ЕУ и САД две децении водат валкана војна против Македонија


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Дарко Јаневски
Македонски филм за лудиот и збунетиот
Нивниот идеал стана да бидат вработени како државни чиновници во држава што не ја признаваат и да седат зад шалтер глумејќи некаква власт над луѓето, сеедно од која националност се тие, што дошле да си завршат некоја работа. ...
 
Билјана Ванковска
Сакате помирување? Може!
Без оглед што зборуваат и што прават, политичарите се оние кои веќе се помирија и си простија, речиси веднаш по конфликтот, се чини, тоа е магичното дејство што власта го има и врз највоинствените. Не паѓајте на овие „пали-гаси“ ...
 
Ѓорги Сламков
Игри без граници
Дали заканата од ДУИ е за предложениот закон или во рамките на активностите за промена на името ќе покаже времето, но со нивниот чекор „тиквата пукна“. Лично не верувам дека проблемот е во законот, бидејќи во минатото ВМРО-ДПМНЕ ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Реални се шансите за шест години да одиме и третпат на вонредни избори. И повторно ќе се потврди волјата на мнозинството гласачи. Паметен свет знае дека повторување на оваа операција при фиксирана волја на мнозинството граѓани е политичко самоубиство за опозицијата. Но ако се повторува, тоа значи дека намерно се понижува народот што гласа за својот фаворит и му се испраќа порака дека македонскиот народ нема право на сопствен избор

 
 
  

РЕЦИКЛАЖА НА БУКУРЕШКИОТ ДОГОВОР

Идната година се навршуваат сто години од Балканските војни. Науката се подготвува за генерален осврт на настанот и процена на последиците од војните и мировните потфати. Некои истражувачи вршат анкетирање на балканските народи, вклучувајќи го и македонскиот, прашувајќи ги дали вистински чувствуваат последици од тие војни или, пак, ги доживуваат како фолклор, национални сказни и политичка пропаганда. Годинашната смислена и изведена провокација кај Слупчане со помош на претставник на македонската држава, министер кому му е доверено Министерството за одбрана, претставник на партија што е дел од владејачка коалиција, подобро од каква било анкета го дава одговорот. Балканските војни сѐ уште траат. И во нив, освен балканските народи и држави, и натаму активно учествуваат странските фактори со своите таканаречени национални и државни интереси.

МИРОТВОРНИТЕ ТАКТИКИ СЕ ИСЦРПЕНИ

Скандалот што го предизвика Фатмир Бесими не е случајна непромисленост што доведува до тешки последици. Тоа не е дејство преземено во некаков дух на некаков договор што бил погрешно протолкуван од група граѓани. Се работи за активирана бомба што предвидливо предизвикува жестока реакција.
Реакцијата потоа го отвора синџирот на следни настани. Еден од нив е институционална и политичка криза што се решава на два начина. Едниот е ново парламентарно мнозинство, вториот, предвремени избори. Во случајов, место за трето решение нема зашто од евентуален компромис, по ваква валкана провокација, има само победник и губитник.

Понижувањето на државата Македонија додека е на власт ВМРО-ДПМНЕ, а по минатогодишниот блам (неетички компромис) со амнестија на злосторници против човештвото, е „брцање во око“ на нацијата. Особено што таа е сведок на немоќта на државата да го спроведе Уставот во вакви непристојни ситуации. Останувањето на позицијата министер за одбрана на провокаторот Бесими значи драматично опаднат углед на Никола Груевски и Ѓорге Иванов. Поддршката што отворено му ја дадоа на Бесими двајца претставници на американската држава е навреда за македонскиот народ и држава. Затоа, предлог-законот за бранителите е логичен политички потег, но тој го стеснува маневарскиот простор за премостување на кризата. Одење на предвремени избори не ѝ одговара на опозицијата, но ни на ДУИ. Послаби се, а по овој скандал, сите се на јасно дека Груевски со преземените шаховски потези ќе излезе посилен од лани. Особено што минатогодишната операција за прелевање на гласачкото тело во опозицискиот контејнер заврши така што членството на монтажните партии се врати во матицата, а лидерите на тие инсталации во меѓувреме јавно се посрамотија. Некои завршија во затвор, а некои направија политички сојуз со СДСМ. Простата математика кажува дека американската амбасада со својата агентура ги потроши адутите за осипување на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Односно, ги исцрпи своите „миротворни“ тактики. Сега им останува уште она за што се специјалисти. Да се обидат со нова фингирана војна на која упорно повикува опозицискиот СДСМ и неговата логистика во медиумите кога заговара странска воена интервенција. Ама и тука има една замка. САД тврдат дека со формирањето на косовската држава, Дејтонскиот договор и рамковниот договор тие го стабилизирале Балканот. Евентуален воен конфликт во Македонија ќе им го урне целокупниот политички профит. Во услови кога и онака секаде во светот се гледа неуспехот на нивната политика на сила, ова би бил последен удар, особено што европските партнери се зафатени со должничката криза во своите земји.

