Берово два дена беше во знакот на етно-фестивалот

Останати вести
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
Bookmark and Share
 

Со егзотичниот танц на светски познатата танчарка Паола Блантон, која дефилираше по улиците на Берово, а по неа одеа музичари свирејќи на зурли и тапани, во четвртокот беше означен почетокот на манифестацијата „Етноплоштад-фестивал“, во Берово

 
 
  
А не само беровчани туку и големиот број туристи од државава и од странство два дена уживаа во музиката, танцовите, традиционалниот саем на локални производи, со што на убав начин беше прославен празникот Успение на Пресвета Богородица.

- Не случајно одлучивме овој фестивал да го сместиме токму за време на празникот Успение на Пресвета Богородица. Тогаш Берово е најпосетено, па така луѓето полесно ќе можат да се запознаат со културните вредности на Малешевијата. Целта на оваа манифестација е промовирање на македонското културно наследство, но и културите на сите учесници на фестивалот – изјави градоначалникот на Берово, Драган Наџински.

Целиот град два дена беше во знакот на фестивалот. По улиците можеа да се видат голем број тезгиња на кои се продаваа различни ракотворби, резби и слично, на кои постојано застануваа заинтересираните купувачи, особено странците.

Особен впечаток остави и настапот на гостите од Словенија, кои во комбинација со нашите музичари Бајса Арифовска и Ратко Даутовски, покрај нивната авторска музика, изведоа и преработки на познати македонски теми, што беа одлично прифатени од публиката. Но, покрај Словенците, и другите учесници имаа одличен настап, меѓу кои и фолклорните групи КУД „Струмјани“ од Бугарија, КУД „Фрула“ од Србија, како и македонските друштва КУД „Копачка“ од Македонска Каменица, КУД „Никола Ј. Вапцаров“ од Скопје, КУД „Вила Зора“ од Велес, КУД „Руши Шакир“ од Куманово и етно-составот „Монистра“.
 
   
Автор: Б.С.  
 
   
Веста е прочитана: 20           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski