Вака веќе не оди!


Други вести
Највести
Коментари и дебати
Наташа Бошковска -Златкова
Дај пациент на заем, ќе частам од плата
Додека министерот брзаше да си ја спроведе замислената реформска мерка која не им се допадна на многу лекари, па сега се обидува со инка да им втури во глава дека е добра за нив, тие не само што бараат нејзина суспензија, туку ...
 
Mирка Велиновска
Вака веќе не оди!
На конкретен чин од конкретен човек со полно име и презиме што извршува државна функција, нацијата доби одговор од колектив. Се скри ли шефот на државата, личноста проф. д-р Ѓорге Иванов зад „стафот“? Исчезна ли Никола Груевски ...
 
Ирена Радовановиќ
Посмртниот марш на Бесими
Мирниот и образован кадар на ДУИ од засега само нему познати причини, а можеби и на Али Ахмети и на американскиот амбасадор Пол Волерс, се дрзна во својство на македонски министер за одбрана со државнички почести да се поклонува ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

На конкретен чин од конкретен човек со полно име и презиме што извршува државна функција, нацијата доби одговор од колектив. Се скри ли шефот на државата, личноста проф. д-р Ѓорге Иванов зад „стафот“? Исчезна ли Никола Груевски во толпата од министри, заменици, први, втори и трети секретари? Тој постојано има што да ни каже лично

 
 
  
Фатмир Бесими, официјално министер за одбрана на Република Македонија, а приватно припадник на УЧК, одговори на мојата дилема поставена пред две-три недели за тоа дали Македонија има функционална и ефикасна одбрана. Односно, дали во случај на војна рамковната армија на Македонија ќе ја брани земјата или ќе дејствува под команда на своите племенски водачи. На прашањето дали министерот и офицерите ќе примаат наредби од македонскиот претседател или од косовскиот, односно албанскиот или американскиот, ми одговори и министерчето ама и кабинетот на шефот на државата и Владата. Со соопштенија. На конкретен чин од конкретен човек со полно име и презиме што извршува државна функција, нацијата доби одговор од колектив. Се скри ли шефот на државата, личноста проф. д-р Ѓорге Иванов зад „стафот“? Исчезна ли Никола Груевски во толпата од министри, заменици, први, втори и трети секретари? Тој постојано има што да ни каже лично. Кога нѐ потсетува, на пример, на некое ветување што го остварил. А бидејќи ги има над илјада спакувани во проекти, сме го виделе и слушнале најмалку илјада пати. И, оп, го снема баш кога беше нормално, очекувано да биде и виден и слушнат и разбран. Една рамка без слика - илјада збора!

Што си мислат нашиве „државници“, бе? Дека колективната одговорност е доволно широка за да го покрие срамниот факт дека Македонија пред 13 години под закана и уцена потпиша капитулација чии плодови ги собираме топтан?! Кој го есапи, кому му вреди пусулчето на анонимниот колективен орган во кое извршната власт се оградува од учката со државна функција што ја обезбедува охридската криминална рамка! Го третираме како лекарско уверение издадено од непрофесионален и корумпиран матичен лекар што официјалниот печат го става по барање на некој забушант што работи и државно и приватно. Демек, Бесими министерот во Слупчане не отишол официјално, ами приватно. А приватно можел да си прави што сака. По устав! Е па, вака: Фатмир приватно може да ја секса жената му. Може приватно да сере во својот клозет. Ама не може ништо друго. Оној што извршува државна функција не се дели на приватна и јавна личност. Кога ќе се начука приватно министерот Бесими, се начукал министерот. Кога приватно ќе згази со автомобил пешак, на суд оди министерот, а не приватното лице Бесими. Кога ќе облече униформа на УЧК, не е приватно лице, туку државен функционер. Јасно ли е? Државата Македонија преку ова човече завчера се поклони и положи цвеќе на паметникот на паднатите учки што ѝ објавија војна на Македонија. Министерчето како извежбан ладнокрвен провокатор им одговори со прес зад официјална говорница. Со постапката го градел соживотот. Па се разбира дека ќе биде ладнокрвен и спокоен! Тој убаво знае дека Груевски и Иванов не му можат ништо. Џоле ќе ја штител униформата, па нафркаа како и секогаш десетарите во министерскиот кабинет, а командантите се мајтапат со државата и нејзините претставници што ние ги избираме. Го слушнав и оној од плејадата турбоинтелектуалци Алберт Муслиу, кои медиумите рамковно (над 20 отсто) ги активираат како „експертски“ гласови, како ни препорачува да не сме ја провоцирале Грција за нашите докажани пријатели да го омекнеле Самарас. Па, нормално дека ќе нѐ заебаваат секакви шушумиги кога им дозволуваме.

И така: шефот на Владата и шефот на државата ја здрапаа дури во Турција за да го избегнат рамковниот, а овде победничката УЧК заедно со дипломатскиот кор на „меѓународниот олеснувачки“ оркестар ни приреди уште едно славеничко издание.

Да не беше вмровецот Владо Поповски да го преповтори оправданието за сопственото „експертско“ учество во креирањето на срамната рамка во која се дави Македонија, не ќе имаше кој од власта да каже макар еден збор.

Е, ама има „државотворната“ партија. Таа не зборува, туку лае, ’ржи. Иако не ги оправдувам, ниту па им го признавам како олеснителна околност, овие од власта барем се чувствува дека се срамат или дека не се ни среќни ни искрени кога ги набројуваат предностите на рамковниот. Оние другите, од опозицијата, активните учесници во поразот на асномска Македонија во 2001 година, немаат брате ни срам ни перде.

Со цел памет излегол оној напуван Стево Пендаровски божем има сертификат за дијагностичар и кобајаги прашува дали во Владата постоел дуализам, а потоа веднаш дијагностицира дека во Македонија постоел политички паралелизам. Не за џабе народот рекол дека она од што умниот се срами, за будалата е гордост! Па, така и Пендаровски. Кога беше службениче на оние што, спротивно на Уставот, потпишаа капитулација во недефинирани воени услови, не ги виде ни дуализмот ни политичкиот паралелизам запишан во еден нелегитимен гангстерски ултиматум спонзориран од евроатлантски структури. Не го виде ни во свинштините на социјалдемократската влада произлезена од 15 септември и гооооолемата победа над Македонија во 2002 година како што беше територијалната поделба. Ич не му падна на памет за политичкиот паралелизам кога неговата партија беше дел од владата за национален спас, а дејствуваше како логистика на УЧК, и тоа преку министерот за одбрана Владо Бучковски. Ајде да ве потсетам на Радуша и неизвршувањето на наредбата на врховниот командант од страна на министерот за одбрана. Тогаш премиерот Георгиевски мораше да се обрати преку МРТВ за да го открие резилот и да ги спаси од клање опколените бранители.

Тогаш не типчиња како Пендаровски, ами лично циникот Георгиевски изјави дека тој „е премиер само на една третина од Владата“. Што мислите, дека Груевски е на чело на цела влада? Штом Иванов во истата минута не побара разрешување на Бесими, а Груевски не потпиша акт за разрешување, штом обвинителот не поведе дело за прекршениот устав, не правам муабет ни за паралелизмот, ни за дуализмот во Македонија што истите „олеснувачи“ и „демократори“, од евроатлантскиот полусвет по либанскиот, босанскиот и македонскиот „успех“, го инсталираат во Ирак, Авганистан, Либија, а сега сакаат и во Сирија.

Јас знам и ете кај мантрам 11 години. Не ја бидува, господо! Рамковниот не ја спасува, ами ја дави Македонија. Државата нема стопан. Македонскиот народ е единствениот на кој гангстери му го оспорија правото да има своја држава. Како и пред сто години. Рамковниот ја збриша и ја обезвредни победата во Втората светска војна. Рамковниот ни ја уништи преговарачката позиција со Грција во спорот околу името. Тој и натаму е темпирана бомба што кој сака може да ја активира за свои потреби. Политичкиот албански корпус во Македонија не е лојален на Македонија туку на сеалбанските интереси. Погледнете ги само како се собрани сите на купче. Нема да најдете ниту еден Албанец што јавно ќе го искритикува ваквиот потег на Бесими. А видете ги само мрсулковците во македонскиот блок. Врие од титопетковци и пендаровци. Со ваков рамковен и вакви учки треба само некој да ги поддржи од надвор и тие ќе ја уриваат Македонија без око да им трепне, и тоа на ист начин на кој сега, нели, градат соживот. Ни амнестирањето злосторници против човештвото, она за што нема опрост меѓу нормалниот свет, не помогна, не ги очовечи макар до толку учките и нивните логистичари во интелектуалата да се скурдепсаат. И што е најсрамно, рамката други ни ја скроија, ама самите решивме своерачно да ја сошиеме и да си ја навреме. Така и ни кажа нам, на 13 новинари од Македонија, и ген-секот на НАТО, Џорџ Робертсон, во Брисел: „Никој не ве тераше да го потпишете и по него да си го смените Уставот“. Ете, тоа е тоа! Ќе чекаме некој да се охрабри и да каже дека ова срање не функционира.
 
   
Автор: Mирка Велиновска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 11069          Оценка: 3,99  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
tino
Tinja od kolumna. porakata e: udrete makedonci I albanci edni protiv drugi za da moze Nikolche so drugarchinjata da izbega na zadna vrata.. sedi dole! Kec!
 
Desanka
Браво Мирка!Кога во власта би имало луѓе кои би имале макар половина од вашата одважност и храброст да отворено се каже тоа што е за осуда, без чувство на страв од последиците, Македонија би ги имала сите белези на држава. Во тоа е најголемата трагедија, нашите владини претставници не можат, не сакаат или се плашат соодветно да реагираат на вакви и слични провокации. А тие, македонските Албанци, како најпривилегирано малцинство на светот, со ништо не покажуваат лојалност, обврска и чувство на припадност кон оваа држава. Кон неа се однесуваат како кон нешто што треба максимално да се искористи за своите интереси, а при тоа ништо да не и се возврати. Ниту ронка почит. Се додека нашите реакции на вакви и слични провокации се млаки или никакви, тие ќе се охрабруваат уште повеќе да ги повторуваат. Навистина, многу жално!
 
toto
BRAVO MIRKO,REALNA SI NO DO POLOVINATA OD TEKSTOT.NEMAS PRAVO DA GI MESAS NITU PENDAROVSKI,NITU,BUCKO NITIU B ILO KOJ OD OPOZICIJATA,KOJA VPROCEM GO IMASE TVOJOT STAV NAPISAN AMA DO POLOVINATA OD TEKSTOT.SAKAS DA GO OBVINIS,I SDSM,I BRANKO I BUCKO I PENDAROVSKI ZA DA JA REVITALIUZIRAS SOSTOJBATA,ZAPOMNI MIRKE ODGOVORNOSTA ZA TOA STO SE SL;UCUVASE,DALI SME ILI NEMOZE DA KAZE GRUEVSKI E SAMO NA AKTUELNATA VLAST.I STO AKO EDEN DEN OVAA VLAST NE ODNESE VO NEPOVRAT I TI PAK KE KAZES,NMAPRAVIJA GRUEVSKI I KOMPANIJA OGROMNA GRESKA AMA ZA TOA SE VINOVNI I BRANKO I SDSM.NE GOSPOGO ZNAM I CELOSNO MI E JASNO OVOJ TEKST TI E SAMO DA GO UBLAZIS STRASNIOT CIN STO GO NAPRAVI BESIMI.AKO PISUVAS PISUVAJ DO KRAJ ODGOVORNO ,ZATOA STO STO IMAM VPECATOK DEKA I TI SI ISTA....
 
Васко
Што би се случило нашиов министер за одбрана да им нареди на неколку Наши војници да нападнат погранична патрола на Србија Косово Грција Бугарија или Албанија????? Мислам дека дечково треба да си оди од министерската фотеља
 
zik
,,makedonija ne saka da bide pion vo svetskiot shah,, koj ke gi mrda figurite?
 
Борче
"Македонскиот народ е единствениот на кој гангстери му го оспорија правото да има своја држава. Како и пред сто години. Рамковниот ја збриша и ја обезвредни победата во Втората светска војна. " Мирка го кажа тоа што сите го знаеме 13 години а се правиме будали, Го кажа тоа што народот го мисли и го знае а политичката елита го кажува сосема поинаку како да не сме од истата земја... до 2001-ва имавме куќа на два спрата, а после тоа со РАМКАТА потпишавме дека едниот спрат го продаваме на наши не(пријатели), ем тоа тој долу главниот од каде што се влегува.... Е сега замислете си го вие животот во таа куќа...
 
tile
uste eden smrdliv puvez ni napisa. Bravo ne go menuvas kur-sot.
 
kopnez
Zivi li se potpisnicite na toj dogovor, neka zemat tie odgovornost pred javnosta...
 
Китон
Фатмир приватно си ги изсекса ВМРО-овците :) А за она "она од што умниот се срами, за будалата е гордост!", целосно си во право, затоа и толку долго владее Грујо со земјава на будали, будало една :)
 
jana
Bravo Mirka... u faca pleskas direkt, ko sekogas! Alal vera!
 
Снешка
Колку злоба!! Никој не чини само јас, па јас. Кутра Мирка, ја бива не да не ја бива, ама комплексите ја кочат да биде "образуван и аналитички" новинар, каков што сака да се претстави. Чинот на оддавање почит во име на државата некому за кого нема усогласена дефиниција кој всушнсот е (терорист или борец за права на еден етникум), не се оправдува, ама дека сите што го коментирале на било каков начин тој чин дека се никави е тоа е веќе претерано од кого и да е кажано.
 
Golemata majka
Realno kako i sekogash
 
thetetoo
Dobro utro Mirke!!! Sega subrata Roj ke ni izgradi SACINO, Mizo i kompani ke zarabotat, a pak spomenicite na plostadot ke bidat "magnet" za Hazard-turisti!!!
 
Underground Republika
Pa se cudime zosto Makedoncite vo sosedstvoto ne se priznati i ne gi priznavaat!. A posebno EU ne saka da se zanimava so takvi temi vo svoite clenki. Poubavo da ni go gledat nasiot seir, otkolku da go gledaat nivniot pret-smrten cin. Delba e lekot i vreme e......Vo idnite vladi NE more da ima Albancka patrija za koalicija i " albanskiot blok " da se izvadi od upotreba, site novinski i drugi web strani od opstestven karacter koi se od Makedonija a se samo na Albanski da imaat obavezen prevod i na Makedonski. Vo sprotivno da se sankcioniraaaat.
 
Мирко
Од браво, знае и Мирка, дека нема фајде. Потребни се предлози за централизирање на македонштината, а тоа значи отфрлање на сите партиски сегашни моментални идеологии и планови, бидејќи тие планови ги кројат луѓе платени и пратени од непријателите на земјава и на нацијата. Она далеку познато наше дека сме, не сме, никакви сме, такви сме вакви сме, е реченица на луѓе кои дигнале бел партал пред да започне било што. Знаете јас каква реченица би кажал? Онака македонска: НИЕ НЕМА ДА ГИ ПРЕСЕЧЕМЕ РАЦЕТЕ НА ТУЃИНЦИ КОИ ГРАДАТ НИВНА ИДНИНА, ТУКУ ЌЕ ГИ ПРЕСЕЧЕМЕ РАЦЕТЕ И ГЛАВИТЕ НА ТУЃИНЦИ КОИ ЈА РУШАТ НАШАТА ИДНИНА!!!! Јас, Мирко Јанковски, МАКЕДОНЕЦ, немам омраза према ниту еден немакедонец кој живее за негов интерес. Но имам омраза и подготвеност за реакција на секој кој работи против нашите интереси, и елиминирање за сите такви! Толку, крај, нема академски стихови нема ораторство нема чуда. Единствена надеж ви се децата. Воспитајте и кога ќе пораснат да вложат во МАКЕДОНИЈА, т.е. за нив.
 
zajkokukurajko
Zenava samo ima m..a, da ja kaze vistinata. Site drugi od poraz glumat pobeda. Dali ke bide taka uste mnogu ili konecno ovoj narod ke nauci komu da mu dade pravo da podpise kapitulacija
 
DRAGAN
abe drage pa ti ne si za magare a kamoli za konj zdravie koga ke dojdete nekogas na vlast tebe tebe ke te kacime na k.......... zdravie zdravie
 
avgust
Zaradi “sozivotot” kako sto velat ministerot trebase prvo da se pokloni na Karpalak
 
македонска жена
Има едни морски животни кои се нарекуваат МЕКОТЕЛИ. Тие немаат кичма , немаат коски. Епа, мажи македонски, вие сите до еден од најниска до највисока професија се претворивте во мекотели. Јас , како жена, се чувствувам толку незаштитена, толку изложена на неизвесност. Видете го Израел. Мало државиче, а околу него на картата сите држави-џинови. Но мажите израелци, државата ја водат машки-без комплекси дека се најмалечка држава во регионот. Засрамете се мажи-македонци!!!
 
Aleksandar III
Treba da se iznajdat pravni mehanizmi da se reformira Makedonija vo unitarna graganska drzava. Vaka ramkovna ne biva. Od denesna distanca jasno e deka imase ucena vrz drzavata da kapitulira so promena na ustavot i da se napravi binacionalna drzava...Sramno ke bide potpisnicite na ramkovniot od makedonska strana povtorno da se zanimavaat so politika (Ljubche i Branche), tie se rasturaci na unitarna Makedonija. Daj boze sto pobrzo da najdeme pat i da izlezeme od ovaa nadolna unistuvacka situacija za Makedonija, za toa ne treba da se postavuva prasanjeto za cenata. Cesta nema cena, a pogolema cest od Makedonija za nas Makedoncite ne treba da ima. Dobro bi bilo da se oformi za pocetok ANTIramkovna partija na Makedonija (APM). APM ke bide i indikator na zadovolstvoto na makedonskite gragani od ramkovniot dogovor.
 
GORAN VINICA
A NATALITETSKIOT SOODNOS NA KAJ NE VODI ?
 
Зуки Бељали
Бравос, точно кажано од збор до збор, свака чест, само питам се за кого, а и надам се дека еден ден македончето ке се освести а дотогај к.р да е жив.
 
robert
Se soglasuvam: Ova sranje ne funkcionira. Ke ja poddrzam sekoja politicka platforma sto ke ponudi podelba.
 
ljupco.p
se ke bese vo red tetka mirke so ovoaa kolumna samo da nemase poskapuvanje na struja 20%,na nafta10 ili kojznae kolku%,na bezobrazie od nekojasi firma TOPLIFIKACIJA,TETKA MIRKE takva maka si imame nie makedoncite,a sto se odnesuva do uckite,pak ke se borime protiv niv,toa e neminovno,i mozebi pak ke izgubime pa sto?dajte ni sansa da izrasneme novi generaciii,ne unistivte so ovie poskapuvanja.i uste nesto sakam jasno i glasno da potenciram;MAKEDONIJA ke postoi se dodeka nie makedoncite go sakame toa,nikakvi albanci,k..ci i palci ne mozat da go smenat toa,NAPOMENUVAM;ako na makedoncite im dojde preku takvo od vakvoto vladeenje,cao pietno
 
Zosto nee petok sekj den
Bravo G-ga Mirka super si Za sledniot Precedatel na Makedonija......
 
Дуле
Мирка почна да пука против владата, против овој режим.. Ова навестува дека нешто сериозно се случува со владата и нејината политика. LIKE
 
PErO_MKD
I chka tash ?
 
KOLE
Повеќе како заклучок него како коментар. Рамковниот нема да го смениме (освен со војна). Војната ако ја започнеме веќе сме ја изгубиле (немаме доволно поддршка од странство (ни треба нешто како Израел што има), немаме капитал за трошоците, немаме луѓе - пожртвувани и обучени). Значи ни останува Рамковниот. Што да се прави кога на дел од територијата апсолутно мнозинство ти е друг етникум - НИШТО. Тие ќе владеат таму и тоа е секаде така. (еве, кажете ми каде не е така?) Од тука, не знам зошто тоа не боли. Се што можеме да направиме е само и само спроведување до слово на Рамковниот (без развлекувања кон Буџет, Уставен суд и слични глупости - тогаш ќе биде навистина крај на оваа Р. Македонија) и да се множиме и размножуваме во секоја смисла на зборот: повеќе деца, повеќе пари (дури не е битно ни на кој начин - видете што прави конкуренцијата), повеќе правна држава, повеќе наука, повеќе работа, повеќе самодоверба, и то... Ви реков, да се множиме во секоја смисла на зборот.
 
Vlatko
Nie Makedoncite sme pretolerantn narod no koga ke ni pukne filmot nekoi ke platat skapo... e sega imame i vakvi sto komentiraat kako "Ljupco" na primer toj sam si ja narekuva drzavata banana e sega ili e lazno prestaven so makedonsko ime ili prvo treba da razresime so niv (takvite) ili nema drugo
 
Alexxx
Odgovor za Anegele od Bern. Dosta veke se zamarate so ovdesnite priliki. Sedisi tamu lapaj 5-6000 franaka i KUTI. So bravo Mirka??? Pa taa istata sekoj den e na TV i gi velica premierot i vladata. Sega se cudi. More i na nea i na Janko i Milenko i site tie biznis novinari. Ja unistija drzavata. Lazat prost narod. Za eden glas i gas ke dadat.
 
Igor
Што па сега се виновни СДСМ за оваа посета, кога тие воопшто немаат никаква власт во оваа држава. Наместо да ја критикувате Владата за нивната некоординираност и меѓупатриски препукувања, Вие го посочувате СДСМ како дежурен виновник за се. Навистина неверојатно и против секоја здрава логика.
 
Igor
Што па сега се виновни СДСМ за оваа посета, кога тие воопшто немаат никаква власт во оваа држава. Наместо да ја критикувате Владата за нивната некоординираност и меѓупатриски препукувања, Вие го посочувате СДСМ како дежурен виновник за се. Навистина неверојатно и против секоја здрава логика.
 
Jov
Се разбира дека е 100% точно ова, но од гледано од предавничкиот аспект, кој ОФИЦИЈАЛНО сега цела Македонија го има, они имаат право да положуваат цвеќиња на паднатите учки, бидејќи со потпишувањето на тој рамковен договор, ние официјално ПРИЗНАВМЕ дека учките се бореле за правата на Албанците. Значи не е полагањето на цвеќе проблем, проблем е тоа што сеуште НИ ВАЖИ тој рамковен договор. И сега, за жал Македонија е како јавна куќа во која СВЕ Е БЕСПЛАТНО. Кој кога сака како сака, од каде сака. Од напред, позади, од страна, све е легално. А вие плачете и понатаму по Европа и Нато. Тие се тие што нарачуваат претворање на државите во јавни куќи. Истражете и откријте што точно е ЕУ, кој ја води, кој ги избира водачите во парламентот (никој) итн итн. И гледајте каде сакаат да не носат. Во ропство полошо од Хитлеровото. Во ропство со право на глас. Фукање од позади.
 
sova
Dobro napisano se vraka ona starata MIRKA ,samo ne go spomna odobruvanjeto na ovoj cin od stranata na kanidatot za ambasador vo London
 
apologet
"Toa mi e vo prirodata" rekla skorpijata. Mirke i ti si takva, ne sakas ama protiv prorodata ne se mozi.Od tolku napisano poentata e deka branko e kriv.
 
ccccc
Ne mi se veruva! Jasno kako den e deka novinarkata saka da napadne nekogo kako so toa go pravese porano no ovoj pat opaskata i e presvitkana pa posle napadot pocnuva istite tie so gi napaga da gi brani. Nejziniot patriotizam i patriotizmot na takvite kako nea samo moze da ja unistat ovaa zemja. Ramkovniot dogovor e mozebi "steten" no sepak e dogovor koj go spreci planot na nekoi togasni lideri da ja podelat Makedonija. Ramkovniot dogovor e dokument poradi koj denes seuste ziveeme pod ova ime i pod ova zname kakvo i da e. Toa e nase i na site koi ziveat i se ragaat tuka.Gospogata trebase malku poveke da pluka po Grujo i ostanatite togas koga toj prifati da bide del od vlada so DUI.Taa dokolku bese pametna togas trebase da svati deka toa e idninata na zemjava anie morase da napravime kompromis.Toj kompromis morase da go napravi sekoj patriot,sekoj koj bese svesen deka zemjava samo taka moze da opstoi. Koga plukas, ne se vrti nasekade zatoa so i samata ke se isplukas. Zatoa odberi strana
 
Иљми
Почитуванава госпожа пак извршува договорена агенда со патриотиве на власт.Откако во текстот ги изриба Џоле и Николче,пак си се сврте против опозицијата како виновна по генетика за охридската брука,демек само СДСМ потпишал рамковен договор а ДПМНЕ не ,бидејки сега го нема на власт војводата па за овој сегашниов цар ,потписот на војводата не важи бидејки он го мрази.Едино ме чуди што овојпат не го спомна Б.Ц.,нејзината патолошка слабост или можеби се помириле ?Значи текстов според мене има идеја да ја дефокусира јавноста од помислата дека исклучиво и исклучиво вината треба да се бара во Бесими и неговиот шеф од владата а не што било пред многу години и кој од опозицијата што кажал.За тоа да биде поубедливо се користат навредливи зборови "напуван" ,"будала" ,"циник" итн.демек ние да ја сфатиме госпожата како неа многу и значи државава и од петни жили се труди да не просветли и да ни вгради љубов кон татковимната, која "оние "капитулански ја предадоа 2ОО2??Ц.ц.ц.ц.ц.....
 
nervozen postar
Ne se nervirajte narode. Onoj koj treba da se nervira i za toa e platen, bas mu e gajle. Toa e toa.
 
viktor
- na koj spomenik napravile salutacija. kade e toj spomenik, dali e extoritorijalen. - dpmne gi primi vo vlada. tie dojdoa vo vlada poradi tie zrtvi. sto mislevte sega deka ke gi ignoriraat. - da ne e drug problemot a ne salutacijata.
 
Крт
Мирке душо, сега ли се освести. Сега ли ти дојде ,,паметот,, од некој друг на телото. Па овие од ДУИ си играатшест години мајтап со Груевски (нему му одговара) а преку него и со целиот напатен МАКЕДОНСКИ народ. Министерот за одбрана го нарекуваш ,,министерче,,. Можеби е министирче ама со големи ј...а и ај да видиме има ли јунак во оваа држава што може да му ги ПРЕСЕЧЕ.
 
jug
Seto ona sto go napisa g-Mirka e vo pravo.Na zalost aktuelnata vlast go izgubila komapasot vo vodenjeto na drzavata i za svoite licni inbteresi.Ova sto se sluci vo Slupcanje e samo pocetok. Stravot kaj Makedoncite e opravdan bidejki nikoj ne go stiti...Ovaa vlada cas poskoro treba da odi vo istorihata...zalno ni se pisuva...
 
Elizabeta od Aleksandria
Napisanovo podobro nemoze da ja otslika faktickata sostojba kaj nas ... samo sto isto kako nisto da ne se slucilo,kako bese ona zutu zutuju a crveni putuju,site se pravat nedovetni i glumat ludilo i go slavat praznikot na Armija na Republika Makedonija .... vnimavajte na imenuvanjeto na vojskava ... sekade niz svetot vojskata e grcka,bugarska,srpska,francuska,amerikanska vojska, s a m o kaj nas vojskata e imenuvana vo armija na republika makedonija,ne e makedonska vojska ... demek "ramkovcive" ke se navredele ...
 
kiki
Lele nikoj ne gi teral da potpisat a im visea na glava kako muvi na gomna dodeka potpisuvaa slucajno da ne zgresat pa da pisat drugo ime a ne nivnoto. Kako i da e treba da se ponisti toj zlostornicki demek dogovor ama nema maz koj ke go napravi toa, nemaat lageri megu noze za da mozat da go napravat toa. Sto ni se slucuva koj ni ja rusi makedonija samite nie mi se cini poveke otkolku bilo koj drug. Mizerni sme, mizerni samo nie ne sme sploteni
 
Zagrizen
sto da komentiram pa Mirka se kaza nego me interesira do koga funkcionerite ke kjutat, dali do pred izborite mislejki deka ke zaboravime sto se sluci pred nekolku dena. Seriozna partija treba seriozno da raboti zatoa VMRO-DPMNE treba da razmisli oti izborite brzo ke dojdat, ne deka SDSM se faktor ama pocnav da se zaprasuvam do koga i kako????
 
graditel
Така е Мирка, многу сум разочаран, мноооооогу, ова веќе ја прелеа чашата, додуша таа кај мене одамна е прелееана, ама ај што викаш, ќе фатат памет, ама ова не го бивало, па и сто факултети да имал и сите да се светски, не го бива, тие си имаат свој пат, и ако не им застанеме на истиот, касно ќе биде, многу касно. Под итно разрешување, па и нови избори, тогаш сите ќе знаат за кого да гласаат и за што, дека стварно требаат 61 пратеник.
 
marsovski
pa ti be gospogjo mirka penese kako banatski konj i gi opravduvase bez pardon ovie bolesnici koi nikako ne sakaat da se lekuvaat od zavisnosta im nivna.za sreka ti se oporavuvas no za nivnoto lekuvanje ke treba experti da se zamesaat.dijagnozata e poznata i toa e dobrata vest no za zal nikoj pacient so dijagnoza kako nivnata ne mozes da go nateras dobrovolno da prifati lekuvanje,
 
кичево
од напишаното и она што ќе следува само ќе се потврдат очекувањата за нас Македонците. Не очекува речиси никаква иднина во за жал нашата земја.
 
ljubco
konecno daja otvoris tvojata usta kako sto treba narodski i demokratski zosto i ti bese zamotana kako sarma i zboruvase ednostrano epa se svestili so kakvi luge vladata ni ja kroi sudbinata ovoj pat bravo za tvojata hrabrost inaku ot porano mnogu ve cenev no go smeniv mislenjeto za tebe i ne si so taa velicina sto bese porano poz
 
ile
A kade bese mirka dosega da go kazes ova ili do sega te polnea so pari i molcese a sega nema pari i sega gujo ne ti cini ajde be begaj licemerke edna od vas propadna ovaa Drzava vie ja izedovte.
 
Dr. Jovan od Oslo
Mirke, bravo sega navistina gi zadovoli kriteriumite na citacite, a vo isto vreme na glupite makedonski politicari im pomagas ednas za sekogas da pocnat da razmisluvaat. Spasot za ovaa malo porce zemja samo proglasuvanje na kralstvo. Imame covek koj evropa go ceni *mislam kralskite familii* ,a uveren sum deka samo toj e spasot, i samo toj moze da donese red i mir. Skepticite pak ce me kritikuvaat, Ako ne saka Grueski da zavrsi kako Milosevic, mora eden den da sedne na masa so princ Peter Koloski, i negovoto poteklo e interesno za nasata situacija
 
Mijak
Е така е Мирке само што борбата за власт не е секогаш од патриотски и идеолошки причини туку сега е и од економски . Па така нашиве владетели и ќе подзамижат на некои настани. Тебе Мирке на коњ нема да те качат а во догледно време Џемо Хаса од Симница , Мефаил од Зајас ке ги качат. А загинатите борци на Она пред собрание ке ги постават за сите да им се поклонуваат. Уште Албанец претседател не сме имале а како што сме разединети УС Амбасадата ке ни го постави па не се знае кои бруки ке следуваат . Важно е само ќесето да им е полно и на едните и на другите .
 
fedor
bravo.dosta bese.ne mozeme nie makedoncite da odime po linija na pomal otpor!!!!ili kje bideme pravna drzava ili banana drzava!!!ne moze malcinstvo od 18 % da vrsi tortura nad mojot narod!!!
 
geroge
ПОПОЛНО Е ВО ПРАВО Г-га МИРКА !!! Поздрав од велешани
 
geroge
ПОПОЛНО Е ВО ПРАВО Г-га МИРКА !!! Поздрав од велешани
 
zaki
Dobro sto se svesti Milka deka ova sranje ne funkcionira..mn ubavo znaes se ama da te potsetam deka ti so tvojot t/n novinar i drugarti milenko koj od sportski novinar se frli da rasprava politika, i kolegati Latas koj sljapa gluposti i raskazuva prikaski namesto da kazuva vesti...nekogas gi branevte ovie segasnite gi velicavte i za vas site 3-ca se najdobri ...eeeeeeee se vide do koga do denot koga bese poklonot pred Uckite a ne pred nasite braniteli na karpalak...a za vojnata znaeme koj e vinoven i koj bese na celo na drzavata ovaa i drugarite od kaj Ljubco koi togas bea vo ista tikva i isto prdeja..ja donesoa zemjava do rabot i uste ja nosat ...ama ako taka im treba na site nivni podrzateli...ce gi glodjaat spomenicite koga ce dojde noz do koska namesto da usrecese bezbroj napateni semejstva koi mizeruvaat vo zemjava....Ce ti kazam samo deka kojznae kolku pati se prevrtel mojot pokoen maz u zemja zaradi ovoj sram i sigorno se srami sto nekogas ja oblekol uniformata na ARM i rabotese
 
никола
Дали тоа мирка се враќа на старата цицка кај бране?
 
Zapad
Skopje, June 14, 2001 - NATO Secretary General George Robertson, prior to today's visit to Macedonia in Brussels stated that the Alliance must help Skopje in dealing with the Albanian terrorists. He added there was a deep concern about the situation in Macedonia, which democratically elected Government was attacked. I samiot sekretar mu kazuese na pretsedatelot deka sa teroristi i deka treba da se vozvrati, ama sto napraeja makedoncite se udrija " So svoj kamenj po glava". Epa neka ni e na zdravje! I za tia 20% sto sa oni makedoncite od zapadniot del trpa golemi sekakvi navreduvanja od strana na "planincite (cuek od shuma koj ce se pokonduri tesko na tia okolu nego)" e toa ima se desava na makedoncite od zapadniot del na Makedonija, ama kako sto gledam na nikomu nemue gajle za NIV.
 
Lojalen Makedonec
Mirka do nekade golemo DA , do nekade i NE za ova sto go pisuvas. Zosto DA najprvo .. Golema Albanija DA no ne preku vojna i trosenje mnogu pari i zivoti tuku so vleguvanje vo Evropska unija kako edna drzava Albansko cista zosto sleden cekor ke se ostvari Ljubcovata ideja za trganje lenir i stav na albanskiov blok deka so makedoncive ne sme spremni i sposobni da vlezeme vo EU. Zosto NE .. Pa i ti samata bese del od taa prikazna pred da se transvormiras , bese nekade izmegu niuvamu nitamu vo toj period , pred toa bese vo skut na BC i Pendaroski kako klinec okolu vas. Taka da amnezijata tvoja na Latas i slicni kako vas e moderna bolest vo site takvi krugovi. Stavovite i nacinot na funkcioniranje ne se promeneti nitu na SDSM nitu na DPMNE samo se pofino spakovani. A lisici i lajaci "eksperti" i poznavaci na sosojbi kako sto ve i gi ima se ednakvo na isto od pred 15 godini .
 
Dimitar
Sega svati deka Grujo i kompanija ne gi biva? Pa gledam deka Opzicijata i ovde ja obvini. Znaes li voopsto sto pisuvas i sto sakas da napises? So naracani tekstovi ne se stiti vlasta poveke. Ke pagjaat na izbori ko kruski. Ne postojat poveke novinari koi ke stitat partiski interesi. Demokratijata i vistinata poleka doagjaat i narodot e osvesten sto mu pravis so ovie tekstovi koi bozem protiv vlasta si gi namenila protiv opozicijata. Ne deka taa e cveke za mirisanje. Ama vo sporedba so ovie koga bea opozicija se naucna fantastika. Samo nejke nikoj da si go vrati filmot - posto ne mu cini taka. Aj dosta te kritikuvam.
 
Влатко
чекам го уште Б.Ц.да излезе и да ја оправда оваа постапка на терористите ...па се да си биде како што е до сега...КАКАФОНИЈА
 
Се испишманив
Се испишманив што го прочитав текстот на нашата Долорес Ибарури која „ептен го мрази“ „големиот Грујо“ , што испуштила да го спомне „лицето БЦ“ кој го намести Грујота. Но можеби прибира информации па наскоро ќе не извести кој тоа ровари и ја издава дражавата Македонија.
 
Febo
Zimi majka Mirke zakon si, eve duri i cinicive od komentatorive de, se zateknati so tekstot .... nema eden laf (zbor de) da ne e na mesto.Tragicno e sto si 1000% vo pravo .... inaku gi slusam pladnevnive vesti na radio Skopje i nitu eden zbor ne e kazan za "sluckata" so spomenikot na uckite ... pa posle se cudime zasto nikoj ne ne zema za seriozno i site samo ne tapsaat po ramenjava ... a narodot molci li molci,se buni protiv Toplifikacija (100% e vo pravo) ama ima nekoi raboti koi se mnogu,mnogu povazni od cenata na potrosuvakata korpicka .... nazalost toa e toa .... inaku tekstot e f a n t a s t i c e n gooooolem samar do vladeackata partija,dodeka opzicijava mislam na makedonskava ne "albanskava", tone li tone sve podlaboko mizerija ziva .... mislam deka koumnava ke dostigne rekord na citanost.
 
РЕВОЛТИРАНИ
НАЈДОБРО РЕШЕНИЕ-РАСТУРАЊЕ НА КОАЛИЦИЈАТА И ДА СЕ ЗАЧУВА ИНТЕГРИТЕТОТ.ДА СЕ СПОЈАТ МАКЕДОНСКИТЕ ПАРТИИ,ПРЕКУ ШИРОКА КОАЛИЦИЈА,ПО ПРОПОРЦИОНАЛЕН СИТЕМ,А НА АЛБАНЦИТЕ ДА ИМ СЕ ДАДЕ САМО ЕДНО СПОРЕДНО МИНИСТЕРСКО МЕСТО.
 
Забеган.
После долго врме решив да напишам два збора.ШТО ЛИ СЕ СЛУЧИ СО МИРКА????????????????.
 
Dedo Jonche od Avstralij
Nitu eden od tvojte surovi oponenti, barem so crna shamija na suratot da se pojavat ovoj pat da "guknat" neshto. Prodolz'i i ponatamu MIRKE, oti vistinata e tvoeto OGLEDALO.
 
slovenka
Kazi be Mirke kako ke odi?Mene licno mnogu mi e ubavo vo bibliskava zemja pa otkako dojava Aleksandar na plostadov nas se prosvetliv a osobeno ovie denovi koga dojde i Olipija so familijata zaedno so angelite!!!Neznam od kade da pocnam da zboruvam za ubavinite vo reformska Makedonija!Kratko ke ti odgovoram vo drzavava odamna ne odi samo neznam ti vo koja zemja ziveese pa sega progleda!Ne veruvam vo iskrenosta na komentarive sto si gi napisala!!!Za sranjevo postoi vinovnik a koj dozvoli rabotite da izleguvaat od ramkata za prokletiot rejting kazi jasno i glasno!!!Ako mislis deka celovo srane ke se zaboravi povtorno so vojna mnogu gresis.
 
sonce
Taka e Mirke tebe konj ti fale. I pravo prema Triumfalnata kapija za da mu kazes sto misles. Ja nemam hrabrost odi ti.
 
Zoran
Prasanjeto e koj dozvoli da se izgradat tie spomenici na UCK, zasto ne se srusat. Kakvi znaminja se veat po selata, po koj Ustav i zakon, sigurno ne nasi.Na patot za Ohrid ima eden kup spomenici i znaminja na borcite za sloboda, ama cija?
 
jocman
mirka za petsedatal. gruevski za minister za ekonomija i tolku.
 
milka
Vo pravo si Mirka sekogas si bila vo pravo,i koga bese vo sdsm bese vo pravo pa koga bese so Ljubco bese vo pravo pa i sega si vo pravo,ne od ramkovniot nego od licemeri licnosti kako tebe i tvoite kolegi koi se vleckavte site zaedno od edna vo druga partija i plukaj na predhodnite,e od takvi kako vas i segasnite na vlast ili kako so bi rekla ti ,,takvo sranje ne funkcionira,,
 
aleks
mora pak da im kotek so ovie da se resi koj ke bidi glaven vo ovaa drzava nigde vo svetot nema drzavi so dva drzavotvorni (konstitutivni) narodi samo eden moze da e drzavotvoren drugite se malcinstvo.
 
marija
За жал се` е така госпоѓо Велиновска!Знаат претседателот на државата и на Владата на РМ што да прават, но менторот им е сеуште голем и силен на учките, па сите се прават на будали! Но, да веруваме и да се бориме да си ја вратиме нераковната , асномска Македонија! А Бесими е права амеба протеус, лично ми беше министерче кое не сакаше никого да прими и да ислуша во својот кабинет, само учките! Но и на нивниот ментор му се клатат работите, па крајот е и за очекување! РАспат и тогаш ние ќе може да прогледаме и да си ја вратиме државата каква што си беше и порано! А за Пендаровци и Бучковци и да не зборуваме, тие дозволија се` во нивно време! Срам да им е!
 
D.R.V.
Eheee da bevme "Banana drzava" ke bevme na konj,ama za zal nie sme "Kora od banana drzava".Mozebi zatoa i tolku mnogu se lizgame.
 
sofi
ubavo sumirano, za nastanite 2001. samo sto, ako ramkovniot se stavi von sila ke treba da prodolzime tamu kade sto zastanavme. toa li e opcija? Mislam deka politickite poeni sekogas ke bidat problem. tesko se gradi sozivot koga celo vreme ednite postapkite na drugite ke gi dozivuvaat kako provokacija i zakana. toa nikogas nema da se smeni i fakt e deka toa moze da bide iskoristeno, se znae kako....kade e tenko-tamu se kine....nisto novo
 
Goran
Само едно не ми е јасно, зошто авторката е толку полтронистички настроена! И во оваква срамна ситуација за нејзината влада која ја брани од петни жили сега ја меша и опозицијата (не ми е јасно Што е крива сега опзицијата?) Јас знам дека авторката знае каде е труло, ама пустата многу и е тешко да изусти т.е. малку отвара уста ама веднаш контра удира по опозицијата цццц. Или имај став кој ќе ја отсликува реалноста или немај став и молчи. А не вака како што вика авторката дуализам па она сега со оваа колумна е најголемата дуалистка во Македонија. треба да си ги среди мислите ако има воопшто и да го лоцира проблемот точно каде е. А сите знаме каде е проблемот, тој е во владејачката гарнитура која ја интересира само да си го наполни џебот а за државата никогаш не ни се секирала. И не ми е јасно како и во овај пат авторката ја најде крива и опозицијата, значи или поима нема од животот или е докажн полтрон што не е далеку од вистината.
 
ставре
Браво Мирка, кажи им го она шо го знаат ама се плашат да го направат
 
Skenda
Mirka veke iskazana i dokazana vo svoite stavovi koi se se samo ne demokratski sekogas so naj vulgarni i naj prosi nacin gi opisuva site pojavi vo drustvoto sto se za diskusija.Koga taa bi bila na vlast uveren sum deka Albancite ke bea potcineti i kako gragani na vtor ako ne i na treti red,Mirka go narekuva Ohridskiot Ramkoven kako gangsterski cin zad koja stoea gangsterskite Evropski drzavi i USA,za nea site se gangsteri,teroristi ami za svojata idea kakvo bi trebalo da lici opstestvenoto i politickoto ureduvanje na Makedonija so podcinuvanje na Albancite e NORMALNO opstestvo,za da se ubivaat otporot kaj Albancite e patriotski cin na policajcite i vojnicite pa i paramilitarnite strukturi,takva Makedonija bi Sakala Mirka ama toj son veke se pretvorila vo dusevna bolest kako kaj nea taka i kaj drugi sto ja podrzuvaat.Imase drugi resenija vo vreme na konfliktot no nie,EU i USA ne sakavme Makedonija da se rasparca,treba da ste srekni za toj golem kompromis,inaku sekogas moze da ve snajde.
 
Kodosh
I po tolku sranja na pastirot, nemoj da ne pravis nedovetni demek nishto neznael vrti suchi vrti suchi Branko e kriv pazi bogati!
 
igor
Popopo, pola tekst za Pendarovski, hihihi, uzas, Mirkeeeee koj e na vlast Mirkeeeeeeeeeeeee?
 
goran
G-jata imala dilema dali arnautite se lojalni ili ne i sega se uverila deka ne se!!!!!!!!!!!!!!I ovaa so vakov akal ni9 prodava m..aa bubrezi sekoj petok,a plebsot svrsuva so Bravoooooooo.Po sto bese poneskandalozno,osloboduvanjeto na siptarskite ubijci,siluvaci..od nejziniot mil Pinokio?i sega ova ja kao iznenaduva.More m.sh u pm.
 
radovanpopovski@yahu.com.
gospoga mirka fala mu na boga i na tvoite zborovi sto go simnaa kamenot sto mi e na srceto i ne mi dava pravilno da disam , mislam i ziveam po ovoj uck incident ne spijam i vo mene vrije ne daj boze da bide nesto decata nema da odat vo vojna tije nemaat motiv no nije postarite si ja znaeme rabotata da im bide na pomos gospod na tugincite i domasnite izmecari
 
Spin master
Toa e taka, no da ne zaboravime deka imase i drugi opcii za razresuvanje na vojnata vo 2001 od podelba na Makedonija do totalna vojna so Albancite cii sto zastapnici na posledovatelnite izbori bea marginalizirani, taka sto Ohridskiot dogovor dobi na nekoj nacin i narodna poddrska preku pobedata na izbori na partiite koi go sostavija. Nikoj ne e zadovolen od toa, no se percipira kako najmalo zlo, vo sporedba so toa sto se sluci vo Bosna. Zagovornicite kako Mirka za drugite opcii treba da bidat podgotveni da gi zalozat sopstvenite zivoti kako i na svoite semejstva, vo sto jas ne veruvam deka se spremni, samo gi podbucnuvaat nacionalisticki orientiranite lugje kon nezadovolstvo, dodeka oligarhijata od site partii i nacionalnosti se bogati na grbot na narodot.
 
Aco
Ova sranje ne funkcionira.
 
крис
ТМРО!
 
mkd
Ednostavno BRAVO.
 
marjan
bravo no sto stanuva so drugite novinari,komentatori, eksperti analiticari kade se dsega da go iznesat svojot stav uste enas bravo. .
 
Spasitelot
gorg robertson ni rekol deka sami sme si go potpisale ramkovniot i deka nikoj ne ne teral. Aj da se najde barem 1 maz od dvete preostanati zivi makedonski pizdi sto bea potpisnici na ramkovniot dogovor i neka kaze zosto go potpisaa. Koja bese ucenata? Seuste ne znaeme sto ke se desese ako ne potpisea. Ama jasno i glasno da kazat. Isto kako gorg robertson i ostanatite svetski skapanici sto bez nikakov usul ne gledaat vo oci i ne lazat site nas i celiot svet. Ajde tandemot branko i ljubco da gi vidam sto mazi se.
 
Борис
И Бесими е мирен кнез од групата мирни кнезови во романот Записи од мртвиот дом на Достоевски.
 
Дејан
Мирка по подолго време со објективна анализа за ПАРОДИЈАТА од Државните институции што ја има Македонија.Фали уште честитка до Генералштабот по повод Јубилејот.
 
Билјана
Добар напис после долго време, ама мала грешка. Не се срамат од ништо ЛИДЕРИТЕ во хортикултурно уредување, како што кажа Коцка пред некој ден. Срамно е и да се стави во иста реченица, лидер и хортикултура.
 
BAKI
Одврти заврти г-нот Љупчо Ѓорѓиески ја кажа вистината многу порано,пак идите на неговото. Не знам смо каде е крајот ако го има.
 
vlade
Kolumnava ima samo eden propust... Mirka go zaboravila Pol Volers i negovata izjava, vo vrska so ovoj nastan...
 
Caki
A bre Mirka a shto da prai Grujo?Ako go razreshi ministercheto se znae deka sekoj petok kje imame protesti...i toa posle molitva!Za zhal zhiveeme vo vreme na tehnokratski fashizam
 
Александар
Одличен текст, така е до точка и запирка. Се благодарејќи на "умерениот и визионерот" К.Г. и таа мифка Б.Ц.
 
mile barcelona
BRAVO!!!
 
Komentator
Pa dali imame sistem i sluzbi velam i jas. Oti vo Gradec lani vo Dekemvri Besimi so oficerite od kabinetot stai venec, potoa vo januari na Seknderbeg Besimi so oficeri stavi venec i sega sme se fatile za Slupcane . Besimi ne ja menil politikata ama nasite sega vidoa i toa so pomos na novinarite. Draga Mirka ubav tekst i poucen za nasite politicari. I da na krajot vidi kakov e KArpalak i vidi kakov mauzolejot vo Slupcane ili Aracinovo.
 
OGNEN
GOS.VELINOVSKA VASATA KONSTATACIJA E SOSEMA TOCNA .MISLAM DEKA I DRZANIOT VRV TOA GO ZNAE NO PO SE IZGLEDA E NEMOKEN>NA SITE MAKEDONCI VEKE IM PRESEDNA .........
 
Zoltan
Za zal Mirke, za golema zal taka e, vo golemo sranje sme momentalno, zalosno...
 
angele.Bern
Bravo Mirka,nikoj nisto ne prevzema(pretsedatel,premier)site kjutat.Vo normalna drzava smesta kje bese razresen i kje se otvorea milion debati za toa kako nikogas povekje da ne se sluci vakvov ili slicen sram.Golemo ponizuvanje e i izjavata na pendrakot toest sdsm koi po koj znae koj pat ne bodat u grb so deluvanjeto koe lici na se samo ne na obedinuvanje.pozzz
 
Љупчо
Уште на колку работи ќе бидеме сведоци за да сфатиме дека сме банана држава.
 
Охридски
Одлично дијагностицирање на состојбата во која е Македонија. "Политичкиот албански корпус во Македонија не е лојален на Македонија туку на сеалбанските интереси" - In medias res! Замислете дали може во некоја европска земја терористи да ја нападнат, па се потпишува гангстерски договор рамен на капитулација! И уште некој министер им оддава почит на крвниците и за нив се бара пензија! Овој филм не може ни во научна фантастика. Еееејјј!! Замиспете да направиме филм со целиот тек на настани, војната и сите злосторства што ни ги направија албанците и нивните непрестајни барања, па да го прикажеме во европските земји. Знате што? Веднаш ќе го забранат заради кршење на сите етички норми и ужасно чудење што досега поднесла и поднесува Македонија!! Се додека нашите се меки и нерешителни не одиме напред. Овој преседан да се случеше во било која европска земја, тој бедникот од министер ќе беше чиста среќа ако не го линчуваа граѓаните на патот од кабинетот до судската зграда!
 
Ilija Risteski
Bravo!
 
NIN
Па Мирке ево јас собрав храброст и велам „ова срање не функционира“.
 
Драги
Толку коњи поставија, а Мирка на ниту еден не ја качија! За срамота. Жената заслужи да се качи на коњ!
 
Маријан
Боли сестро, многу боли!!!
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski