Прва клапа на „Панкот не е мртов“


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
м-р Александар Спасеновски
Атеистите го закопуваат секуларизмот
Апологетите против т.н. антиквизација, кои воедно се легитимираат и како заштитници на секуларноста, со агресивното инсистирање единствено на словенството, кое е иманентно на христијанството наспроти сите други историски ...
 
Мери Јордановска
Преку несоница - до слобода и до нов автомобил
И судскиот, но и здравствениот систем се должни да го вметнат и делот со компетентноста на оние што ги вршат психијатриските вештачења. Нека тргнат од нивниот имот, нека го следат патот на парите или пак судските случаи од почеток ...
 
Дејан Витански
Кадровско цунами во македонската администрација
Администрацијата се претвора во партиска вреќа што нема дно ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Филмот е современа трагикомедија или црна комедија, која се занимава со некои од феномените на маргиналната живејачка во Скопје, вели Владимир Блажевски, режисер на „Панкот не е мртов“

 
 
  
„Панкот не е мртов“ е насловен долгометражниот игран филм на режисерот Владимир Блажевски, кој ќе почне да се снима утре на локации во Скопје, но и во Дебар и во Куманово.

Филмот чие снимање ќе трае 40 дена се обидува да биде природно комуникативен, разбирлив, питок и духовит и во него Скопје е претставено како метропола, пандан на поголемите европски градови.

- Филмот е современа трагикомедија или црна комедија што во извесна смисла се занимава со некои феномени на маргиналната живејачка во Скопје. Во фокусот е една поранешна музичка панкерска група чии членови добиваат шанси повторно да се соберат. Филмот ќе трае околу 100 минути - вели Блажевски. Тој посочи дека по снимањето на филмот, подготовките околу фазата на неговата монтажа и постпродукцијата ќе завршат во март. Филмот раскажува љубовна приказна меѓу Димитар, наречен Мирса, кој ќе го толкува Јордан Симонов и Нина во чија улога ќе настапи Камка Тоциновска. Освен овие две, во другите главни улоги ќе настапат Тони Михајловски, Кирил Поп Христов, Џевдет Јашари, Владимир Тулиев, Јовица Михајловски, Нино Леви и Данчо Чеврески.

- Мирса е пејач во бендот и преку неговата призма на гледање на работите се следи приказната. Живее сам со мајка, живее на маргините, го мачат егзистенцијални и секакви проблеми - вели актерот Јордан Симонов.

Директор на фотографија е Слободан Трниниќ, а продуцент е Дарко Попов.
 
   
Автор: А.Д.  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 87          Оценка: 5  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski