Брендирана штипската пастрмајлија


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Наташа Бошковска -Златкова
Јуриш за втора смена
Брзите, енергични или џиуџицу-потези на министерот би биле одлични ако прво се создадат услови за нив. Ако ништо друго, за да се намали нервозата. Оти наредбите носат нервоза. А нервозните и незадоволните треба да прегледуваат ...
 
Венко Андоновски
Кошаркарски провокации
Дали во тие провокации од скопјани за кои зборува Самарас спаѓа и подвигот на нашите кошаркари, кои ја оставија олимписка Грција далеку назад, во правот на македонските петици, на Европското првенство? Или и тие, ако Самарас ...
 

Направивме што направивме...
Ете, европското пројде, еуфоријата полека стивнува, па ајде да резимираме: ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Секоја злоупотреба на брендот во иднина ќе се санкционира, а од градот Штип најавуваат казни за сите угостителски објекти што нема да го почитуваат рецептот или правилата за продажба

 
 
  

Отсега штипската пастрмајлија ќе се продава само со лиценца

Општината Штип вчера и официјално го доби сертификатот од Државниот завод за заштита на индустриската сопственост, со кој штипската пастрмајлија е брендиран назив. Општината го заштити оригиналниот рецепт на таканаречената голема штипска пастрмајлија, со тежина на тестото од 350 грама и мастраф од околу 220 грама, исклучиво од свинско месо.

- Штип е градот на штипската пастрмајлија. Има многу пастрмајлии во Македонија и сите за својата мислат дека е најубава, но ние сме првата општина во државата што успеа да го брендира овој производ. Тоа значи дека квалитетот што го имаме, традиционално, ќе се заштити за идните времиња и ќе се спречи злоупотреба на овој производ, што сега се случува во некои објекти надвор од Штип - изјави штипскиот градоначалник д-р Зоран Алексов.

Ваков производ под името „штипска пастрмајлија“ во иднина на менито може да имаат само оние угостителски објекти што за тоа ќе обезбедат одобрение од градот Штип. Објектите лиценцирани за продажба на штипска пастрмајлија ќе бидат обележани со специјални налепници на кои ќе биде истакнато логото на пастрмајлијата, за што на штипската локална самоуправа ќе и плаќаат годишен надомест. И штипските угостители ќе треба да платат по 600 денари за надоместот, додека за сите оние надвор од Штип ќе се утврдат посебни правила на плаќање.

Според штипските угостители, деталите за употребата на брендот штипска пастрмајлија допрва ќе треба да се утврдуваат.

- За нас е важно како град и као угостители да понудиме квалитетен производ, кој ќе биде препознатлив и за градот и за државата и убеден сум дека во градењето и зачувувањето на тој бренд ќе учествуваат сите штипски угостители - тврди Влатко Ничев, сопственик на ресторанот „Сан Ремо“.

Секоја злоупотреба на брендот штипска пастрмајлија или пастрмајлија направена по рецепт различен од овој во иднина ќе се санкционира, а од градот Штип најавуваат казни за сите оние угостителски објекти што нема да го почитуваат рецептот или правилата за продажба.

Брендирањето на штипската пастрмајлија доаѓа на само неколку дена пред почетокот на „Пастрмајлијадата“, чие одржување е закажано за 23, 24 и 25 септември. Се очекуваат околу 20.000 посетители, а 36 пријавени угостителски објекти за време на тридневната манифестација планираат да продадат над 100.000 пастрмајлии.

Оригинален рецепт
Според добиениот сертификат, штипската пастрмајлија е производ направен според следниот рецепт:
За 350 грама тесто потребно е:
- 130 милилитри вода
- 160 грама брашно (тип 500 и тип 400)
- сол

Мастраф:
- 220 грама свежо свинско месо исечкано на ситни парчиња
- 50 грама свинска маст
- Зачини: малку сол, малку шеќер, црн и црвен пипер
 
   
Автор: Оливера Жежова  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 99          Оценка: 4,5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski