Николовска турбоавтор на учебници по македонски јазик


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Александар Божиновски
Тадиќ, терористите и тероризираните Бугари
Ќе треба некој да ја подучи македонската влада дека трпењето секакви гадотии и подметнувања од нашите „драги“ соседи и несоодветниот одговор од наша страна, не носи квалитетни резултати на долг рок. На крајот, како светот ќе ...
 
Васил Иљов
Супермаркетска илуминација на Камени мост
По толку напори, знаење и вложен труд, многу е индикативно што само за една недела некој „мистериозно“ ги уништи или ги разграба рефлекторите за осветлување на коловозот и илуминација на тринаесетсводната елегантна конструкција ...
 
м-р Анита Котеска
Лондон, Париз, Барселона, за само 50 евра
И покрај постојната предност на изградените туристички бренд дестинации, Македонија има огромни шанси да биде дел од светската туристичка мапа, да се издвои од другите и да се позиционира како квалитетен туристички бренд ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Неколку автори на учебници по македонски јазик обвинуваат дека „Македонска искра“ ги измамила, а оттаму ова го искоментираа како хајка против нивната издавачка куќа

 
 
  
Учебници по македонски јазик, граматика и тематски тестови од петто до осмо одделение, работни листови по лектира од прво до осмо одделение... на сите овие трудови, кои сé уште се продаваат во книжарниците како автор или коавтор се јавува Нада Николовска. Сите овие учебници и дополнителната литература се издадени од една издавачка куќа - „Македонска искра“. А прв основач на оваа фирма е Дафинка Николовска, ќерка на Нада Николовска, која веќе подолг период работи како советник по македонски јазик во Бирото за развој на образованието (БРО). Многу совпаѓања за да бидат случајност.

Да се вршат олку функции истовремено, без дилема претставува судир на интереси, кој институциите никако не смееле да го дозволат, реагираат професори по македонски јазик. Тие тврдат дека проблемот не бил само во судирот на интереси, туку и во принципите на работа на оваа издавачка куќа и очигледната примена на позиција на власт од страна на суперавторот на учебници по македонски јазик Николовска. Авторите, откако биле измамени и обесправени од „Македонска искра“, ја прекинале соработката со оваа издавачка куќа.

- Николовска досега повеќепати настапува и како автор, и како коавтор, и како советник во Бирото за развој на образованието, но и како издавач. Пред неколку години соработував со „Македонска искра“. Бевме тим од повеќе автори и правевме работни листови по лектира по предметот македонски јазик. На крајот, ние бевме впишани како соработници, а Николовска како автор! Апсолутно сметам дека вработени во МОН не смеат да бидат автори на учебници, зашто тие имаат илјада и една можност да влијаат врз изборот на ракописи - вели Милка Миновска, професорка по македонски јазик.

Миновска годинава била член на рецензентската комисија што избирала кои учебници за седмо одделение ќе се користат од оваа учебна година. Вели, врз членовите на комисијата од никого немале притисоци.

- Според новиот Закон за учебници, авторите конкурираат самостојно, тие не се врзани со издавачките куќи. Со овој закон, ќе исчезне влијанието што Николовска несомнено со години го има во учебникарството - убедена е Миновска.

Во тимот автори што соработувале со Николовска и кои ги пишувале работните листови за лектира по македонски јазик од петто до осмо одделение, била и професорката Стојка Даскаловска.

- Николовска тогаш само ни ги собра трудовите, нé исплати по тогашни 100 марки, а на насловната страница на работните листови стоеше таа како автор, а ние другите како соработници. Практично ни го откупи авторските права без да знаеме. Оттогаш повеќе не соработуваме со неа - вели Даскалова.


И ВО МАА СЕ ЖАЛЕЛЕ ОД „МАКЕДОНСКА ИСКРА“


Во Македонската авторска агенција (МАА), во последниве неколку години доаѓаат многу автори на учебници што ни се пожалиле од начинот на работата во издавачката куќа „Македонска искра“, вели Нина Даскалова-Старделова, директорка на оваа агенција.

- Тешко им е на авторите. Баш скоро една жена дојде кај нас и реагираше за третманот од раководството во оваа издавачка куќа. Но, сите доаѓаат и само усно се жалат, па затоа не можеме да покренеме никаква постапка. Проблем е што тие автори не склучувале договори со издавачите и процедурата не е водена како што треба. Авторите реагираат дека на рака им биле исплаќани парите - вели Даскалова Старделова.

Според неа, не чини тоа што авторите се нафаќаат прво да им се објави делото, па потоа да ја договараат цената за трудот. - Тие мора итно да формираат свое здружение за да можат полесно да се заштитат во ваквите случаи - смета таа.


НЕМА ВЕЌЕ ВИП-ВРСКИ И ПРИЈАТЕЛСТВА


Советници не може повеќе да се јавуваат како автори на учебници зошто тоа е забрането со Законот за учебници, вели Весна Хорватовиќ, директорка во Бирото за развој на образованието (БРО).

- Откако биле избрани учебници на советничката Нада Николовска, немало измена на наставните програми, па затоа нејзините книги се сé уште во продажба во книжарниците. Но, сега со новиот концепт за деветлетка и со новиот Закон за учебници, почнаа да се чистат тие учебници и наместо нив ќе се избираат сосема нови, а таа нема да може да се јавува како автор. Законот јасно кажува дека не е дозволено учество на вработените во Бирото и во МОН во учебникарството - вели директорката Хорватовиќ.

Во рамките на МОН од неодамна постои и Национална комисија за учебници чиј претседател е професорот на Факултетот за физичка култура, Зоран Радиќ. Работата на оваа комисија е да распишува конкурси за избор на рецензенти што ги прегледуваат ракописите со кои конкурираат авторите.

- Со Националната комисија ќе се стави ред во учебникарството. Сега, кога се избираа учебници за четврто и седмо одделение, имаше обиди за влијание врз членовите на комисијата, но не дозволивме никакви ургенции. Ги држевме во тајност рецензентите за да ги заштитиме од притисоци - вели Радиќ.




Ова е хајка против „Македонска искра“

Целта на авторките што ви зборувале за нас им е да ја оцрнат „Македонска искра“, ни рекоа во издавачката куќа. Оттаму негираа дека некогаш соработувале со професорките што обвинуваат дека оваа издавачка куќа ги извисила.

- Тие никогаш не биле авторки на нашата издавачка куќа. Тие се авторки на конкурентното „Просветно дело“, и јасна е нивната цел - ни рекоа во „Македонска искра“.




Се менувале сопственици и управители

 „Македонска искра“ е основана во 1995 година, а како прв основач според документите што го добивме од Централниот регистар, фигурира Дафинка Николовска, ќерка на Нада и Славе Николовски. Според документите, сегашен основач и сопственик е извесен Иван Попов од Виница.

Како управител, во почетокот била заведена извесна Сунчица Змејковска. Во 2003-тата, таа е избришана, а нов управител станува Тања Митревска, а со последната промена, пак, од лани, управител е Томислав Јованов. Освен овие промени, во 2003 година направена е и промена на седиштето на фирмата. Наместо на дотогашната адреса на булеварот „Кочо Рацин“, седиштето е заведено на адреса на улицата Божидар Аџија. Лани во септември повторно е променето седиштето и „Македонска искра“ се враќа на првичната адреса на булеварот Кочо Рацин.
 
   
Автор: Антонија Поповска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 470          Оценка: 4,69  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
аце
Сето тоа сто го изјавиле моите почитувани колешки Стојка Даскалова и Милка Миновска е чиста вистина. Познавам и други колешки што биле на ист ваков начин измамени од советничката Нада Николовска. Познат ми е и притисокот за употреба на нејзините учебници. Но, не е само таа, тоа го правеа и неколку други советници ама во помал обем и не така агресивно. Убаво е што со новиот закон на Советниците им се забрани да бидат автори на учебници, оти тие во суштина тоа и не беа. Тоа го работеа други луѓе, наставници од разни области. Ама, куче коска не пушта. Еве, со новите измени и дополнувања во законот, повторно си направија место Ако комисијата не избере учебник по конкурсот, се формира тим рокму од нивните редови. Се скрати времетраењето на конкурсот на само 1 месец. И тогаш оној што сака да конкурира и ќе ја добие наставната програма што тие-советниците ја изработуваа по службена должност. И како еден автор да направи учебник ако пред себе ја нема наставната програма? Советниците не ја објавуваат, а и зошто да си го испуштат адутот од свои раце. Ке најдат пропусти во учебниците што конкурираат и еве ги пак на сцена. Жално но вистинито. Та тие и смислија да има по 2-3 учебници за ист предмет и одделение, не можеа поинаку за да бидат сите на сцена во учебникарството. И има ли барем еден совесен да сфати каква штета се нанесе во учебникарството со новите измени и дополнувања. И зошто никој за измените не побара мислење од наставниците? Затоа што авторите на избраните учебни оваа година не се под закрила на некој од советниците, претставуваат трошок за МОН, дали ќе беше така ако беа Советници или некои нивни луѓе? Не верувам, тие и за проектите кои ги работат во работното време примаат големи хонорари, тоа е општо познато. Жално е што авторите на учебници се гледаат како трошок, а не како државно богатство со кое општеството треба да се гордее. Не е трошок еден пратеник за 1 год. да инкасира патни трошоци од 18 000 евра, а трошок е да се плати авторско право за квалитетни учебници кои ги избраа комисиите без притисоци, кои вложија голем труд, знаење и пари за нивно најпрофесионално изготвување. Ајде сега, сите ученици и родители, борци за квалитетно образование нека помогнат авторите да се изборат за своите права. Тие покажаа и подготвеност да го подарат авторкото право на државата и ученицците, ама владата во својата кампања јавно да го извести народот и барем така да искаже почит кон авторскиот труд, за кој во МОН велат дека не важи Законот за авторски права. А за што важи тој?
 
Ljubica Sevdinska
Konkurentnata kuka Prosvetno delo ima iljadnici avtori, no ne se javuvaat site da ja obvinat Makedonska iskra. Se javuvaat samo onie koi bile navistina izigrani, iskoristeni i otfrleni ili sami se povlekle sakajki da si go zacuvaat svoeto dostoinstvo. Kako moze da se laze tolku perfidno deka spomenatite avtorki nikogas ne sorabotuvale so Makedonska iskra i ne bile nivni avtorki?! Togas otkade nivnite iminja kako sorabotnici vo rabotnite listovi za lektira, namesto da stojat na koricite kako avtori? Pokraj Milka Minovska i Stojka Daskalova, vo timot na izigranite avtori sme jas i Zorica Rusevska. Vo tek e sudski proces sto go pokrenav protiv Makedonska iskra zaradi neisplateni honorari i zaradi krazba na mojot trud - priracnikot za petto oddelenie Jazikot nas makedonski, koj go napisav samo jas, a se stavi kako koavtor sovetnickata Nada Nikolovska, vo vtoroto izdanie dodade tret avtor - prof. Snezana Velkova, a vo tretoto izdanie moeto ime voopsto ne figurira ni kako tret koavtor. Za ishodot od ovoj sudski proces ke bidete izvesteni. Vi cestitam za visokata profesionalnost i upornosta da ja istrazite i iznesete na videlo neeticnata dejnost na ovaa izdavacka kuca cija edinstvena cel e licniot profit.
 
Bibi
Javna tajna e deka Makedonska iskra e na Nada Nikolovska, sovetnik vo Biroto za razvoj na obrazovanieto. Taa so godini e avtor, izdavac i sovetnik. Taa vlijae na nastavnicite od pozicija na sovetnik koj ucebnik da go izberat. taa se krie zad drugi imina i prezimina koga treba da lobira za svoite ucebnici. Koj li ja tolerira vo drzavava. So site vladi opstojuva.Ova nigde vo svetot go nema. Neka se opredeli ili izdavac ili sovetnik kako sto napravi poranesniot sovetnik Jovica Stefanovski, sopstvenik na Albi.
 
Stojan Trajkov
Нада Николовска и усте неколку Советници од БРО, се очигледен пример на инволвираноста на БРО во учебникарството. Оваа е познато и указувано илјада пати, ама БРО и МОН изгледа не сакаат да се справат со толку очигледна противзаконита работа. Ред е директорката на БРО да си даде оставка по многуте глупости направени и јавно искажани
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski