат, но само од средбите со селекциите што одат понатаму. Најдобрите четири репрезентации од секоја од двете нови две групи ќе играат во четврт-финалето (18 и 19 септември). Финалето е на 22 септември во Љубљана (арена „Стожице“, капацитет 12.500).
Европската титула ја брани Шпанија, а на минатото ЕП медали освоија и Франција (сребро) и Русија (во мечот за бронза ја победи Македонија со 72-68).


Досегашни мечеви против Црна Гора

ЕП 2011

Македонија - Црна Гора    65-70
Пријателски средби
Македонија - Црна Гора    82-58, 81-84, 54-83
ВКУПНО    4    2    2    282-295

Двојки, 1. коло, денеска

Група А
Израел - В. Британија    14.30 часот
Белгија - Украина    17.45
Франција - Германија    21
Група Б
Летонија - БиХ    14.30
Македонија - Црна Гора    17.45
Србија - Литванија    21
Група Ц
Грузија - Полска    14.30
Шпанија - Хрватска    17.45
Чешка - Словенија    21
Група Д
Турција - Финска    14.30
Шведска - Грција    17.45
Русија - Италија    21

 
   
  Фотографија: Игор Бансколиев
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 396          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski