Со „Дружината братско стебло“ пораснаа многу генерации


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Весна Дамчевска
Културни лета - среќа што не траат подолго од летото!
Сузана Спасовска во општината Сопиште! „Црвена јабука“ во Карпош! Брачната двојка Петрески секаде по малку... Различни естетики за различни вкусови, ќе се одбранат организаторите. А тоа што во програмата речиси нема Е од ...
 
Mирка Велиновска
А да не се жртвувате за државата!?
Благодарение на рамковниот, Македонија стана инвалидизирана држава, ама сите се согласија да го прифатат и тој ултиматум за наше општо добро. Убедувањето на Црвенковски дека со рамковниот се исцрпеле и најрадикалните големоалбански ...
 
Ивица Боцевски
Последно навраќање на 24 декември
Што се случи на 24 декември 2012 година? Наједноставен одговор би бил да ги наведам спротивставените мислења на македонските политичари и општественици, па да понудам некое свое помалку или повеќе избалансирано мислење за настаните ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Децата сакаат да читаат лектири во кои главни јунаци се нивни врсници. Најмалите читатели најмногу ги сакаат сказните и басните, децата од петто одделение нагоре претежно читаат книги со научнофантастични теми, а тинејџерите ги сакаат книгите за првите љубови од Горјан Петревски. Од незадолжителниот избор кај девојчињата најомилени се делата за Сара Кеј, а момчињата лудуваат по книгите за Хари Потер

 
 
  

ЛЕКТИРИ -  ОМИЛЕНИ ЧЕТИВА ЗА  НАЈМЛАДИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ РАСПУСТ

„Зоки Поки“, „Касни порасни“, „Шеќерна приказна“, „Втората смена“, „Децата од Павловата улица“, „Големи и мали“, „Дружината братско стебло“, „Колибата на чичо Том“, „Том Соер“, „Хаклбери Фин“, „Ранолетните орли“, „Како се калеше челикот“, „Приказни по телефон“, „Хајди“, „Козета и Гаврош“, „Пајажината на Клементина“, „Малиот принц“... Ова се само некои од насловите на убавите книги за деца, со кои тие учат да читаат, но подоцна ја развиваат својата имагинација и ги учат првите животни лекции. Со овие безвременски дела израснале многу генерации, а веруваме дека и во иднина ќе бидат омилена лектира. Листата на зададените книги што учениците треба да ги прочитаат, најчесто за време на летниот распуст, одвреме-навреме се менува, но некои од книгите се дел од историјата на омилените детски лектирни изданија веќе стотина години.

„Доктор Офболи“ нѐ учи на хуманост

Летото е идеален период за дружење со книгата, бидејќи децата не се оптоварени со училишни обврски и имаат многу слободно време. Но во добата на дигитализацијата и технолошките достигнувања, за жал, сѐ помалку деца седнуваат да читаат. Најчесто тие времето го минуваат пред компјутер или пишувајќи СМС на своите мобилни телефони. За среќа, има и исклучоци, деца на кои книгите сѐ уште им се најверни пријатели, кои во еден здив ги читаат омилените лектири. Доказ за тоа е податокот дека во библиотеката „Кочо Рацин“ во скопската населба Автокоманда ова лето имало вистинска навалица за лектирни изданија.

Мери Анчевска, ученичка во четврто одделение, ни откри дека ова лето била навистина вредна, па ги прочитала книгите „Пинокио“, „Модричка тетратка“, „Шеќерна приказна“, „Двојната Лота“, „Народни приказни“, „Песнички“, „Басни“ и „Пипи Долгиот Чорап“.

- Омилена лектира ми е „Доктор Офболи“, бидејќи тој во книгата е претставен како многу хуман човек што ги сака животните и се грижи за нив. Јас најмногу сакам да читам книги што се поучни за мене и за околината во која живеам. Кога имам време, ги прелистувам и страниците на Детската илустрирана енциклопедија, каде што навистина има што да се научи. Овие енциклопедии се мали книги од 30 страници, но сите се различни и интересни - вели Мери Анчевска.

За жал, наставниците во основните училишта потврдуваат дека во последните неколку години децата не сакаат многу да читаат за време на летниот распуст и обично читаат само по две-три книги.

- Некои ученици читаат со сила, најмногу за да го исполнат барањето на своите родители, а други за да ги намалат обврските во текот на учебната година. Во просек секое дете чита барем по две-три дела предвидени за обработка во текот на новата учебна година. Но, за среќа, има и деца што ги читаат сите книги што им се дадени како лектири. Омилени им се оние за кои веќе слушнале од постарите другари или делата за кои слушнале од своите родители, браќа и сестри, кои бабите и дедовците им ги прераскажувале - вели Наташа Талеска, одделенска наставничка во ОУ „Браќа Миладиновци“ во скопската општина Аеродром.

Таа смета дека нема потреба од измена на листата на лектири, освен што може да се обноват веќе искинатите изданија по училишните библиотеки, но со истите книги во „нови корици“. Според неа, постојат квалитетни македонски детски писатели, како Ванчо Николески, Јован Стрезовски, Оливера Николовска, Горјан Петрески, чии книги допираат до детските срца и имаат влијание на формирањето на нивниот карактер.

Исти лектири, нови читатели

- Сѐ уште постојат книги со кои растевме ние, а растат и нашите деца. Затоа мислам дека лектирите не треба да се сменат. Актуелни наслови се „Доктор Офболи“, „Мице“, „Басни“ од Толстој, „Шеќерна приказна“, „Пипи Долгиот Чорап“... А ние растевме со „Волшебното самарче“, „Втората смена“, „Децата од Павловата улица“, „Големи и мали“, „Дружината братско стебло“... Јас, како одделенски наставник, во јуни на учениците им давам отпечатен лист со имињата на лектирите што треба да ги прочитаат за време на летниот распуст. Секогаш се задржувам на лектирите што се дадени од Министерството за образование и наука. Но во текот на учебната година во училницата си правиме библиотека од книги што децата сами ги носат од дома и сакаат да им ги предложат на своите другарчиња - вели Талеска.

И Драгана Кузмановска, наставничка во основното училиште „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче, вели дека бројот на ученици што читаат книги за време на летниот распуст денес е многу мал, но интерес за читање сѐ уште постои.



- Децата сакаат да читаат лектири во кои главни јунаци се нивни врсници. Најмалите читатели најмногу ги сакаат сказните и басните, децата од петто одделение нагоре претежно читаат книги со научнофантастични теми, а тинејџерите ги сакаат книгите за првите љубови. Од незадолжителниот избор кај девојчињата најомилени се делата за Сара Кеј, а момчињата лудуваат по книгите за Хари Потер. Но новото динамично време бара и менувања лектирите. Факт е дека учениците порано читаа повеќе лектири отколку денес, но кој е виновен за тоа, ерата на сеопштата компјутеризација или несоодветната содржина на лектирите што денес се обработуваат, тоа може да се дознае од самите ученици - вели Кузмановска.
Таа смета дека имаме многу квалитетни македонски детски автори, меѓутоа повеќето од нив се од средната или ѝ припаѓаат на постарата генерација писатели.

- Денес авторите што пишуваат литература за деца во Македонија се сѐ помалобројни, а освен тоа не донесуваат свеж ветер во нашата литература наменета за најмладите. Содржините на нивните книги често се копија на делата на авторите од претходната генерација, а многу често содржината на книгите не е соодветна на возраста за која авторот пишува - ни рече наставничката по македонски јазик Драгана Кузмановска.

Книгите на Горјан Петревски меѓу најбараните

Библиотеките работат во текот на целото лето за нивниот книжевен фонд да им биде достапен на најмладите. Нивните врати се широко отворени за младите читатели, кои секојдневно ги посетуваат овие образовно-едукативни установи, барајќи ги омилените лектири.

- Децата сакаат да читаат за време на летото и во просек земаат по 10 книги. Омилени детски лектири се сите серии на Хари Потер и сите лектири од Горјан Петрески, додека во безвременски книги можам да ги набројам „Двојната Лота“, „Хаклбери Фин“, „Пат околу светот за 80 дена“, „20.000 милји под морето“, „Гуливеровите патувања“, „Робинзон Крусо“ - вели Силвана Јакимова, библиотекарка во библиотеката „Другарче“ во Скопје.

Вработените во библиотеките најчесто на децата им препорачуваат книги од македонски автори.
- Нашата библиотека постојано се збогатува со дела од домашни автори, а најзастапен автор во лектирните изданија е Горјан Петрески. Освен лектири, децата обожаваат да читаат авантуристички и научнофантастични романи - додава Јакимова.

И во библиотеката „Кочо Рацин“ во Автокоманда постојано се изнајмуваат лектири, но децата сѐ почесто земаат и слободна литература. Библиотекарката Милхата Усеин вели дека насловите што се изнајмуваат секоја година се исти, со мали измени.

- „Улави години“, „Прва љубов“, „Гуливеровите патувања“, „Силјан штркот“, „Мери Попинс“, „Рибарот и рипката“, „Белата грива“, „За сите деца“, „Црно-жолти“, „Орхан“, „Малечката Фадета“, „Калеш Анѓа“, „Итар Пејо“, „Девојките на Марко“, „Втората смена“... се меѓу најбараните наслови во нашава библиотека. Оваа година, на наша голема радост, има вистинска навалица и зголемен е бројот на посетители и на издадени книги. Од слободната литература најбарани се книгите од серијалот за Хари Потер. Само што некој ќе ја врати, веднаш друг ученик ја зема книгата за младиот волшебник и тие ниту еден ден не се задржуваат во нашата библиотека - вели библиотекарката Милхата Усеин, која веќе 30 години е на ова работно место.
Таа додава дека децата повеќе бараат дела од странски отколку од домашни автори. Но кога бараат совет од неа, таа топло им ги препорачува насловите од домашните писатели за деца.


 

 
   
Автор: Сања Јачевска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 68           
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
 
  Powered by Dejan Jovanovski