Од друга страна, евентуално ново парламентарно мнозинство крие замка само за ДУИ. Бидејќи досега застапуваше некакво непишано правило дека во унитарна држава со мултиетнички состав има не еден, ами двајца победници што се принудени да коалицираат, без разлика на програмските и идејните разлики, прифаќањето коалиција со губитничката СДСМ надвор од изборниот процес ќе значи отстапка од тоа правило или, што би рекол Ахмети, Груевски по новите избори ќе може слободно да дејствува во духот на новата прагма и да си избере коалициски партнер по сопствена волја. Во овој пакет „дилеми“ намерно не ја спомнавме можноста за коалиција помеѓу ВМРО и СДСМ, иако некои ја посакуваат како излезна варијанта за социјалдемократите што се умрени за власт сама по себе. Едноставно, ја сметам за невозможна и крајно глупава зашто тоа ќе биде најкраток пат до формализирана федерализација на државата, и тоа во услови кога Македонија не е ни блиску до членство во ЕУ.

ДВАЕСЕТГОДИШНА СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА

Но овие технички детали се помалку важни од суштината. А таа, пак, се крие во следните факти: Од 2006 година, кога ВМРО-ДПМНЕ победи на регуларни избори, на победникот не му се дава со устав загарантираната позиција на четиригодишен мандат. Реални се шансите за шест години да одиме и третпат на вонредни парламентарни избори. И повторно ќе се потврди волјата на мнозинството гласачи. Паметен свет, добри аналитичари и рационални политичари знаат дека повторување на оваа операција при фиксирана волја на мнозинството граѓани е политичко самоубиство за опозицијата. Но ако се повторува, тоа значи нешто друго. Намерно се понижува народот што гласа за својот фаворит и на тој начин му се испраќа порака дека македонскиот народ нема право на сопствен избор. Неговата волја не се зема предвид. Како и по Балканските војни, на зелена маса при подготвување на Букурешкиот договор. Тоа, пак, значи дека овој состав на ВМРО-ДПМНЕ очигледно води јасна македонска политика и ги застапува суштинските македонски интереси што не им одговараат на оние што се грижат за континуитетот на дејствата произведени со Букурешкиот договор. Просто речено, од еден од потпретседателите на СДСМ, најголемата „маана“ на Никола Груевски е што тој му ја зацврстил кичмата на македонскиот идентитет. Ова не е нешто што не го знаеме. Неподносливата врева што се крена околу „Скопје 2014“, интересот што го предизвика подигањето на еден споменик на Александар Македонски, не се ни оддалеку теми за „забегано трошење народни пари“ туку првокласни политички прашања за демонтирање на букурешката ујдурма. Впрочем и суштината на спорот со Грција е во тоа: ако Република Македонија и Македонците влезат во ЕУ со своето име и идентитет, се создава европскиот регион Македонија што е единствениот начин за коригирање или релативизирање на одлуките донесени во Букурешт 1913 година, а сврзани со парчењето на Македонија. Тоа не е во интерес на соседите што се офајдија од тие војни и нивните европски поддржувачи.

Затоа дваесет години во Македонија се води специјална војна. Од моментот на прогласување на независноста, Македонија преживува тешки трауми. Непризнавањето од страна на ЕУ, прекршувањето на Повелбата на ООН при приемот на државата, оспорувањето на нејзиното елементарно право загарантирано со сите темелни акти, перманентните политички и економски блокади, отежнатата, условена и забавена интеграција во ЕУ, дрското непочитување на основните човекови права, отворените негирања и оспорувања на цел еден народ и неговото малцинство во соседните држави, насилната промена на уставот со помош на неутврдена војна што ја набљудуваше и координираше НАТО, рекомпонирањето на државното уредување, територијалната поделба по неуспешен референдум, перманентните обиди за дестабилизација, непочитувањето на хашката пресуда, двата атентати, вонредни избори секоја година.

Пораката е дека за Македонија и Македонците и ден-денес се одлучува без нив. За ваквата ситуација најмногу придонесува алатката наречена рамковен договор. Тој е оружје за уцени. А ДУИ и ДПА користат мафијашки тактики за остварување на своите цели. По последната трансформација преку октроираниот устав, Македонија е држава со вградена фабричка грешка. Води кон перманентна институционална криза. Според тоа, две работи мора да се доведат во ред наредните години. Потписниците и креаторите на тој акт (оние што сѐ уште се живи) да одат на суд за подривање на државата, а Уставот на Македонија да оди на преработка за работите да се доведат во ред.

ШТО НАПРАВИЈА САД ЗА МАКЕДОНИЈА?

Во сите овие изминати години се гради пропагандна перцепција дека САД, односно американските влади се голем пријател на Македонија. Не само пријател туку и стратегиски партнер. Во рамките на дипломатскиот говор официјалните претставници не пропуштаат да ни стават до знаење дека тие ја поддржуваат земјата, го почитуваат народот и сакаат да ја видат Македонија во просперитетното евроатлантско семејство во кое тие се патер фамилијас. Кога ќе ја разбуричкате архивата, особено оваа од последните дваесет години, ќе видите дека всушност не е така. Салдото покажува сериозен дефицит во меѓусебната трговија. Македонија многу повеќе инвестирала во САД отколку САД во Македонија. На пример, Вашингтон е последната од големите држави што го признаа уставното име на нашата држава, и тоа како инструмент за минирање на референдумот за територијалната поделба на државата.
Признавањето дојде на еден ден пред молкот - на два дена пред референдумот. Што е уште поважно, по признавањето, САД упорно работат на тоа да си го промениме името на државата и да се обезличиме, користејќи го дури и Метју Нимиц, кој дејствува како претставник на ООН, а не на САД. Македонија, поради грчките донатори на американските претседатели, секогаш учествува во американските избори. Така беше во два изборни циклуса на Бил Клинтон, така е и со Барак Обама. На првите избори му ја одработивме победата на Клинтон со Привремената спогодба, а за вториот мандат му помогнавме така што го трасиравме патот до војната во СРЈ преку признавањето на Тајван. Тој потег ја натера Кина да гласа против продолжување на мандатот на УНПРЕДЕП (набљудувачка мисија на ООН) и со тоа се отвори патот за нелегална војна на НАТО со СРЈ. На својот докажан пријател и стратегиски партнер Македонија му помогна така што дозволи преку нејзината територија да се оформи и опреми копнената база Бондстил. Македонија послужи и како најголем бегалски логор во Европа кога за еден месец доби 17 отсто население. Македонија се согласи да стане јатак-оаза за УЧК. Потоа, за интересите на својот стратегиски партнер преку фингирана војна, ни имплантира нов „политички“ субјект за кој преку својот специјален олеснувачки тим, Пердју - Фејт, обезбеди позиција на заштитени убијци што ќе ги контролираат македонските институции, а ќе бидат исплаќани со народни пари.

Македонија уште војува „рамо до рамо“ со САД низ Азија. За возврат, САД ја немаат вклучено Македонија ниту во еден вносен бизнис онаму каде што нивните компании остваруваат профит.
Единствениот бизнис што ѝ е доверен на Македонија е да ги чисти клозетите во Авганистан и во Ирак. А единствената награда е повременото доделување некакви воени медали за нашите војници и тапкање по рамо дека нашата армија ги исполнила критериумите за влегување во НАТО.

САД, со сета моќ што во светските институции ја имаат инсталирано, не направиле ама баш ништо за да го одблокираат патот на Македонија во светските интеграции. Тие дури и го попречуваат. Како што сега, во услови на светска економска и евроатлантска политичка криза, заткулисно ги блокираат обидите на Македонија да си ја прошири листата на партнери со држави како Кина и Русија и, така, што побезболно да се извлече од глобалната криза. Во сиве овие години ниту еднаш, со ниту еден свој гест или политичка изјава не застанале резолутно и недвосмислено на страната на Македонија. Вклучувајќи го и самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година. Според тоа, не се ни поставува прашањето што уште може малата Македонија да направи за големата Америка, ами токму обратното. Какво е ова партнерство во кое едниот партнер врши перманентен мобинг врз другиот?


САД, со сета моќ што во светските институции ја имаат инсталирано, не направиле ама баш ништо за да го одблокираат патот на Македонија во светските интеграции


Дрско игнорирање

 Годинава се случи монструозна ликвидација на четворица граѓани на Македонија кај Смиљковци. Дел од убијците се засолнија на косовска територија. Пол Волерс се закани дека одблизу ќе ја следел истрагата, односно правната процедура. На Косово е инсталирана американска воена база со целата софистицирана логистика. Таму се и НАТО и ЕУ. Убијците се под нивна заштита. Како што се и другите криминалци, убијци и гангстери по кои македонската полиција има распишано потерници. Ниту еден од нив (или сосема ретко) не ѝ е испорачан на Македонија, иако токму МВР во рамките на декларираната и договорена соработка, на своите партнери педантно им доставува најпрецизни податоци за тоа каде се сместени, каде можат да се најдат бараните лица. Немарност? Неспособност? Случајност или дрско игнорирање и понижување од страна на стратегискиот партнер?


Вонредни избори, редовна волја

Вонредно избиравме на 1 јуни 2008 година по самитот на НАТО во Букурешт. Вторпат отидовме на вонредни избори по неуспешниот обид за романска револуција преку А1 и газда Рамковски. Имено, на 5 јуни 2011 навистина „лисјата паднаа“ како што предвидуваше Радмила Шеќеринска, ама не на дрвото што таа го имаше предвид. Безлисниот трупец СДСМ на следните вонредни или редовни избори ќе излезе ептен гол и тотално компромитиран и поддржан од криминалци, профитери од балканските војни и нивните потомци, џепчии, непријатели на македонскиот народ. Последниот обид во Слупчане за „демократски“ преврат и изигрување на изборната волја на македонските гласачи искажана лани на 5 јуни, веќе ја прелеа чашата на трпение. Матрицата по која се изведуваат предвремени избори е толку позната што овој пат ќе се истури врз грбот на целата божемна опозиција, фактички антидржавни инсталации. Оти не се веќе во прашање ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното водство, ами непочитувањето на изборната (политичката) волја на мнозинството македонски народ.


 

 
   
Автор: Мирка Велиновска   Фотографија: Архива
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 8751          Оценка: 3,32  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Petre
Da ja dopolnam Mirka so uste eden mnogu znacaen i vitalen fakt. "POPIS" Redno e ednas da znaeme kolku nam ni pripaga od sopstveniot ni kolac. A tuka nasite gore navedeni partneri se oglusija i go ignoriraa popisot. Prvo "POPIS" pa potoa izbori..
 
Васко
Само едно неможам да разберам! ? До кога опозициата и нивните членови ке живеат во некоја си бајка , приказна, сон ? Само треба да се разбудат и од тој нивни зимски сон и да ја видат вистината. Нашите баби и дедовци кој животот го дале за ова пуста Македонија а ние сега таканаречени ''иднината на Македонија'' му се смеиме без никаков почит. Застанете на здрави нозе и немој да бидете себични и да мислите само на себе, дајте да му обезбедиме на нашите деца свои идентитет. За да знаат од каде потекнуваат. Поздрав до сите читатели
 
zik
цеца е главна на јужен балкан.кај нас неа не и можат ни pink floyd ни led zeppelin.баш мирка е главна за нашите балкански читатели...таа ке им напише тоа што сакаат да прочитаат...таа е цеца за нашето новинарство...
 
prijatel
Што е оваа руско-булгарска провокација овде? САД, и само САД, какви-такви, се едниствената држава која има пријателски тенденции кон Македонија во целата историја до ден денес. Во таа битка имаат страшно големи противници во „јужна русија (читај Булгарија)“ и сеевропските „цивилизирани“ националистички варвари.
 
M a r k o
Do Jovan. - Makedonija ima svoja stolica i sedi na nea. Makedonija ne e ni za Amerika, ni za Rusija. Taa e za sebe i samo za sebe. Vo napisot Mirka gi brani interesite dostoinstvoto i postoenjeto na Makedonskiot narod i drzava. Zenata e izvonreden novinar so mnogu znaenje koe go investira vo interes na siot Makedonski narod. Mnogu i blagodatam, i posakuvam dobro zdravje i sekojpat kako i dosega hrabro i umno da se drzi i dejstvuva.
 
aleks
odlicna analiza da im se otvorat ocite na makedoncite koi celata "vistina" ja dobivaat preku mediumite i se vo kompletna hipnoza daleku od realnite slucuvanja seuste se cudam kako moze grobarot i SDSM posle site zlodela sto gi ima napraveno na ovoj narod da ima solidno parlamentarno telo sto narod ke bevme zarem tolku im se krakti sekavanjata sto se se ima sluceno vo vremeto na crvenkovski ocigledno spin majstorite vo makedonija pod pokrovitelstvo na zapadot odlicno si ja imaat zavrseno rabotata na steta na makedonija se razbira da e ziva i zdrava mirka uste mnogu godini neznam koj drug bi pisuval vakvi tekstovi osven nea vo makedonija.
 
apologet
mirka li pravi analizi?Nejze li i se voshituvate?Od mesecina se gleda (osven voshituvacite) deka mirka samo odrabotuva za gruevski.Ako nekoj dve desenii uporno raboti protiv drzavata i nikoj ne moze da se sprotivstavi osven se razbira grujo, ama ovie domasnite predavnici i nelojalni koalicioni partneri ne mu ja pocituvaat ubedlivata izborna pobeda, pa sega covekot e frustriran i zatoa opravdano vo izliv na iskrenost ostro se nafrli na ahmeti.So netrpenie go cekame sekoj tekst na mirka da se voshituvame na nejzinata glupost.Mozebi nema da go objavite komentarov ako smetate deka ja navreduvam mirka, ama ako ja zastituvate kolumnistkata togas zastituvajte ne i nas citatelite od od nejzinite navredlivi tekstovi za site nas.
 
velkos
Не е прашање дали се Руско-Српски инсталации или не или кој каде ја врти Македонија. Во прашање е кој сака со опулени очи да ги види и размисли за фактите изнесени од Мирка со кои кои секојдневно се соочуваме и ги носиме на грб.
 
mirko miceski
ke bese dobro ako nebese tocno
 
ig or
Sekoja cest na tekstot. No, Mirka kako novinar koj go pocituvam sakam da mi objasni. 1. Sto znaci Todor Aleksandrov vo centarot na Skopje? Dali e toa menuvanje na istorijata, odnosno Gjorce Petrov e ubiec? 2. Sto znaci menuvanjeto na iminjata na ulicite vo Gostivar? Mesto iminjata na vojnicite od NOB ke se stavaat iminja na vojnici od UCK. Tamu vladee DUI. 3. Sto znacese amnestiranjeto na borcite od ONA vo Sobranie? 4. Kako moze Amerika da vlijae na parlamentarnoto mnozinstvo da raspise izbori i dali Nikola Gruevski e manipuliran? AKo ne e, dali togas toj gi potcenuva glasacite, kako sto stoi vo tekstot. Ova se prasanja i sakam licno da dobijam odgovor od g-ga Mirka Velinovska. So slast i gi citam nejzinite kolumni, ama ovde mislam deka pisva ednostrano, odnosno razbiram deka kolumnata e sopsteno mislenje za odredena rabota, no zabelezav mnogu kontradiktornosti.
 
a.d. dnevna politika
<Уставот на Македонија да оди на преработка за работите да се доведат во ред>. A na koj nacin ke se izvede toa draga kolumnistke, koga badinteroviot princip na odlucuvanje e vgraden vo ustavot ?!!?
 
Zoran brat mu na Goran
Bravo Mirka,ni trebaat uste 10 kako tebe patrioti pa da ja bide Makedonija, zarem ne gledate deka site sojuznici na Fasizmot da ne recam na Germancite vlegos vo Evropska Unija i se del od Nato ,a nie ostanavme na strana so strav na Grcite deka Makedoncite ke si go baraat svoeto zemjiste sto se prostira se do Larisa i Kavala,od Amerikancite nemame nikakva naklonost,tie si ja zavrsija rabotata na Balkanot,samo se plasam koga ke si zaminat od Kosovo i od Makedonija ,i koga ke im go svrtat grbot na Albancite, kakov Boj na Kosovo ne ocekuva,a Makedonija ostanuva na Makedoncite i na nikogo drug,a ako nekoj saka nekakvi prava ,neka si odi od tuka vo svojata maticna drzava pa neka si gi ostvaruva svoite prava (nevospitanje) a da ,i da ne zaboravam ,Amerika e na indijancite a ne na Amerikancite ,i ako nekoj igra prljavo toa se tie a ne nie Makedoncite DA ZIVEE MAKEDONIJA
 
Risto
Kako i sekogash, faktite govorat a vistinata boli. Gi boli zatoa shto javno se razotkrivat i se vperuva prst vo niv. Sigurno deka narodot seto ova go znaeshe, samo koga nekoj toa ke go napishe, togash mu go potvrduva mislenjeto. I ne treba samo Mirka da objavuva , vakvi posmeli i pokonkreti napisi. Gospoda novinari, sporedete gi vashite kolumni vo odnos so ovie na Mirka V. pa ke ja videte brojnosta na komentari a so toa i interesot na narodot za samiot naois. Ushte neshto, zoshto koga gi ocenuvam kolumnite na Mirka so 5, globalnata ocenka se namaluva? 3540 Ocenuvaci formiraja ocenka od 2.86, i so mojata 5-ka , ocenkata se zaokruzi na 2.84. Mislam deka redakcijata treba da odgovori na ova prashanje.
 
Biljana Svedska
Impresionirana sum od otvorenosta i iskrenosta vo textot, cija cel e da go zastiti makedonskiot narod, a ne nekoja partija. Prodolzete samo taka.
 
jas
"stivris Bravo Mirka mnogu mi e milo da nekoj kaj nas se trudi da im objasni na gradjanite nasi sto se slucuva .Golema blagodarnost do tebe i se razbira pozdrav od Avganistan." da da BRAVO MIRKA i pozdrav od AVGANISTA. zato sto tokmu ova mirka ti ja kroji dnevnata politika ti prijatele si vo AVGANISTA i ti letat krusumi nad glavata. Zaradi ova mirka, latas i drugite namesto da si vo MKD i rabotis i da napreduvas morase duri do Avganista da odis. Pozdrav do Mirka izgleda dojde vremeto Dosta nie od tebe i takvite hibridi kako sto si ti.
 
toni
Uste eden idiotizam od idiotski nastroen "intelektualec" demek jas znam da pisuvam kolumna puffff. Ova vlada na DPMNE osve mizerija i siromastija nisto ne donese duri nivniot patriotiza e laze. Neka proba grujo na izbori po ovie poskaupavnja na struja, parno , leb, benzi, odvaj diseme ne mozem ni osnovnite potrebi da gi zadovolime a nekoj plate intelektualec od tipot na mirka, latas i company sakat da mi solat pamet deka se se slucuva poradi DUI i SDSM i deka grujo e nevin onoj eve odi na roudshow za investicii pufff puffff.
 
dedo
Јоване. Те молам прво извади го чипот од глава и размислувај со својата глава а не со програма од чипот.Груески не отиде Русија него во БРИКС што значи кај 5 земји со БДП над 10 посто раст на година Исто и Кувајт кој е Амерички протекторат но само Русија Кина и Индија одговорија и не се исплашија од Америка. Останаа уште Бразил и Јужнаафрика од БРИКС каде не беше Бече пречекан со најголеми почести ???????? Уклучи го паметот зошто/Размислувај сам немој некој за тебе да мисли главата ти служи за размислубање не е само за фризури За написот немам коментар јас сум добил од бога УМ И РАЗУМ Да мислам со ум а размислувам со разум.
 
ris
se e toa vistina zatoa treba da ni bide najprvo makedonija a posle partiskite interesi ili deset Makedonci edno mislenje,a ne 10 Makedonci 10 tezi
 
Prozapaden
Ushte eden dokaz za amerikanofobijata na Mirka Velinovska. Ja prashuvam: ako SAD rabotele protiv RM, zoshto dosega ne ne unishtea isto kako shto unishtija nekolku drugi rezhimi? I zarem ke vlozhea nad miljarda dolari vo RM? Praktichno Mirka odrabotuva za SDSM. Nejzina cel e da ja skara vladata so SAD, a potoa, otkako premierot ke se najde vo sudir so najmoknata drzhava vo svetot, lesno ke gi zagubi izborite zatoa shto nikoj dosega ne gi pobedil SAD.
 
Владимир
Мирке, дај бе напиши колумна за актуелните случувања, поскапувања бензии, струја, ценовен шок и барај чаре за истите?!
 
Ернесто
Само со читање на насловот знаев кој е автор. Едно прашање до неа, кога последен пат има објавено позитивна и оптимистичка колумнва, и кога наредно планира да објави оптимистички наслов?! Прекини веќе со труење, не месец со месец, ден со ден не можат мнозинството луѓе да закрпат а не да ги чиаат твоите Sci-Fi приказни. Доста е!
 
devicanecot
Каков апсурд, што само америте можат да го разберат...Не признале под Уставното име, ама ете инсистрираат да си го смениме. Кој кого тука прави малоумен??
 
Павле-Македонец,
Одличен текст, кој привлекува нови читатели, додека старите ги исполнува со гордост што потекнуваат од напатен и горд македонски народ.Да се јавам со свој коментар ме поттикна читателот кој вели: “Со овој текст некој ја врти Македонија кон Русија и Кина“.Прашање за читателот.Дали по сосема злонамерното однесување на САД, особено во последните 15 години кон Р. Македонија и Македонците, треба слепо да се верува во добри и искрени намери од страна на САД кон државава и мнозинскиот народ!?Ако таксативно некој ги нареди постапките на САД кон државава, при тоа ги наведе и претрпените штети од тие постапки кои не се случајни (бидејќи се премногу), тогаш сосема е несватливо да се очекува и натамошно слепо верување дека САД се СТРАТЕШКИ ПАРТНЕР на Македонија. И сосема легитимно право на власта во секоја држава, не само во Македонија, да бара други партнерства за својата држава, кои ќе и пружат подобар и посигурен живот на државата. Се што е спротивно на тоа, преставува предавство на народот.
 
Pepi
Se e kazano, koj veruva neka veruva, koj spie neka spie.
 
Иво, Скопје
Некој безкичмењак со име Јован подолу коментирал дека текстот бил антиамерикански. Од таквите се срамам што сум Македонец. Малку ли ти е Јоване тоа што до сега и го направија Американците на Македонија? Треба да чекаме да ја земат половина држава и да ја дадат на шиптарите па тогаш да ни текне дека треба да ги баталиме тие светски фашисти и терористи кои го угнетуваат целиот свет?
 
Milka
Top - Bravo
 
R. Prespanceto
Gospogjo Velinovska vi chestitam za ova vasha kolumna shto tolku iskreno ste spomenale mnogu pati za drckosta na nashite parneri SADdeka tie se prichinata zanas na nevleguvanje vo E U i Nato tie so,E Unia nigo kopat Grobot. Poveketo od nas Makedoncite toa go imame svateno no nemame drug izlas.Apozicijata kako shto gledame i tie se protiv napredokot na Drzavata shto chekame od Branko i Ljupco Ubajni? tie se protiv Makedoska Drzava vo Balkanot tie se plateni od sosedite nego sega poveketot od narodot go imat svateno toa i sega vo pred vremenite izbori narodot kego pokaze toa so 65do 66 Pratenicki mesta za Vmrovcite ali shto so toa koga sme zafrknati so toj ramkoven dogovor shto nigo stavija od E U i USA mora da imame edna Albanska partija tie ni stavija igla vo nogata.Boles bes lek ushte ednash Gospogjo Velinovska ALAV ti VERA Chetito.
 
BORIS PAPUCKOSKI
mnplgu ubavo kazano i e 100%tochno. treba da se osfestime site i da se borime za makedonskata kauza a ne za partiski i privatni interesi!
 
Igor
Ako vodea specijalna vojna, do sega Makedonija ke ja nemase na mapata. Taka da ne treba da se zboruvaat vakvi teorii.
 
vasil panov ot canada
[ BRAVO ] moja sestro mirke da mi si ziva za vekovi . tvojo mnogou oubav i pravelni text treba da da se napisi na edna golema tabla i da se stavi vo parlamento na re. makedonja bilki makedonckite politicari ke se PROBOUDAT
 
Observer
Mirka Velinovska e 100% vo pravo. Da ne beshe taka, dosega ke bevme chlen i na EU i na NATO. Mirka Velinovska is 100% right. If she was not right, we would have been members of EU and NATO long ago.
 
Ова Мирка го пишувам со години
Со разни предавници во разни емисии на пропаднатата Тв по разни весници препирки права специјална војна. Ме убедуваат Бишевац Ризаов Мехмети Татарфиљо Лустрираниот Пурапроф Малечкипроф Геропуловски Котевлаот Скоклето Жаркиот и слични да сум прифател грчки лаги и уцени. Не бе јас македонскиот народ не сум свесен незнам да си ја прочитам и сватам македонската вистина незнам кого да изберам вас ќе ве слушам. ПС. Јован не се согласувам. Јас сакам во Еу и Нато и со тоа да ја видам обединета Македонија како регион. Ама во тој регион врие од Македонци околу четири милиони независно што 2,5 се асимилирани во грци и Бугари сепак потеклото е македонско а и роднини има доста доста. Е тоа не го сакаат Грц и Буг . Нашето обединување. Несакаат со брат Павле Филипов Воскопулос да сум во еден регион Македонија во иста Еу.
 
Dragan
bravo za Mirka odsekogas bila jasna ,otvorena i decidna vo svoite analizi .
 
marjan
Браво за колумната. Треба да се очисти прво дворот па после да се става ограда.
 
Febo
Abe kopuci edni,dosta so maliciozni komentari i otrovni streli,novinarkava samo malku vi gi otvara ocite,da prestanete da gledate so otvoreni usi,mala retrospektiva na faktite bre itar peja ... ti teknuva?????? Inaku za amerikancive grcija ke bide sekogas daaaaaleku pred nasava Makedonija i pokraj toa sto grcite imaat izvrseno nekolku atantati na americcki oficiri vo Atina i Pireja, mislam kako vistinski strategiski partneri.
 
Analfabet
I nikako da ne pobedat!E kakva sila e Makedonija tolku mnogu godini,a sepak nepobedena!Cuknetegi crpkite bre luge i zaprasajtese zosto sme dojdeni na ova derege,i zosto ete tolkavite sili se tokmu protiv nas?Od kradeno nikoj air nevidel,pa taka e i so nas.
 
умен
Добар критицизам на сегашната состојба и затоа е потребно да си ги опулеме добро очите за што и како навиваме и гласаме. Браво за критизерката како и секогаш на професионалноста..
 
Slepec
Citam eden od tekstot i se prasam koga cel svet znae deka amerika otvora sekade zarista za licen svoi interes na kapitalisaticka oligarhija a toj slepo im veruva po se ona sto napravija za ovie godini daj ostavija politikata gospodine i pogledni sto tie napravija vi svetot go podelija za da vladeat.
 
Dimitar
Jovan, nigde ne se spomnuva ni rusija ni deka treba da odime "so nea", samo se kazuva tocka po tocka surovata vistina sto ni ja nametnuva tokmu SAD! Za mene sosema jasno e zosto se bara glavata na Julian Asandz gi obelodene kakvi bednici od luge se onie samoproglasenite fakelonosaci na demokratija niz svetot a edna mala Makedonija ja macat bez kraj, bez potreba seto ova radi nekoe valkano grcko ili albansko dolarce.
 
крис
сто пати сум рекол, за да се види какви пријатели ни се Америка или ЕУ, само погледнете го статусот на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија! тие се веќе во ЕУ и НАТО, а Македонците таму нека ни служат за пример, ко канаринци во рудник, за тоа што еу-нато ни спремаат и на нас во Република Македонија! Балканските војни секако дека траат, играчите се исти, само обликот се менува, се движат меѓу физички геноцид и културен геноцид врз Македонците! ах, би додал и економскиот геноцид инсталиран од црвенковски преку приватизацијата, кој донесе до масовно иселување сиромаштија и паѓање на наталитетот, не верувам дека и тоа било "случајност" во сите овие "случајности" што ни се случуваат, иначе сдсм ќе го подржеа законот за трето дете!
 
МКД
Замисли Мирке, 20 години војуваме со САД и ЕУ и уште неможат крајот да ни го видат, ние сме супернација! Какви САД каква ЕУ, Македонија е најцилната земја на светот.
 
Завера
САД и ЕУ секогаш биле против Македонија.Се сеќавам како ни правеа опструкции при нашиот поход кон Индија.Тие и го отруја Александар , им беше криво што сме најсилни на светот. и на Филип му правеја обструкции , подметнувајќи и швалери на Олимпија.Лично браќата Кенеди ја заведуваа Олимпија. Можеби Цане е син на некој од нив.Така ние сме со Америте браќа по крв!А , како не третираат?!Џеферсон отсекогаш шуруваше со лицето БЦ!Џорџ Вашингтон лично рече : „ Не дозволувајте му на Груевски да ја оправи Македонија , ќе треба да ја вратиме на Македонија цела Европа и пола Азија! Љубомора, Мирке , љубомора!
 
argus
Odlicna ocenka, po nekolku pati veke napisano nesto slicno od Vas i procitano... Dosega nikakvo fajde . . . p.s. jas , dokolku se sekavam bea 5 mina Makedonci ubieni . Srdecen pozdrav.
 
Dimitar
Se e tocno vo analizata mizerno e kako sad ja drzi Makedonija vo zaloznistvo.
 
Dragan Ivanovski
Bravo za G-gja Velinovska.Nema sto da se dodade nitu odzeme od ovaa maestralna hronolosko politicki realna opservacija.
 
mile
Очигледно е дека секогаш кога Рикер доаѓа во Македонија,се случува по некој,,екцес,,.Според статистиката гледано тој е -подбуцнувач,, со тапија. Не е поарен ни Вокерс-ама не е толку талентиран како Рикер.Е сега што понатаму? Многу работа на неутрализација на тие провокации, зголемување на националното единство, подобрување на економската ситуација на населението преку промовирање на нови интуитивни и способни бизнисмени кои би делувале како локомотива на развојот, а пред се искористување на огромниот потенцијал на нашите иселеници во странство за влијание на политиката на САД,во наса полза, како и учество во развојот на Македонија како би излегла од магепсаниот круг на опструкции и блокади.
 
M.K.
Makedonija dve decenii vodi valkana vojna sama protiv sebe. Teorii deka nie sami se sme napravile perfektno ali sme za nikade poradi nekoi megunarodni zagovori e pogresna. Vistinata e surova. Da, Makedonija nema nitu eden sportist sto moze da postigne Olimpiska norma. Koga sportot e vo prasanje tolku e ocigledno kade sme. Zosto nekoi luge ne mozat da razberat deka i vo mnogu drugi oblasti nemame “olimpiski” kvalitet. Toa ne e poradi EU, US, Rusija ili Kina. Samite nie sme vo prasanje. Vistinata boli.
 
marko
Дали има некој паметен политикант од македонскиве партии што го прочитал ова а досега не го знаел?/Зашто еднаш не се каже ИШ на Америте на ЕУ и НАТО убијците па што велат србите Коме опанци коме обојци,Ако векем не сме способни да размислуваме и пресуддуваме,ако сме со пилешки мозок тогаш нека остане Рада,Бранко,и компанија исто-мисленици без и таков пилешки мозок па нека не водат во провалијата како оној водачот на Доманович во Данга Марко
 
radovanpopovski@yahu.com.
bravo se vrati mojot omilen kolumnist na prava pateka na pravi i brilijantni misli konstatacii iizvedeni realni zaklucoci ubicite si se toa sto se a nije uste sme pod nivno vlijanie pritisok i ne karaat deka im ja matime vodata/ kako vo prikakata za volkot i jagneto sto im ja matime vodata \
 
Srbite i Risto Nikovski
I srbite do Deklaracijata smetale deka RAZGOVARAAT za 15 procenti od teritorijata! Koga se proglasi i deklarira nezavisnosta na Kosovo, stana jasno deka PREGOVARALE (a ne razgovarale) za teritorijata na srbija. Taka i nie: sega, demek, Ragovarame za imeto, a koga ke ni nametnat novo ime, ke ni stane jasno deka PREGOVARAVME za imeto (i to bez uspeh)! Za teritorija, kako i za imeto, se Pregovara, a ne RAZGOVARA (kako smetaat nekoj analitichari, megu koj e i R. Nikovski!)
 
Jordan
Bravo neznam po koj pat!Klasika na novinarstvoto!Da go procitaat ova opoziciskite novinari pa da naucat nesto!
 
mile barcelona
Manipulacijata koja neprekinato se izvrsuva ,se cini deka e del od sekojdnevieto vo MK. I toa deka ima podobri ili polosi ne e mnogu jasno koj e koj..Se dodeka politickite lideri ne pokazat jasno definiran drzavnicki profil,i koi sto ke znaat da gi zastitat nacionalnite i drzavni interesi pred partiiskite i licnite ke ima obidi za manipulacija so pomal ili pogolem uspeh. Vo svetot ima mislenje deka sekoj narod si zasluzuva svoite vodachi (Vidi sto stana so Bush vo Amerika, takov talent, retko da se najde) pa zatoa i gi izbiraat demokratski, samo fali da prosecniot makedonski glasac nauci da glasa spored kriterijum koj sto ke bide nezavisen i objektiven .Inace konspiraciiskite teorii i manipulaciite ke prodolzat, rabotata e vo toa sto ke treba da se minimiziraat so jasni politicki stavovi i celi.Vo sekoj slucaj mi se cini deka kriticnite stavovi na gdja.Velinovska se pozitivni i neophodni za formiranje na nezavisen kriterijum.Ponekogas mi se cini deka e mnogu ostra.Ili pak ne e...?
 
Itar Pejo
Kako toa ДВАЕСЕТГОДИШНА СПЕЦИЈАЛНА ВОЈНА !!! Pa site znaeme deka so vekovi postoi svetska zavera protiv Makedonija. A posledbive 20 godina taa specijalna vojna samo zajakna zatoa sto Makedonija se oslobodi od kandjite na komunistite i sega slobodno moze da trgne kon obedinuvanje, od Vardar do Hunzija.
 
stivris
Bravo Mirka mnogu mi e milo da nekoj kaj nas se trudi da im objasni na gradjanite nasi sto se slucuva .Golema blagodarnost do tebe i se razbira pozdrav od Avganistan.
 
билјана
„Затоа, предлог-законот за бранителите е логичен политички потег, но тој го стеснува маневарскиот простор за премостување на кризата.“ Не, не е. Мерење на ..... е. Да простите, малку вреди што мораа да поминат 11 години за да се направи непто за овие луѓе кои беа на линија, а нивните надредени си уживаа по канцеларии, во скривалишта, а многу повеќе покажува какви луѓе-Македонци ни се во влада и опозиција.
 
jovan
So ovoj tekst se pokazuva deka nekoj ja vrti Makedonija sprema Rusija. Seto gorenapisano e vo sklad so Ruskite interesi i strategija za Balkanov. Dali e toa dobro ili loso za Makedonija, nema da komentiram. Cisto konstatiram deka testov e anti-zapaden(pred se AntiAmericanski) i e vo polza na Rusko-Srpskite instalacii vo drzavava. Na Makedonskiot narod i na site gragani koj ziveat ovde im ostanuva dobro da razmislat na koja stolica ke sedat, bidejki sedebjeto na dve stolici ne e poveke vozmnozno.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski