Нови предмети, екстерни тестови и оценки за наставниците


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Наташа Бошковска
Турлитава
Кога домаќинките не знаат што да зготват, обично вадат од фрижидерот сé што има во него и ставаат сé на едно место. Турлитава. Стави сé што имаш, подзапржи, потпечи, па ќе испадне вкусно јадење. И ова со клиникиве испаѓа некако ...
 
Мирка Велиновска
Малодушниот цинизам го сквернави Илинден
Илинденските говоранции 20 години се шаблонизирани, измиени од секаква лична карактеристика на политичарот-говорник. Во тие писанија, кои веројатно се уредно архивирани, ако ги препрочитаме, нема да најдеме ни визија ни ...
 
д-р Тамара Ќупева
Учители, родители и детето во нас
Севкупното човечко формирање го детерминираат три клучни фактори: воспитните влијанија, учењето и работата. Во нив се препознаваат основните аспекти што ја создаваат личноста: семејството, училиштето и општеството ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Наставниците и професорите првпат законски ќе бидат заштитени од уцени и притисоци за оценки што ги добиваат од родителите пред секое полугодие или пред крајот на учебната година

 
 
  
Средношколци без учебници, доцнење на комплетите книги за десетици ученици, преоптовареност со часови, особено за оние деца во одделенска настава, наставници што биле на обуки, а кои воопшто не ги користат компјутерите што им ги додели државата...

Ова се само дел од проблемите што се очекува да се провлечат и во претстојната учебна година. Покрај тоа, годината ќе почне со необновени санитарни јазли во голем број училишта, без нови училишни згради, кои беше најавено дека ќе се изградат, како и без обнова на старите бараки во кои ученици учат со децении.

Наспроти тоа, Министерството за образование и наука (МОН) најави неколку новини, кои првпат ќе почнат да се реализираат оваа учебна година. Ќе се воведат два нови предмети во петто и во шесто одделение – етика и етика на религиите, а ќе се спроведе и екстерно тестирање на крајот на учебната година. Освен тоа, наставниците првпат и законски ќе бидат заштитени од уцените и од притисоците за оценки што ги добиваат од родителите пред секое полугодие или пред крајот на учебната година. Се очекува од овој септември сите учебници да бидат достапни за учениците во електронска верзија.




Уште еден нов проект што ќе почне да го спроведува Државниот просветен инспекторат е оценувањето на наставниците. Предвидено е тие да добиваат оценки за нивната работа, а резултатите ќе кажат дали заслужуваат да добиваат пониска или повисока плата.

- Знаете дека веќе спроведовме пилот-проект, а наставниците беа оценети со единици и двојки. Ова ќе почнеме да го правиме редовно, инспекторите ќе одат на терен и ќе ја следат нивната работа. Тие оценки ќе се доставуваат во Државниот испитен центар, кој ќе ги рангира според постигнатиот успех. „Слабите“ ќе имаат пониски плати за 10-15 отсто – вели Џорџе Арсов, директор на Државниот просветен инспекторат.

Некои наставници со кои контактиравме сметаат дека има шанси и годинава да има проблем со дистрибуцијата на учебниците. Освен тоа, предупредуваат и дека наставните програми се преобемни, особено оние според кои учат децата во одделенска настава.

- Третоодделенците во деветтолетка имаат по 26 до 27 часа неделно, што претставува вистинско преоптоварување за седумгодишни деца. Мора да се преземе нешто во врска со тоа – вели одделенски наставник во „Живко Брајковски“.

Како што тој вели, голем број наставници не ги користат бесплатните лаптопи што им ги подари државата. Многумина од нив не одат на обуки за користење компјутерски програми, а и тие што биле со мал дел исклучоци не ги применувале знаењата во наставата.

Претстојната учебна година ќе почне без предметот македонски јазик во распоредите на првачињата-Турци, Албанци и Роми. Откако уставните судии ја прогласија за неуставна оваа новина, министерот Тодоров не кажа дали планира со измени во законите повторно да го воведе изучувањето на официјалниот јазик на државата.







Каде се двете нови училишта во Аеродром?

Лани во јуни, екс-министерот за образование и наука Перо Стојановски и Ивица Коневски, градоначалникот на Аеродром најавија дека ќе изградат две нови основни училишта – едното во Реонски центар, а во другото требаше да учат децата од „Димитар Македонски“. Од новите згради денес нема ништо, иако според тогашните најави на Коневски и на Стојановски, децата требало да почнат да учат во нив од 1 септември.

