Имаме и македонски костими за капење ама купуваме странски


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Фросина Димеска
Духот на рамковниот договор не е во бројките
Духот на договорот всушност беше поинаков од бројката на вработени Албанци во администрацијата која последниве години се фаворизира како главна вест поврзана со потпишаното во 2001 година, што наиде и на критика од странците. ...
 
Кирчо Арсовски
Има ли нешто вистинито?
Можат ли луѓето од агенцијата да ми дадат седум илјади евра за да испитам зошто некои мои комшии носат очила, а некои не? Добро, не мора седум, нека бидат пет. Можам да испитам и зошто чуваат шарени, а не црни мачки. Зошто ...
 
Зоран Ќука
Џони Тафта и „предавниците“ од мојата чудесна Македонија
Кој е следниот за отстрел? Чија душа треба да се земе. Или сите заедно топтан во Идризово и таму мислете му ја што сте згрешиле. Но зајакот веќе не лежи само во застрашувањето, ами и во одржувањето дисциплина во сопствените ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Ние сѐ уште сметаме дека домашното производство е понеквалитетно од увозното, а грешките на увезената стока многу полесно се толерираат отколку на домашниот производител, вели Маријана Перковска од „Санда“

 
 
  

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО ПОТЦЕНЕТО


Подготовката за изработка на пробен модел за костим за капење одзема најмногу време. Потребно е да се усогласат шаблоните и да се приспособи на табелата за величини. Особено е комплицирано вклопување на горниот дел од костимот за капење, кој се состои од повеќе ситни делови и секој треба да одговара со соодветното парче. Потоа доаѓа процесот на кроење и шиење. И на крајот е контролата, која не смее да дозволи неисправен производ да се најде на пазарот.
Накратко ова е начинот на производство на костимите за капење во компанијата „Санда“, една од ретките на македонскиот пазар што се занимаваат со производство на костими за капење.

Тинејџерите сакаат
странски брендови

Основна дејност на нивната фирма е производство и продажба на женски хулахопки, чорапи и доколенки, а од 2001 година производството се прошири и на женска долна облека и на костими за капење.
- Со производство на костими за капење почнавме да се занимаваме за да пласираме на пазарот производи од домашно производство со добар квалитет и прифатлива цена за нашиот стандард - вели Маријана Перковска од „Санда“.
И покрај тоа што компаниите за производство на костими за капење се вистинска реткост кај нас, граѓаните многу малку купуваат костими од домашно производство. Тие ги претпочитаат странските брендови како „воман сикрет“, „калцедониа“, „пенти“, „сара фешн“, „екстрим интимо“, „лиска“...

Нема правила,
вкусовите се поделени

- Поради нашиот менталитет сѐ уште се смета дека домашното производство е понеквалитетно од увозното, а грешките на увезената стока многу полесно се толерираат отколку на домашниот производител. Свеста дека со купување домашен производ сами си помагаме сѐ уште не е на потребно ниво. Може да се каже дека средната генерација многу повеќе е наклонета кон купување домашни производи, додека тинејџерите претпочитаат увозни костими за капење - вели Перковска.
Некои од моделите за костимите за капење на „Санда“ се резултат на соработка со странски дизајнери, но главно тоа се модели што се прават во сопствената моделарница по пример на модните трендови во Европа.
- Преку Интернет и социјалните мрежи редовно ги следиме светските трендови. Во време на глобализација и Интернет многу брзо се шират и се менуваат модните трендови, така што може да се каже дека некоја строга линија или тренд воопшто и нема. Материјалите ги набавуваме од земјите од Европската Унија, но претежно од Турција - додава Перковска.
Побарувачката зависи од вкусовите на нивните клиенти.
- Нема правила, вкусовите се поделени - едни сакаат практични, други модерни, но во секој случај дводелните костими за капење се многу попродавани од едноделните, кои се модерни костими за капење оваа година. Во мода се живите бои, црно-белата комбинација, шарени дезени, а како модел оние без прерамки. Корпата е актуелна кај младите иако не е многу практична - објаснува Перковска.


Трендови за лето 2013


За разлика од облеката, трендовите кај костимите за капење се менуваат со побавно темпо, но пред да го почнете безгрижното уживање на плажа, не пречи да знаете кои стилови ги диктираат модните тенденции за 2013 година.

Разиграни реси
Нескротливите реси се пикантен и егзотичен детаљ што завладеа на модните писти. Дизајнерите ги искористија кај горниот дел на бикините, но и за акцентирање на деколтето кај едноделните костими. Најдоброто кај ресите е што визуелно ги зголемуваат градите, па се совршен избор за посексапилна и поженствена фигура. Избегнувајте ги ресите на проблематичните заоблени делови од телото. Имате широки колкови? Ресите нека ги украсуваат градите, но не и колковите, за да ја балансирате формата.

Тропски принтови
Тропските принтови асоцираат на лето и забава и очигледно ниту една сончева сезона не може да помине без нивното присуство. Цветни и егзотични дезени ги прават пошармантни костимите во различни стилови.

Ретро-вибрации
Ретро-костимите за капење неколку сезони ја враќаат модата од 1940-тите и 1950-тите години, кога жените се фокусираа на истакнување на женственоста на телото. Висок струк кај бикините, точкест принт и едноделни костими во старински стил ја враќаат на сцената ретро-магијата. Ве загрижува мекото заоблено стомаче? Бикините со висок струк се решение за вашата главоболка. Не само што ќе се чувствувате комфорно туку и ќе изгледате модерно.


 

 
   
Автор: Сања Јачевска  
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 409          Оценка: 3,8  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Горан И
Значи дека, или слабо ги рекламирате или дезените и материјалите ви се слаба страна. Јас на пример со задоволство би купил македонски гаќи за капење, арно ама .... кај да ги најдам ??? ЕЕее тоа е проблемот. И уште нешто, ако младите сакаат бренд, тогаш вие и не ставајте бренд на производот, туку направете го поефтин .. па јас мислам дека сите ќе го купат, ако е материјалот убав и дезенот или бојата прифатлива, пример за машко, црна, тегет, темно сива ... ете, тоа е тајната.
 
Tina
Prvo i posledno, momite na slikite se brutalno ekspozireani, bez pochit. Drugo, e toa shto imame nashi produktivni sredstva a gi kupuvame stranskite produkti. Toa ke ne unishti. Site zemji se borat da kupuvat domashno proizvodstvo, a sme prinudeni of frugi zemji da sorabotuvame so nih i da kupuvame nijni izrabotki. Zoshto tie ne gi kupuvat nashite ? Pa da ima nekoja balancija. Inaku nashite proizvodi im pomagat na nashite lhuge. Mer toa ne im e jasno na Makedonskite gragani? Ideja: Moze bi Turistite ke gi kupuvat nashite proizvodi? So malce reklama moze da se pomogne na nashata ekonomija.
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski