|
|
Даме Груев бил пијаница, а Илинденското востание глупост |
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Тезата од групации во Скопје за промена на името во спорот со Грција не е нова и немаше да вџашува толку да не почнуваше хистерично да се развива со извртување на македонското минато и со креирање современи пораки врз основа на лаги за илинденскиот период |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

Понекогаш човек не им верува на своите очи. Гледа, чита, па одново, па уште еднаш, ама испаѓа дека не се лаже. Тоа што го гледа и чита е верно.
Вистината и за овој настан е малку поинаква. Македонската историја на песната не и посветила внимание како на историски извор од повеќе причини: Груев бил аскет (никакви негови пороци не споменува дури ни Анастас Лозанчев, кој не го поднесувал); во Русиново, беровско село крај кое Груев загинал во декември 1906 година, можело да има по некоја исушена слива и по некоја чашка ракија, но не и вино за целата чета, дури и во чорбаџиска куќа како што била таа каде што отседнал Груев; смртта Груев го стигнала на место што е најмалку два часа одење оддалечено од Русиново, па не може да се објасни како „земја пијаниот“ војвода можел да стигне до таму во услови кога имало половина метар снег под нозете и снежна виулица над главата; битката започнала околу 11 часот претпладне (Македонско-одрински преглед од 6 јануари 1907 г.), па е неверојатно дека Груев и четниците се опиле толку многу, а толку рано; Груев бил ранет и токму поради тоа Христо Матов вели дека бил забавен во движењето и загинал заедно со Карчов, кого не сакал да го остави на цедило; целиот настан се случува на 23 декември, пред Бадник (иако има мала забуна околу календарите), што значи дека биле во тек божиќните пости, на што секој војвода морал сериозно да внимава („покрстувањето“, односно воведувањето нови членови обично се вршело во црква за да се потенцира преданоста кон Бога). Кога сето тоа ќе се собере, станува јасно зошто опцијата за пијанство на Груев како причина за неговото загинување не била досега земена сериозно и зошто ВМРО 21 година подоцна го ликвидира Белчев (како предавник), кој тие кобни денови го пречекал Груев во Русиново и инсистирал тој да престојува во куќата каде што бил затекнат од Турците. Можеби Белчев не е ликвидиран поради сомнеж за предавство, туку поради тоа што му ставал вино на винопиецот Груев во устата? Кафе за Караманлис Така доаѓаме до целината на приказната. Питу Гули бесполезно загинал зашто учествувал во мит чија алтернатива биле реформи. Даме Груев, чиј мозок го испило виното, е виновник за погромот на ВМРО (наспроти тоа, факт е дека многу војводи го прифатиле востанието зашто сметале дека турските провали во мирно време ќе ја уништат организацијата), а Гоце и Ѓорче биле против револуцијата, од што може да се заклучи дека сакале мирен соживот со империјата на султанот. Од така одржаната историска лекција, денес би требало да научиме и да сфатиме дека отпорот кон барањата на Грците за промена на името на нашата држава и идентитетот на македонскиот народ треба да се напушти, да се прифатат условите од југ и така да се европеизира Македонија. Оти, ако нејзиното Илинденско востание е мит, ако тоа востание е кренато поради инсистирање на еден Бугарин (Гарванов, кој во мај 1903 завршил во затвор поради солунските атентати), на еден бонвиван како Сарафов, кој ги лажел луѓето со интервенција на 300-илјадна бугарска војска, и на едно пијаничиште како Груев, тогаш таа земја навистина нема историски корен на кој може да се повикува (интересно, во своите Спомени погоре споменатиот Лозанчев за „избрзаното“ востание по пет века ропство го обвинува Гоце Делчев). А, ако тоа е така, тогаш нема зошто Македонија да биде тврда кон грчките барања. Тоа е едната димензија. Другата е во идејата да се докаже дека македонскиот народ со наводната одбрана на идентитетот и на името, денес го лажат така како што груевци, сарафовци и гарвановци го лажеле пред 106 години со востанието. И, ако продолжи вака, ќе заврши така како што завршил и во 1903-та. Затоа, подобро е да се молчи, да се наведне главата, а кубурата да се чува за не дај Боже. Но, проблемот е во тоа што секогаш има нешто што ја нарушува домашната сметка. Дури и да е сето тоа точно (востанието да е мит и глупост, а Даме случај што денес би завршил на лечење во Бардовци), дури и самиот Трајановски да стане премиер на Македонија и како таков да му носи кафе, кроасани и сок од портокали в кревет на гордиот Македонец Караманлис, тоа нема да го смени фактот дека националната припадност на еден човек е индивидуално право што не може да се реши со меѓународни преговори, уште помалку може да се стави на хартија што се именува како меѓународен договор. Најмалку, пак, тоа може да биде предмет на присила преку која ние треба да бидеме европеизирани така што ќе бидат прекршени сите универзални и европски документи за човекови права донесени од истите тие што нé уценуваат. И тоа е законитост, како што е законитост дека Сонцето изгрева на исток. А глупавата револуција е токму тоа: обидот со заплашување, пропаганда, закани и сила да се измени таа законитост и да се наметне нешто што не е слободен избор на секој човек поединечно. Грчкиот мит за Павлос Мелас Митовите не се наш изум. Од тоа време, посебен е грчкиот мит за херојот Павлос Мелас, кој во есента 1904 г. бил испратен да подготви терен во Македонија за нејзино враќање кон грчките корени. Полн со верба, тој се упатил кон Костурско и не можел да се изначуди што во селата малку подалеку од границата кај р. Бистрица луѓето не зборуваат грчки, ниту пак им даваат леб на своите „ослободители“. Мелас загинал кратко време по започнувањето на мисијата, а според грчката верзија на настанот, за тоа биле виновни комитите што пратиле лажен абер до Турците дека во куќата во која се сместил Мелас со четата се наоѓаат луѓе на ВМРО. За настанот Грците имаат снимено и филм, во кој откако е смртно погоден, Мелас ги изрекува последните зборови во стилот: „Чувајте ми ја Македонија“. Подоцна се покажало дека е многу веројатно оти Мелас бил погоден од зад грб од свој соборец за да му биде земено ќесето со пари што го носел, но тоа не го менува грчкиот мит за него, ниту пак ги натера Грците да не го слават преку Музејот што во чест на овој човек е изграден во Костур. Патем, селото Статица, каде што тој загинал, денес го носи неговото име, а самиот Мелас е претворен во симбол на грчката борба за Македонија. Тоа е таа иста Македонија во која не можел да добие ни парче леб, како што плачливо и се жалел на својата љубов Наталија во едно од првите писма есента 1904 г. Но, и покрај тоа, денес, никому во Грција не му паѓа на памет да каже дека нивната борба за Македонија е мит и дека од тоа треба да извлечат поука што ќе ги натера, нас, „скопјаните“ да нé остават на мира. Напротив. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| Веста е прочитана: 3217 Оценка: 4,37 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||