Вчера во општината рекоа дека изградбата ќе почека, бидејќи нема пари за тоа.

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) вчера не кажаа колку точно училишта е планирано да се изградат, а колку се изградени, колку требало да се обноват, а колку се обновени. Не кажаа ниту колку пари државата предвидела за оваа намена, а колку потрошила. Оттаму кратко одговорија - „одговорните за овие проекти се на годишен одмор“. На одмор е и министерот Никола Тодоров.





Новини во учебната година?

•  Се воведуваат предметите етика на религии во петто и етика во шесто одделение

• Сите учебници ќе бидат достапни во електронска верзија

• Ќе се спроведе екстерно тестирање

• Ќе се оценува работата на наставниците

• Ќе има казни за родителите чие дете малтретира наставник

• На петтоодделенците првпат ќе им предава и одделенскиот наставник, но и неколку предметни наставници






Проблеми што ќе се провлечат и годинава:

• Немање во сите училишта соодветна инсталација за употреба на компјутерите и на лаптопите во наставата

• Средношколците ќе останат без учебници

•  За основците ќе се дистрибуираат помалку учебници отколку што треба

• Учениците ќе бидат преоптоварени со часови, особено оние во одделенска настава

• Проблем со наставници што не биле на ниту една обука за компјутери

• Проблем со обучени наставници што не ги применуваат знаењата во наставата

 
   
Автор: Антонија Поповска-Христов  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 488          Оценка: 2,89  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
mene
za tie saati efektivna rabota platata e mnogu.treba da bide poniska,sekoj vtor stana nastavnik(pedagoski)
 
Kornelia
NOVINI VO UCEBNATA GODINA: (1) Za etika na religii i etika Bravo, iako ke padnat decata vo konfuzija uste vo samata ucilishna zgrada/kukarka/baraka. No dobro e , mozebi decata ke ne potsetat sto e toa etika i moral otkoga ke naucat. Ke si dojdeme na osnovnoto "vo decata e silata i idninata" (mozebi ako dade Gospod). Ovde ke se napravi utka samo ako se vovede pogreshen pristap kon ovie predmeti i se odi na klasicno " predadi/isprashaj/staj ocena" sistem. Ovie predmeti ke dadat rezultat samo ako se relaksiracki interesni i poucni za decata, a za da bidat takvi ke zavisi od nastavnikot (koj nesmee pak kako covek da e totalna sprotivnost od ona sto go predava). Ako se odi na nerazbirlivi frazi nesoodvetni na vozrasta ( kako sto e slucaj so Gragansko obrazovanie) pak utka. Do tie sto pisuvaat ucebnici >> Koga pisuvate treba da znaete za kogo pisuvate , a ne da gledate da ostavite vpecatok kaj kolegite kolku ste vie elokventni i kolku mnogu znaete i uste toa da vi e povazno od namenata za koja pisuvate. (2) Fala im !!Uste da dadat toneri , prosecno po 4 na ucenik, za da si gi ispecatime, oti sednat pred kompjuter i da gledash vo ekran tolku dolgo nemoze i ne e zdravo. Vtoro, nie se borime da gi odlepime od kompjuter decata, ova pak bi gi zalepilo ( vo otsustvo na pecateni PDF fajlovi od po 100-140 strani po predmet, a predmeti min.13). (3) Taka e , fala bogu, bravo!! No prvo da sprovedat i obezbedat, soodvetni nastavni programi i nastavnici i uste povazno da sostavat soodvetni testovi, a ne kako so maturskite testovi " vidi sega izgleda testot beshe potezok". I na kraj ne se krivi decata ako nekoj ne im predade znaenje, krivi se ako ne sakaat da ucat i ne se vnimatelni na casovi za sto ima fini i ne tolku fini merki primeneti zaednicki od roditelite i nastavnicite. Loso e i toa sto na ucenicite bi im se menuvala krajnata ocenka, a na nastavnicite platata, pa i ednite i drugite se pod tolkav stress , sto ednite dozivuvaat blokadi pod strav (oti neli ocenkite se vazni za upisi ta vo sredno ta na fakultet>>katastrofalno gresna povrzanost, sabotaza na evolutivniot razvoj kaj decata i oddalecuvanje od procesot na edukacija, zapecatuvanje na sudbina uste od 1vo oddelenie, sto e non sence), a drugite (nastavnicite) za sekoj slucaj pisuvaat i poniski oceni. Drug e faktot deka edna ocenka ne e odraz samo na naucenoto tuku i na aktivnosta na cas, posvetenosta kon predmetot, zalaganjeto i sl. Nikogash ocenkata ne bila odraz samo na isprasuvanje, barem ne vo moe vreme. Kako toa eksterno ke se oceni?! Zatoa ima sistemi, kade postojat dupli sveditelstva, edno redovnoto, a drugo od eksterni testiranja. Se podnesuvaat dvete pri upisi, i site dobro znaeme deka taka stokmeni edno do drugo tocno ke pokazat za kakov ucenik se raboti (vrskadzija, posveten no tolku mu dal gospod, ili ekstra), a i za kakvi roditeli so mala analiza. Vtoro mislam deka e neprifatlivo ednokratno ( na kraj na godina) eksterno testiranje, osobeno e neprifatlivo zaradi vozrasta i stepenot na obrazovanie koi se testira. Cel materjal po eden predmet naednash e mnogu za decata vo osnoven stepen na obrazovanie. I na fakultet imate moznost za polaganje na ispiti parcijalno preku kolokviumi, imate pismen i usmen del (nekoj e podobar na test, nekoj e podobar verbalno). Ako ostane vaka, edno testiranje na kraj na godina, testovite treba da bidat za glavnoto od materjalot, a ne optovareni so detali. Mozebi treba da se razgleda sistem na fazno eksterno testiranje, ako testirame i za detali. Treto sto treba da se smeni se samite sveditelstva kade ke bidat vidlivi ocenkite po tromesecja. Znaci eksterno DA, no fino osmisleno so zemeni vo obzir site aspekti. (4) Bravo za ocenuvanje na nastavnicite....No da gi sredevte prvo nastavnite programi i da gi revidirate katastrofalnite ucebnici, ke dovedeshe do situacija porealno da gi ocenite, vaka ke dade negativni posledici i negativno oceneti i par excelance nastavnici. (5) Ucenici koi maltretiraat nastavnici samovolno, a ne po nalog i so poddrska na roditelite, se asocijalni deca, za cie stavanje na prav pat e potrebna zaednicka angaziranost na roditelite i na nastavnata institucija (nastavnici, psiholozi i pedagozi), kade kaznata za roditelot ne bi resila ama bash nisto vo slucai koga roditelot e bespomoshen nesto da stori zatoa sto pak zdravstvoto ni e katastrofa pokraj obrazovanieto. Ucenici koi toa go pravat so podrska i dozvola na roditelite se problem na socijalnite sluzbi vo drzavata i toa ne kako pedinec tuku kako semejstvo, a pak kaj nas i tie ne funkcioniraat vo smisla na celta za koja se formirani i postojat, sto ke rece i tuka kaznata nema da pomogne voopshto. Zatoa mislam deka ova e nedorecena rabota, zosto mozesh da kaznuvash samo ako prvo obezbedish uslovi "deloto" da se reshi vo instituciite i so nivna podrska. Vaka "kazni nastavnik/kazni roditel" , a nisto drugo neresheno sto bi go sprecilo ili namalilo nestoto za sto kaznuvash e glupost i toa glupost bez granici, oti neli gluposta nema granica. ( 6) Zosto?! Cel / ideja?! Vo princip oddelenskite nastavnici se poslabi vo gradivoto. Vo moe vreme, koj nemozeshe da se zapishe na nekoj posaglam fakultet se zapishuvashe na pedagoska, sto znaci sto beshe slab ucenik, a za da zavrshi fakultet ideshe ili pedagoshka ili geografija, sega se tie oddelenski nastavnici vo cutot na svojot raboten vek, zatoa nekogash i ne se cudam od nastavniot kadar vo zemjava. Isklucoci ima tolku malku sto ne se gledaat i se generalno od postarite generacii nastavnici)...nekoi edvaj cekaat da otidat vo 5to za nesto da naucat....nelogicno resenie.
 
Kornelia
PROBLEMI STO KE SE PROVLECAT I GODINAVA (1). Nemavme ni nie kompjuteri, no imavme nastavnici par excelance, pa izlegovme zdravi generacii. Vo ucilishte treba da ima audio vizuelni pomagala po odredeni predmeti, a ne se tolku esencijalni kompjuterite. Da mi kaze nekoj sto ke mu e kompjuter na nastavnik ili ucenik na cas po biologija, hemija, makedonski jazik i literatura muzicko ili likovno, pa bi rekla i matematika i fizika. Na cas se predava gradivo, potrebna e interakcija ucenik-nastavnik, diskusija vo pravec na intrigiranje i na onie ucenici koi ne se bash fanovi na dadeniot predmet. Navistina ne ja gledam potrebata od kompjuteri vo ucilnicite. Eden kompjuterski centar da, po predmetot informatika i kako mesto kade periodicno ke se odrzi cas po nekoj drug predmet, ako za toa treba kompjuter. (2) i (3). Onie koi nema da dobijat ucebnici VO TVRDA FORMA (hard copy sto bi rekle) treba da ja bojkotiraat nastavata bez premisluvanje i masovno ( ta srednoskolci ta osnovci), zatoa sto toa e zadolzitelno obrazovanie po zakon , sto znaci drzavata ima dolznost da obezbedi uslovi za nastava megu koi spagaat i ucebnicite, a nie plakame danoci samo zaradi obezbeduvanje pari na drzavata da si gi izvrsuva svoite dolznosti ( takozvani budzet). (4) Masovni protesti na roditelite bez popustanje (ucete malku od Albancite) ke go resi problemot. Nastavnicite treba da gi podrzat kako sto gi podrzavme nie koga strajkuvaa za plati. So preoptovaruvanje na Vasheto dete mu se unishtuva duhot mu se gubi smislata na zivotot i percepcijata za nego, sto ostava dalekusezni duhovni posledici i asocijalni odnesuvanja.(5) Ne e problem sto nastavnicite ne bile na obuka za kompjuteri tuku sto ne bile na obuka za nastavnici i sto ja rabotat rabotata bez ljubov i uzivanje. I mojata rabota e slabo platena no jas toa sakam da go rabotam, uzivam koga go rabotam i go rabotam so ljubov. A ke se boram za podobruvanje na mojot finansiski status na drug nacin a ne preku neprofesionalno izvrsuvanje na mojata rabota. (6) Ova poslednovo Antonija ne ti go razbiram ili se odnesuva na onie koi bile na kursevi za kompjuteri a ne primenuvaat kompjuteri?! Kako da primeni kompjuter nastavnik po makedonski jazik i literatura?! I da go osmishljava casot po makedonski so kompjuter ke osmisli eden do dva casa, i tie ke bidat utka. Podobro bi upotrebil kasetofon, cd player ili video. Se pravi farsa od ova so kompjuterive. (7) Koe Antonija ne go stavi, se sanitarnite cvorovi vo ucilisnite zgradi, a poveketo se kukarki/skapani baraki, problemite so ogrevot vo zima, skrsenite prozorci, katastrofalnite klupi i stolcinja, skafcinja retko kade ima ( izgleda ne gledaat USA filmcinja gospodata od ministrestvo)......Predlog >> Nema tehnicki uslovi za nastava, decata doma, da vidam dali ke kaznat 700 roditeli vo 700 ucilishta ( brojkite od rakav , no ne sum daleku), ili ke zagreat toa mozocite i ke rebalansiraat budzet. Ova kako predlog oti kako nacija ne mrzi da protestirame na ulica, pa eve doma sedejki=protest.
 
Сузана
Веќе подолг период наставниците се заплашувани од МОН , Биро за развој на образование , а сега и од Државниот испитен центар . Наставниците се веќе доволно казнети со малите и нередовни плати , понижувачкиот однос од родителите , учениците ... Образовната политика ја кројат најчесто луѓе кои никогаш не одржале час , па затоа поставуваат погрешни цели . Мислат дека врвна вредност е знаењето и примената на компјутерите , тоа што младите прифатија погрешни вредности , што бесцелно го поминуваат времето дома покрај компјутер ,не нешто да научат, туку да озборуваат по Фејсбук и др. -тоа за нашето опшпество е неважно и не ги алармира ни родителите ни другите фактори одговорни за иднината на младите. Така најлесно е удри по оние кои не можат да се одбранат и едвај егзистираат од бедната плата .
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski