Администрацијата нервозна поради новите правила


Други вести
Највести
  • Читани
  • Коментирани
  • Оценувани
Коментари и дебати
Катерина Нешкова
Процедурата не смее да застане
Дури и граѓаните што му ја доверија власта на Груевски по трет пат и тоа токму поради неговото 24/7 темпо на работа, не очекуваа дека неговите зборови „веќе од утре почнуваме со работа“ значат дека поради работата ќе трпат Уставот ...
 
Венко Андоновски
Името на убавината
Историјата на поимот „убаво“ во првите децении на 21 век е очигледно продолжение од последните децении на 20 век: целосна деградација, обезначување на зборот, негово масакрирање. Прашајте се кога, на кое место и по кој повод ...
 

Универзитетот на светите Кирил и Методиј (3)
Веројатно Македонија е единствена земја во која студент запишан со максимум поени од државната матура или студент со просек над 9,5 плаќа партиципација во државната квота ...
 
 Печати | Прати ја страницата | Врати се назад
 
 

Новините за администрацијата отворија многу дискусии за тоа дали таа навистина ќе стане професионална или партиска војска и верно гласачко тело

 
 
  

Државните службеници веќе не се претпочитани клиенти во банките

Новите законски правила за вработување во јавната администрација, како и за останување на работа во тој сектор ги направија нервозни административците и оние што сакаат да станат дел од нив.
Тестовите што ќе треба да ги полагаат идните државни административци за да добијат едно од најпосакуваните работни места во државата ги испаничија и оние што се веќе дел од државниот апарат, бидејќи и тие ќе треба да одат на испит и да добиваат оценки за да останат на работа со државна плата.

Додека административците се под стрес и шпекулираат, експертската јавност е скептична околу тоа дали сме способни и дали сакаме да создадеме професионална администрација и колку новините значат можност за партизација, а колку за кастрење на превработеноста во овој сектор.

Пробна работа, краток договор


Во Македонија има околу 10.000 административци за кои ќе важат нови правила, но и околу 27.000 здравствени работници, кои се дел од јавната администрација, за кои исто така ќе има построги норми при работењето. Во министерствата, кои се главниот дел од државната администрација, стравот изроди низа шпекулации. Се говори дека ќе се укинат договорите на неодредено време и ќе се заменат со договори на шест месеци или на една година. Експертите претпоставуваат дека шпекулирањето потекнува од новината, која вели дека административците ќе бидат оценувани од своите раководители, а двапати годишно ќе полагаат и тестови за она што го работат.

Тестовите, објаснува Драган Гоцевски, асистент по управно право на Правниот факултет, ќе се полагаат кај раководителите. Административците ќе се оценуваат со: „се истакнува“, „задоволува“, „делумно задоволува“ и „не задоволува“. Во исто време, оние што ќе почнат со работа во државната администрација прво ќе бидат на пробна работа.

- Измените на Законот за државни службеници велат дека по три едноподруго лоши оценки или по три лоши оценки во пет години, службеникот може да добие отказно решение - вели Гоцевски.
Новите правила, кои беа донесени за да добиеме професионална државна администрација, ја прават построга и постапката за нови вработувања. Нашиот соговорник ги објаснува чекорите до ново вработување за државна плата. Така, прво, органот што вработува треба да има испразнето работно место. Потоа, од Агенцијата за администрација бараат дозвола да распишат оглас, а агенцијата проверува во Министерството за финансии дали има пари и простор за уште еден вработен, но и дали навистина постои простор за работно место. Откако агенцијата ќе даде зелено светло, се распишува оглас во два весника, од кои едниот треба да е на „јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, различен од македонскиот“.

- Оние што ќе се пријават на огласот полагаат тест во Агенцијата за администрација. Таа прави ранг-листа од пет кандидати, кои одат на интервју, а полагаат и тест за интегритет и психолошки тест. Потоа се избираат тројца кандидати, од кои се избира еден. Вака треба да изгледа постапката за сите вработувања што се прават со почетокот на оваа година – објаснува Гоцевски.

Кандидатите избрани на конкурсите, без разлика на тоа дали во огласот стои дека се бара вработен на неопределено работно време, прво потпишуваат договор за пробна работа, на шест или на 12 месеци. Во текот на тој период треба да добијат добри оценки од раководителот и да поминат на тестовите, за потоа да потпишат договор за вработување на неопределено време. Тестовите ќе се полагаат онаму каде што работат, пред раководителите, но ќе се подготвуваат со Агенцијата за администрација. Токму оценките на раководителите и тестовите го шират стравот кај административците.

Тие тивко зборуваат дека со тоа раководителите добиваат преголема моќ и дека со тоа може да продолжат вработувањата по партиска линија и на работа да се задржат само „подобните“.

Чаре за вишокот вработени?

Новините за администрацијата отворија многу дискусии за тоа дали таа навистина ќе стане професионална или партиска војска и верно гласачко тело. Неодамна, пред изборите, министерот Иво Ивановски ги отфрли наводите дека административците ќе бидат злоупотребени за мобилизација при избори од страна на политички партии.

- Не се согласувам со ова бидејќи пробното вработување е исто така важно. Со измени на закони сметаме дека во администрацијата ќе се раздвижат работите. Сакаме администрацијата да биде услужно ориентирана – рече Ивановски во март.

Експертите за управно право велат дека новото законско решение овозможува фер услови за работење на администрацијата, но само доколку фер се спроведува. Гоцевски вели дека е многу значајно прецизно да се дефинираат описот на работното место и задачите на работникот.

- Суштината на проблемот лежи во „описот и пописот“ на работното место. Кај нас тоа се прави многу општо, не се прецизираат задачите, па се отвора простор за злоупотреба или мобинг. Тоа не би било страшно доколку секаде имаме доблесни раководители. Така службеникот се става во ситуација без правна заштита – вели Гоцевски.

Проф. д-р Темелко Ристовски вели дека новото решение може да биде простор за намалување на администрацијата.

- Ние имаме многу вработени во администрацијата. Мора да се бара решение да тој број да се намали. Тие вработени не може тукутака да се избркаат, па власта мора да бара чаре. Мислам дека ова е решение за намалување на администрацијата. Многу е битно сé што ќе се прави да биде објективно – вели Ристовски.

Професорите се сомневаат дека оценувањето на вработените може да биде апсолутно фер.

- Субјективноста никогаш потполно не може да се отстрани. Затоа треба да дојде до израз етичкиот момент – додава нашиот соговорник.

Од Министерството за информатичко општество и администрација велат дека за секое решение или одлука постои можност за жалба пред независен и самостоен орган, во случајов Агенцијата за администрација. А и доколку постои незадоволство од одлуката на агенцијата, тогаш е предвидена можност со тужба да се бара судска заштита.

- Во врска со мобингот, се применуваат општите прописи за работни односи. Секој државен службеник може да поведе спор во согласност со одредбите на Законот за работни односи, во кој е регулирано психичкото вознемирување на работно место - велат од Министерството.

 

Како се станува државен службеник?
- треба да има испразнето работно место
- мора да се добие дозвола од Агенцијата за администрација
- мора да положите тест во Агенцијата за администрација
- треба да одите на интервју
- се полага тест за интегритет
- се полага психолошки тест
- потпишувате договор за пробна работа на 6 или на 12 месеци
- за пробната работа ќе ве оценуваат и ќе ве тестираат
- ако поминете, ќе потпишете договор на неопределено работно време

 

 

Борче Давитковски, декан на Правниот факултет

Бесплатно нудиме фер тестови
 Професорот по управно право и декан на Правниот факултет, проф. д-р Борче Давитковски, смета дека новините за државната администрација би биле добри ако доследно се почитуваат.
- Знаеме како кај нас се влегува во администрација. Оценките и тестирањата, сепак се некоја проверка, па за една година оние што се на пробна работа нешто ќе научат - вели Давитковски.
Тој смета дека административците треба да полагаат тестови што ќе ги подготви независна комисија.
- Се нудам бесплатно да им ги направиме – вели професорот.

 

 
   
Автор: Наташа Бошковска -Златкова   Фотографија: Дарко Андоновски
 
   
   
   
     
сподели на пинг    
 
   
Веста е прочитана: 2198          Оценка: 3,32  
   
    Оставете коментар

Правила за објавување на коментарите
 
   
Sveto
Se dodeka ima nevrabotenost od preku 30 posto vaka ke bide so site drzavni sektori.KONKURENCIJA na rabotni mesta.Pazar na trud............
 
belomorec3
Sto se glupira prof.Davitkovski.Dali toj znae,kako se pripremaat prasanjata za ispitot vo Agencijata,odnosno deka prasanjata gi priprema institucijata koja go objavuva oglasot i toa veke nekolku godini funkcionira.A dali prasanjata ostanuvaat nepoznati za kandidatite,ttoa e mislovna imenka.Dali nema potkazuvanje na samiot test,vo toa nikoj neka ne bide naiven.Deka ke stimaat ocenkite,poveke od sigurno.Kandidatite vraboteni po Ramkovniot dogovor,pri eventualno fer ocenuvanje,nemaat sansa da go polozat testot.Toa e vistinata.Dosegasnoto iskustvo ukazuva deka nema oglas za vrabotuvanje koj ne e namesten.Realno vrabotuvanje i ocenuvanje moze da otpocne samo po zavrsuvanjeto na vrabotuvanje po Ramkovniot dogovor i partiskoto vrabotuvanje.Za zal taa e vistinata.Zatoa treba da im se kaze EU deka vo narednite nekolku godini da ne davaat ocenki za vrabotuvanjeto vo drzavnata i javna administracija,kako i kvalitetot na istata administracija.Tie ni ja svarija ovaa mandza.
 
Edi
Konecno i Makedonija faka cekor so svetot, dosta bese klati vrata zemaj plata... Tesko ke im dojde na lezacite 'revjuto' na rabotata, a sto e najnormalna rabota vo celiot svet so isklucok na grcija...
 
Nata
Testovite se cista mestaljka. Nema da uspee da gi polozi nitu profesor Davitkovski. Samo toj sto gi ima dobieni odgovori moze da go polozi ispitot. Zosto malku ne se pozanimavaat so toa. Sekoj pameten covek so normalen koeficient na intelegencija moze da nauci se ako saka.
 
Makijaveli
Секако дека има непрофесионална администрација, но тоа со тестовите е стварно смешно, замислете студент полагал пред проф. Давиткоски, пред проф. Камбовски и ке го оценува неговиот шеф кој е неписмен, тазе вработен од маалскиот штаб, па ми иди да земам да си ја сокинам дипломата...какво понижување...
 
kiki
Ние сме чудна држава. Професор Давиткоски нуди тестови за студентите кои завршиле на неговиот. СМЕШНО! За вработување треба: дозвола од Агенцијата, тест во Агенцијата, интервју, тест за интегритет,психолошки тест?! ЗОШТО ДРЖАВАТА НЕ ИМ ВЕРУВА НА ОБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ. Затоа отвори факултети во секое село за сега државата со Давиткоски ке ги оценува квалитетите. Што значат дипломите по европски терк. Служат како виза за да може државата да ве тестира? Навистина жалосно. После 5 години студии ( пример на парвни на УКИМ ) да дојдете кај своите професори да ве тестираат. Па кој ви ги напиша кредитите и оцените. Тие што треба да ве тестираат. Среќна 45. Воведете курсеви и така не ги признавате дипломите. Како Давиткоски не се срами да ги тестира студентите што полагале кај него. Или мисли да ги тестира само тие што не полагале кај него. Браво професоре. Ибаво ПРАВО ни предлагате, за нас ВАШИТЕ студенти. Многу ВИ благодарам за 10-ката што ми ја напошавте. Човеку таа е моја заслуга со труд.
 
Горан
Најлесен метод за ефикасна администрација е да се воведе закон со кој се прекинува работниот однос и се укинува целата пензија за оние што примиле мито. Така тие што работат, било на шалтер, било како судија, доктор, професор итн., од страв да не ја иагубат пензијата што им се уплаќала со години, ќе си ја вршат работата ефикасно и доследно, а верувам и поревносно. А тие што не ги интересира работа, најверојатно самите ќе си дадат оставка.....
 
Горан
Пак тие што се со партиски книшки, нема да имат проблеми..
 
Штипјанец
Проф.Давитковски е тотално во право,за оценки, тестирања,пробна работа,тестови ,,што ќе ги под готви независна комисија,,...Едно сте заборавиле професоре,тестовите да се полагаат пред независ на и компетентна комисија од искусни професори Пред кој-и да полага административец со 27-28 години работно искуство,владее со 3 светски јази ци(без српски,хрватски,бугарски,руски...)поминал семинари,има проекти!.Пред раководителот-чето ,кое директно од клупа,или со 1-2 години работен стаж е лоцирано на фотеља со партиски катапулт и замислува дека знае,буквално СЕ и дека светот почнал од него.
 
boba
komunjarot davitkovski, mozebi ima i testovi za bremenost besplatno, moze da im gi podeli prvo vo SDSFYROM
 
stevo
Za kakva profesionalizacija zboruvate? Otkako se pretrupa administracijata so nepismeni partiski vojnici, sega niv ke gi profesionaliziraat?!!! A onie koj ja znaat rabotata se uste ke bidat nevraboteni. Znaeme site kako se polagaat testovite. Agencijata za drzavni sluzbenici e leglo na nezakonsko rabotenje: kandidatite sto ke go pominat partiskiot filter na kadrovskata komisija na DPMNE, i za koi se raspisuva konursot, gi dobivaat prasanjata odtestot odnapred!! Ispitajte i ke proverite deka e ova tocno. Vtora varijanta e na samiot test, vraboten od institucijata da stoi nad kandidatot i da mu sepka koj odgovor od trite ponudeni e tocen. Na krajot, na samoto intervju, najdobrite kandidati dobivaat minimum poeni, za da moze na ovie nepismenite kadrovski resenija da im se dade maksimum na intervjuto i potoa kobajagi procedurata da bide zakonska i transparentna. Ne znam uste koi se metodi na izmami ke gi smislat vo PR stabot na DPMNE, no edno e sigurno. bez partija nema rabota
 
Zagor
prikaznata e sledna: mi doagja ona uplatnicata za RDT,so kraen rok na uplata veke izminat za eden den,a kamata za docnenje 0,03%.ja plakam vo Komercijalna Banka,trosis /14 od zivotot pos alteri,taa tamu ne znae zosto se plaka 17 denari.od tamu odam vo podracnata edinica na Min.za finansii,ODGOVORNIOT,koj vo isto vreme pecatirase "pecati" go prasuvam zosto se plaka 17 den? od tretiot pat se odvza.prasanjeto e.TREBA LI DA SE ODI PO INSTITUCIITE SO BEZBOL PALKA?
 
 
  Powered by Dejan Jovanovski