Артизан-гроздова ракија - бренд за национален пијалак


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Весна Дамчевска
Зошто ни треба „оскар“?
Ако се знае, а тоа нашите филмаџии добро го знаат, дека „оскарот“ неретко е резултат на влијание, моќ, спогодба, кампања и лобирање, па и политичка некоректност (во 1950-тите години e воведено правило дека комунистите не можат ...
 
Билјана Ванковска
Балкански шпион
Дваесет години се чудам како е можно аналитичари, уредници, новинари, па дури и парановинари (како онаа будалетинка што тврди дека Тоше е жив и тресе гадости на „својот портал“, а кого сега го нарекуваат Сноуден, па не знаеш ...
 
Љупчо Гаштеовски
Евтино изработувам дипломски, магистерски, докторски
Состојките од кои готвам колумни се тазе, лично производство, без многу зачини и пикантерии. Сѐ што треба да се „набави од пазар“, мора да е истестирано и лично консумирано, пред да го споделувам и препорачувам ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Излезот од вишокот грозје лозарите го наоѓаат во варење и продавање ракија, а на тој начин голем дел од производството останува во зоната на сивата економија и државата губи добар дел од даночниот прилив

 
 
  

 Излезот со вишокот грозје лозарите го наоѓаат во варење и продавање ракија

МАКЕДОНСКА РАКИЈА

 Во екот на бербата на грозјето, кога почнуваат да се палат домашните казани за варење ракија и кога со мирисот на ширата почнува да се меша добро познатиот мирис на комиње, е вистинското време да прозбориме за неопходноста од потребата за брендирање на македонската ракија произведена во домашни услови. Првиот чекор за почнување на процесот на брендирање секако е истражување за домашниот начин на производство на ракија од грозје таканаречен артизан, вели Дивна Јордановска, директор на секторот за вино од фондацијата „Тиквешки вински пат“. Таа наедно е главен човек на проектот финансиран од Министерството за економија преку програмата за поддршка на кластерското здружување, кој има за цел да го актуализира проблемот на непостоење на бренд на артизан-ракија од грозје, односно непостоење на стандардизиран начин на производство на артизан-гроздова ракија.
- Вистинската артизан-гроздова ракија за жал се произведува масовно, но нерегулирано и стихијно, едноставно од потреба да се најде некакво решение за вишокот грозје. Таквата ракија се произведува без почитување стандарди, едноставно кој како знае и умее или по примерот на своите дедовци и прадедовци. Поради тоа на пазарот се појавуваат разни ракии произведени на различни начини, со различен хемиски состав, кои понекогаш за жал содржат и штетни состојки - вели Јордановска.
Излезот со вишокот грозје лозарите го наоѓаат во варење и продавање ракија, а на тој начин голем дел од производството останува во зоната на сивата економија и државата губи добар дел од даночниот прилив. Од друга страна се и проблемите со нелојалната конкуренција, кои ги чувствуваат регистрираните производители на ракија.

Законска регулатива

Моментално во Македонија се подготвува закон што ќе го регулира производството на ракија во согласност со европската регулатива. Тоа значи дека ќе се регулира максималното количество што секој производител може да го произведе за сопствена потреба, додека целото друго производство ќе се регулира и оданочи. Во оваа ситуација е неопходно потребно да се почне процесот на брендирање на артизан-ракија. Прв чекор е истражување на домашното производство на ракија од грозје во мали капацитети, а во продолжение изработка на студија со упатства за производство на таква ракија, со која ќе им се помогне на голем број производители на грозје и мали производители на домашна ракија да се подготват за барањата што ќе ги воведе новиот закон. Истовремено студијата ќе содржи и препораки што ќе се достават до ресорното министерство, во кои ќе се предложат олеснувања на регулативата за производство на артизан-ракија од грозје, како во делот на технолошкиот процес така и во делот на плаќањето на акцизните давачки.

Единствена земја без домашен бренд

Македонија веројатно е единствена држава во светот со големи површини лозови насади, вишок производство на грозје, илјадници години традиција во варење ракија што сѐ уште не изградила бренд од својот национален пијалак гроздова ракија, иако официјално постојат 13 дестилерии што овозможуваат искористување на секундарните производи при производството на вино.

- Токму од овие причини проектот е насочен кон развој на регионалниот бренд на домашна ракија од грозје. Имено, фондацијата „Тиквешки вински пат“ ќе го поттикне и почне процесот на создавање бренд на артизан-гроздова ракија од Тиквешкото виногорје. Процесот ќе почне со формирање експертска група од редот на научни работници, енолози со долгогодишно работно искуство од редот на членките на фондацијата, како и други познати и признаени експерти - додаде Јордановска.

Таа посочува дека групата експерти ќе ги истражуваат традиционалните начини на производство на домашна ракија во Тиквешкото виногорје и притоа ќе изработат студија што ќе служи како упатство за производство на домашна ракија на стандардизиран начин, што всушност ќе биде прва фаза од постапката за креирање домашен бренд.

- Ќе се подготват и препораки за олеснување на производство на домашна ракија од грозје за малите производители, кои ќе се достават до Министерството за земјоделство. Особено, ќе се даде акцент за искористување трпезни сорти грозје што претставуваат основа за добивање таканаречени деликатесни лозови ракии што се одликуваат со извонредни ароми и својства и се многу ценети на регионалниот и светскиот пазар - истакна Јордановска.

По завршувањето на проектот, кој се очекува да биде готов во декември, истражувањето ќе ги покаже фактичката состојба и мислењето на производителите на домашна гроздова ракија.

 
   
Автор: Мирјана Мукаетова   Фотографија: Дарко Андоновски
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 639          Оценка: 3,67  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski